Фан Клуб: Интер

Има некој хајлајтс од утакмицава, неможам да најдам на youtube. Не ја гледав. :(
 
За нас е добро Наполи да тепа. Јувентус е лидер и колку повеќе екипи го бркаат, толку повеќе ќе се зголемува притисокот врз нив. Вака, Наполи ќе усере нешто, ние ќе усереме нешто, Јуве ќе добие частење таму и онаму и готово е првенството.
 
“I thought a midfield with Gaby Mudingayi, Walter Gargano and Esteban Cambiasso was the best way to approach Bologna. I knew we had to keep Alessandro Diamanti quiet, so would do that by sending him into the areas against Javier Zanetti and Walter Gargano.”

Си ја погоди Страма денес, колку и да не ни одговараше нам тој состав, 1-3 гости, во ниту еден момент трите бода не беа ставени под знак прашалник, тоа е тоа, не е ова лесно гостување така да убер задоволен сум од приказот на сите инволвирани у тимов денес, од тренер до играчи, башка влегоа во мечов со 7 бода негатива која сите видовме како се издеси па не е лесно во такви услови да се игра, притисок плус е ова за тимот.
 
ranokia%20golema.jpg
 
Syn

Убаво кажа ти прошло коло со Катанија, коа го стави Оби да го чува тој тркачот т.е. дека тренеров наш спрема цела формација специјално за еден нивни играч.

Е сеа не дај боже да играме со Барса, нема да знаат нашиве кого попрво да фатат. (нормално дека нема да играме, нели). Каде со таа теорија... Повеќе гледаме да не примиме гол... Е сега нема вечно да имаме среќа и да даваме вакви голови ко што даваме.

Не знам дали ти текнува на муабетот за со Милан, дека никад немаше да примиме гол. Денес истото го мислеше? Факт е дека добро игра одбраната, нема збор. Ама језиви ми беа тие нафрлени топки, а и прав шпиц ко Џилардино (со еден потег гол што знае да даде, поготово по центаршут).
Мене искрено нозе ми се тресеа коа нафрлуваа...

3 бода си се 3 бода, добро е 3 гола дадоа. Првпат сезонава?! Имаме некад дадено 2 гола, а по некоја случајност тоа да биде на иста утакмица? : )
 
Море, ве средува Страма полека полека. :icon_mrgr:
Само ви фали Снајпер на средина. И да видиме против некоја јака екипа(не некоја како Милан) како ќе се покаже Интер.
 
Па добро, со екипа што има само еден играч во средина нормално е да одиграш на него. Гледаше Хрватска - Македонија во Загреб, Вукојебич направи преку 10 фаули над Пандев. Тоа нас ни фалеше со Фиорентина и со Милан, ги остававме да си прават што сакаат, сега барем играме на некого. Немам никакви забелешки за денес.
 
Ако е Болоња тешко гостување, кое е лесно :D

Џилардињо и порано беше слаб напаѓач, сега е уште послаб, го нема он тој сенс на Пелисиер и остала багра италијанци кои од нигде никаде можат гол да дадат.
--- надополнето: 28 октомври 2012 во 19:28 ---
Море, ве средува Страма полека полека. :icon_mrgr:
Само ви фали Снајпер на средина. И да видиме против некоја јака екипа(не некоја како Милан) како ќе се покаже Интер.
Па не знам колку ни фали, не знаеме да играме со Снајдер последниве сезони, наместо да го искористиме целиот потенијал на Снајдер, ние го задушуваме.
 
жабава и жуан хесус се зверови, ама со тројца штопери формација никако неможам да замислам да имаме успех.
 
жабава и жуан хесус се зверови, ама со тројца штопери формација никако неможам да замислам да имаме успех.
Мое мислење е дека играме со тројца стопери затоа што немаме доволно квалитетни фудбалери за да играме 4ка назад. Ова е најсигурната опција во моментов, имаме тројца кои знаат што прават. Да го имавме Маикон ќе беше друга приказна. Вака догодина ако се купи нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom