Добро ај жити бога кај пишав дека очекувам успех преку ноќ,кога убаво пишав дека требаше и да се почека со влез во АБА лига дека после една успешна сезона не требаше да се брза одма.
А тоа дали МЗТ победува или губи мене не ми прави никаква разлика ,али инвалидскине појачувања кои не знаат да пренесат топка преку центар не па да нападнат кош е мазохизам да ги гледаш на терен.Посебно кога ќе се земе во предвид и дека се сосема солидно платени.Тоа што они го прават може секој втор плеј од Македонска лига да го прави ( да губи по 20 топки по натпревар ) додека Огнен и Марковски спијат на клупа.
А Бакич и Игор се највеќе криви дека он нив почнува се.Не може твојот плеј да ја фаќа топката со две раце чим помине центар ,или да се вртка лево десно околу кош како Игор и да очекуваш остаткот од тимот некако да направи нешто.Па тренерот на Црвена Ѕвезда да го оставеше Цвеле на терен ќе не тепаа 40 разлика,не можеа со очи да го следат во одбрана не па со тело.Тотално изгубени во простор.Таман ги стигаме и Бакич ми губи 3 топки во ред.Игор ми седи со топка 16 секунди во раце или се вртка лево десно и 8 секунди пред крај му ја дава на Гечевски кој е дојден за блок и веднаш се крие позади противнички играч.
Види ја само статистикава
Бакич 20 минути на терен 2 поени од 2 обида ( само 2 пати тргнал на кош ) и има една асистенција и 4 изгубени топки
Игор 17 минути на терен 2 поена од 3 обида
Значи двата главни плејови кои се странски појачувања имаат вкупно 37 минути на терен и имаат 4 поена вкупно и 5 пати шутнато на кош.
Марковски Горан за 11 минути ( иако не знам од каде 11 минути он на терен помина ) има повеќе поени,повеќе обиди,и исто асистенции со Бакич.Огнен за 12 има повеќе поени од Бакич и Игор заедно
Цел натпревар имаше ЕДНА АКЦИЈА.Грнчаров-Чековски се друго беше индивидуални акции на центрите и крилата или поени од втор обид после наш промашен шут и офанзивен скок.
Гледам го кажа само Дамјан ај види ја статистиката и на Дејвис он има 2/7 за 3 и 10 поени вкупно,Дамјан има 0/5 и 4 поени вкупно со тоа што Дамјан има 4 скока повеќе и блокада.
Тоа се меѓу нив двајца 12 шута за 3 со се тие на Гечо шест шута тоа се 18 шута од кои само 3 влегле од тие 18 3/4 беа од неизградени позиции и дека немаше никаков друг избор освен шут дека плејовите се кријат позади противнички играчи да не им биде дадена топка или му ја дава 5-6 секунди пред да истече време ( овакви Гечо највеќе мораше да шутне ).
Ако ти цела игра ја базираш на шутот на двајца играчи Дамјан и Дејвис тогаш подготви се за многу многу порази.Да на нив ќе им тргне еднаш двапати како што и трга на секоја шутерска екипа али не може да им трга секоја вечер.А кога нема да им тргне ќе го имаме вечерниов резултат а тој е загуби накај 10-15 разлика зошто плејовите не би можеле да проиграат играч и да е празен теренот.
И за крај те молам немој без тие глупостите "Јас ќе го бодрам тимот и ако губи " зошто тие приказни продавај му ги на некој друг,овдека се губи зошто некој не си ја сработил добро работата и треба да им биде ставено на знаење ,а не да си играат играчки и да ми бараат тренери и спојуваат тимови во полн ек на сезона.