Одличен старт на првиот дел. До 30та минута Манчестер беше далеку подобар и сосема заслужено водеше 2 разлика. Потоа ептен им дозволија на Челзи да ја држат топката. Тотална доминација на Челзи во последните 15 минути и дури треба да сме среќни што не е нерешено. Не треба да им се дозволи така да играат. Челзи има брзи и технични фудбалери со кои нашата очајна одбрана тешко може да се справува. Ем од прекини се ептен опасни. Де Геа направи фантастични одбрани, направи и еден кикс, ама се искупи во истата ситуација. Руни го има насекаде буквално, ама искрени да сме, тој ја заеба при голот на Челзи. Ај што ја изгуби топката од Хазард, ама па и фаулот му беше ептен неинтелигентен. Како живците да ги изгуби на момент. Се знаеше оти од таму кога шутира Мата е 90% гол. Како и да е, се надевам ќе се смират и ќе се одморат на полувремето и во второ ќе почнат да играт како првиот пола час од мечот. Клеверли ми е малце изгубен, ама да се надеваме оти ќе се среди. Моментално ништо не е сигурно. Фати им ја топката, трчај и тие се слаби во одбрана. Лесно може да дадеме уште еден гол. Само да играме како на почетокот. ГГМУ!