Не знам зошто сите имате толкава одбивност за компромис и толку лоша слика, ко на Господ бељата да е.
Мислам дека е очигледно дека погоденоста на партнерот (колку ти е по ќејф пред почетокот на врската, до кое ниво и во кој правец се развивал пред да се сретнете) е обратнопропорционално со бројот на компромиси и степенот до кој ќе треба да се смениш во текот на врската.
Очигледно ми е и решението - ќе си го одбереш тој што мислиш дека најмногу ќе ти одговара. Овде мислам на ситни недоразбирања кои би можеле да се јават - места за излегување, вкус за музика и филмови. Мене на пример, овие работи ми се многу битни, не можам да одам со некој батулец кој слуша рок (ама под тоа ги подразбира тралалајките кои ги свири секој тезгарски бенд низ Македонијава и плус екс-ју, да не заборавам) и плус дома, сам, за свој ќеиф слуша whistle од flo rida и што и да е во шема денес и не му е познато чувството да се наежиш од добар глас и солиште, освен од девојче кое се појавило на Идол и изненадува со својот глас.
Не дека осудувам некого, само велам дека ако не можам со партнерот да седам и едноставно да уживам во добра музика со сите марифети или не дај Боже да ми рече дека Пинк Флојд биле досадни, маф е работата
А доколку има забелешки за мене, или јас за него - еве, едноставен пример - да се откажам од пушење, ќе знам дека е за мое добро и ќе ми дојде како поголем поттик да успеам. Тука веќе треба и да си човек, ако му смета чадот, да си разбран, да намалиш, да излезиш надвор, да не му дуваш в фаца, нема да пецниш за цигара до толку за да се понашаш ко животиња.
Овде нормално зборувам за нормален човек кој нема да ти постави ултиматум - јас или цигарите.

)
Исто, муабетот со менувањето на однесувањето сингл и во врска. Па фала Богу нема да бркаш други, зошто би бил во врска воопшто ако ти дошло до тоа. Овде исто мислам на стабилни личности кои ги поминале филмовите „сакам да си изживеам“. И јас сум ги поминала, и не толку одамна.

Да не биде како една случка, нека ме изневерува, ама пред мене подобро, а не зад грб. Па зошто да те изневерува воопшто, жити Бога?
А за излегување со другари, дружење со женски, карање за погледи кон други девојки, лајкови на фејсбук, тие караници ми се банални, а девојките и машките кои се лутат за тоа ми се несфатливи. Па што ако се фрустрираш за тоа, можеш само да го натераш партнерот да бара утеха кај друга, ќе си рече кој ја тркала оваа мојава што кокодака и ми се качува на глава, дај да си поминам поубаво со опуштена девојка која нема да ме замара. Ако сака да изневери, ќе изневери, напрегала се ти или не.
Се' на се', добро одбран партнер, колку што е можно опипана ситуација за да знаеш во што се впушташ и „бидување“ разбрана, културна и отворена личност што знае да разграничи што треба, а што не треба да се прави и прифати е клучот, ништо тешко и страшно не е.