Ме касна куче, а докторите ме пратија да го уловам...

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Јас да бев ќе го нашибав докторот........туку шо да го нашибам, ќе ми дојди после дома на врата оти од полиција му рекле да го донесе ,,натрапникот" кој го нашлакал. Од друга страна можеби е подобро, место да се срамам пред комшиите со комбе да ми дојдат. Еј види кој синџир на поврзување во практика
 
Епа тоа го одредувал законот, така пишувало во нешто што некој во државава го нарекува закон

Не верувам, таква законска норма би била апсурдна. Можеби е лошо толкувана.

А како те касна кучето? Уз игра или? Дали ти го закачаше претходно? Дали кучето беше необично агресивно? Како се случи?
 
Другар куче е бе не е човек па судски процес сеа да се тера, па и да дава изјава со сведоци.

Улично куче ја каснало и требало да ја згрижат, енд оф.
 
Пред неполни 3 часа ме касна куче во сред центар. Веднаш отидов во градската болница, таму ми направија преврска и ми дадоа упат за во државна болница е тука почнува револтот. Влегувам таму нема ниту доктор ниту жива душа доаѓа еден студент и ми вика ништо ќе одиш да го бараш кучето му викам како да го барам ми вика така му реков има ли тука доктор може ли да дојде некој и и се јавува на таа доаѓа и почнува да ми вика ( сум ја прекинала во некоја кафе дискусија ) што да ти правам јас сега и викам вие мене каже ти ми што јас да правам ништо ми вика иди најди го кучето и јави се на ветеринар да дојде да го види и викам а кучето ќе стој таму и ќе го чека веретинарот да дојде да го види и што ако случајно повторно ме нападне ми вика па што јас да ти правам сега тебе имаш 24 часа и тоа е тоа. Каков е овој закон, каквов е тој однос доктор-пациент? Колкави се шансите на површина од 50км да пронајдеш куче скитник? Срамно е и жално, бедно и патетично каков третман добиваат пациентите од оние во кои што го гледаат единствениот спас..
Ејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј не си играј мајтап и батали на форум овие што ти се смејат ситуацијата е сериозна.
Доколку кучето има беснило а ти не примиш вакцина тогаш ќе умреш од беснило нема лек доколку не си вакциниран претходно.
Кажано ти е да идеш да го најдеш кучето за да се утврди дали е бесно или не. Доколку е бесно тогаш ќе ти стават вакцина доколку не е тогаш нема.
Ако не го најдеш кучето тогаш мораш да примиш вакцина!
Цената на вакцината е околу 60000 денари значи многу го кошта здравството затоа не се дава без да се провери дали кучето е бесно или не е. Тебе нема да те кошта ниту денар пошто е покриено се од фондот за здравствено осигурвање.
Вакцината ја примаш неколку пати во текот на месец дена и често пати е проследена со температура и треска но мора да ја примиш!
 
Иако е кучето скитник, тоа мора да има ушна маркица, што значи дека во Вардариште треба да има број за тоа куче, со документација дали и кога е вакцинирано. За среќа кај нас сеуште нема урбано беснило(освен случајот со мачката и уште еден мислам дека беше) што значи дека сега за сега нема опасност од беснило. Лекувањето е скапо,серумите коштаат многу пари, и мислам дека треба превентивно да примиш само вакцини притив беснило во неколку дози(ова го знам затоа што асистентката на факултетот што работи со беснилото задолжително мораше да ги прими), серумите се даваат само во случај на појава на болеста. За тетанус би требало да примиш вакцина, мегутоа ако е површна раната ке ја миеш со млака вода и сапун, ова го знам затоа што досега ме имаат касното 2 германски овчари.
 
Не верувам, таква законска норма би била апсурдна. Можеби е лошо толкувана.

А како те касна кучето? Уз игра или? Дали ти го закачаше претходно? Дали кучето беше необично агресивно? Како се случи?
Најнормално се движев по скопскиве ни улици и кучето ми се џитна од позади и ме гризна. Инаку кучево е улично (скитник)
 
Ејјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјјј не си играј мајтап и батали на форум овие што ти се смејат ситуацијата е сериозна.
Доколку кучето има беснило а ти не примиш вакцина тогаш ќе умреш од беснило нема лек доколку не си вакциниран претходно.
Кажано ти е да идеш да го најдеш кучето за да се утврди дали е бесно или не. Доколку е бесно тогаш ќе ти стават вакцина доколку не е тогаш нема.
Ако не го најдеш кучето тогаш мораш да примиш вакцина!
Цената на вакцината е околу 60000 денари значи многу го кошта здравството затоа не се дава без да се провери дали кучето е бесно или не е. Тебе нема да те кошта ниту денар пошто е покриено се од фондот за здравствено осигурвање.
Вакцината ја примаш неколку пати во текот на месец дена и често пати е проследена со температура и треска но мора да ја примиш!
толку мн е скапа вакцината приватно да ја купиш???
 
Браво, во овој пост е убаво објаснето, тоа и јас и го посочив.Но практиката да се најде кучето скитник кое те каснало е апсурдна, истата би можела да биде адекватна само доколку кучето е нечив домашен миленик и истото може да се најде, или доколку при каснувањето, жртвата или некој кој бил со неа успеал некако да го совлада кучето и да викне ветеринарна служба која би утврдила дали кучето има беснило или нема. Девојчето веќе отшла во болница и незнаела (нити морала да знае) дека треба да го најде кучето, па затоа докторот е должен да и стави вакцина против беснило а не да ја враќа да го бара кучето побогу!
 
толку мн е скапа вакцината приватно да ја купиш???
Вакцината е многу скапа но сите ние сме осигурани така да за нас во оваа држава е бесплатна инаку да бевте сиромашни и живеевте во америка ви немаше спас.
Затоа постои тој закон.
Има две опции или да го најде кучето што сфаќам е тешко или да се вакцинира незнам рокот дали беше 24 или 48 часа по каснувањето ако имало кучето беснило и не прими вакцина тогаш нема спас!!!!!
 
Не е скапа во споредба со парите што се трошат од фондот за секакви глупости.
 
Вакцината е многу скапа но сите ние сме осигурани така да за нас во оваа држава е бесплатна инаку да бевте сиромашни и живеевте во америка ви немаше спас.
Затоа постои тој закон.
Има две опции или да го најде кучето што сфаќам е тешко или да се вакцинира незнам рокот дали беше 24 или 48 часа по каснувањето ако имало кучето беснило и не прими вакцина тогаш нема спас!!!!!

За да ја прими вакцината на товар на државата, треба да се најде кучето, тоа е единствен начин? Втората опција е сама да си плати секако. Дали ќе може да ми го пратиш тој подзаконски акт секако доколку го имаш?
 
Најнормално се движев по скопскиве ни улици и кучето ми се џитна од позади и ме гризна. Инаку кучево е улично (скитник)
значи ли тоа дека те касна некаде кај глужд или потколеница? и си носела фармерки, крв нема како ни длабока рана?
 
На листот ме касна преку фармерки а раната е поприлично длабока
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom