Ме касна куче, а докторите ме пратија да го уловам...

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
наравоучение - ако ве касне скитник,повикајте засилување и совладајте го - ако не сака да се предаде......во спротивно здравството не е одговорно за вашето здравје,лекување и последици од каснувањето на животно(скитник во случајот)
 
Што бара темава во животни?

Туку не ме чудат вакви будалаштини, трагедијата е што сите навикнавме на нив. Пред две три недели таква трагедија ќе не снајдеше по дома од тие црепови доктори па тоа чудо едно. Сосем друг случај од ова со кучево, ама морам да го раскажам чисто да имате искуство плус, да знаете што да очекувате.

Дедо ми сабајле тргнува на работа, му се слошило по пат се онесвестил. Само што за несреќа паднал од страната на патот каде што некој фрлил комиње затоа што правел вино или ракија претпоставувам. Итната помош нејќела да го земе, затоа што пази мајката колку се паметни, сигурно бил пијаница затоа што целиот мирисал на алкохол (тоа што паднал среде комиње потомците на Шерлок не го забележале). Да не бил еден сосед на дедо ми да викне полиција за да им свика на овие од итна да го земат нејќам да помислам што ќе се случеше. И што е уште потрагично, го оставиле сам во ходник со саати, да не дошле моиве, којзнае што ќе му се случеше, и по триста испитувања они немаат поим зошто падна во несвест.

Значи брате си го јадел стапот ради нивната логика. Скраја да е некој во алкохолизирана состојба навистина да падне некаде. Нема да дојдат, човекот не заслужува да живее според нив.
 
Пред неполни 3 часа ме касна куче во сред центар. Веднаш отидов во градската болница, таму ми направија преврска и ми дадоа упат за во државна болница е тука почнува револтот. Влегувам таму нема ниту доктор ниту жива душа доаѓа еден студент и ми вика ништо ќе одиш да го бараш кучето му викам како да го барам ми вика така му реков има ли тука доктор може ли да дојде некој и и се јавува на таа доаѓа и почнува да ми вика ( сум ја прекинала во некоја кафе дискусија ) што да ти правам јас сега и викам вие мене каже ти ми што јас да правам ништо ми вика иди најди го кучето и јави се на ветеринар да дојде да го види и викам а кучето ќе стој таму и ќе го чека веретинарот да дојде да го види и што ако случајно повторно ме нападне ми вика па што јас да ти правам сега тебе имаш 24 часа и тоа е тоа. Каков е овој закон, каквов е тој однос доктор-пациент? Колкави се шансите на површина од 50км да пронајдеш куче скитник? Срамно е и жално, бедно и патетично каков третман добиваат пациентите од оние во кои што го гледаат единствениот спас..

What?

Зашто по ѓаволите им треба кучето? Иди и барај што е можно побрзо да ти стават вакцина против беснило

Девојко иди во приватниве болници и веднаш нека ти стават вакцина против беснило зашто болеста е смртоносна ако кучето имало беснило а не си ја примила вакцината краток период по каснувањето. А овие од државна тужи ги :)
 
Морав да одам во градска за да земам упат за на инфетивна бев и таму и ми го кажаа горенаведеното и не сакаше таа да ми стави тетанус иако инсистирав и јас и моите
Шансите се мали да фатиш тетанус или беснило ама се умира многу бргу од тоа и ти нема спас. Ако ги преживееш следниве 5-6 дена ОК си ако не лесна ти земја. :D Како и да е за да бидеш на сигурно купи си вакцини или серуми беа... не се сеќавам ги има во аптеките и нека ти ги стави било кој.
 
Не ми се верува дека стварно ти рекле да го најдеш кучето...

Иди им со новинари нека ги има на вести, какво куче бе треба да бараш дали се тие нормални??
 
Нели во основно, средно доаѓаат медицински екипи во школото ( основно ) и вие идете на систематски преглед во средно и ви ставаат вакцини, јас знам, минатата година завшрив средно и имавме систематски и ни ставаа вакцини, ама незнам за што беше.

А и лекариве си ебале векот, имаме среќа ако тоа што ни го вбризгувале не било дестилирана вода.
 
Пред да прими вакцина - потребно е детално да се разјасни - затоа и го бараат кучето
Затоа што вакцината само по себе колку е корисна толку е и штетна.Го намалува имунитетот на човекот, плус тоа пола година истиот тој не смее да употребува алкохол, не смее да плива, не смее да работи некоја тешка физичка работа.....
Прашање е дали кучето ја каснало преку облека , на кое место, и дали е само плиток угриз или подлабоко ,Ако е плиток угриз без крв тогаш и заразувањето од беснило е невозможно.
Беснилото не се пренесува преку воздух-значи потребен е директен контакт на плувачката од кучето со човековата крв
 
со Најчевска да појди може и ке ја боцнат ........ ваков статус има на фб
Доктори, не дозволувајте да ве зафркава едно кецарошко ждркле.
 
Пред неполни 3 часа ме касна куче во сред центар. Веднаш отидов во градската болница, таму ми направија преврска и ми дадоа упат за во државна болница е тука почнува револтот. Влегувам таму нема ниту доктор ниту жива душа доаѓа еден студент и ми вика ништо ќе одиш да го бараш кучето му викам како да го барам ми вика така му реков има ли тука доктор може ли да дојде некој и и се јавува на таа доаѓа и почнува да ми вика ( сум ја прекинала во некоја кафе дискусија ) што да ти правам јас сега и викам вие мене каже ти ми што јас да правам ништо ми вика иди најди го кучето и јави се на ветеринар да дојде да го види и викам а кучето ќе стој таму и ќе го чека веретинарот да дојде да го види и што ако случајно повторно ме нападне ми вика па што јас да ти правам сега тебе имаш 24 часа и тоа е тоа. Каков е овој закон, каквов е тој однос доктор-пациент? Колкави се шансите на површина од 50км да пронајдеш куче скитник? Срамно е и жално, бедно и патетично каков третман добиваат пациентите од оние во кои што го гледаат единствениот спас..
Кучето се наоѓа и проверува од страна на ветеринарна служба само доколку е познато (на пример познато куче од комшија што живее постојано врзано во затворен простор) а и во тој случај прават некоја помала вакцинација, доколку кучето е непознато како во твојот случај - кучето е скитник, тогаш треба да ти дадат соодветен медицински третман со соодветна вакцинација (сите инекции по ред) на време.
 
Пред да прими вакцина - потребно е детално да се разјасни - затоа и го бараат кучето
Затоа што вакцината само по себе колку е корисна толку е и штетна.Го намалува имунитетот на човекот, плус тоа пола година истиот тој не смее да употребува алкохол, не смее да плива, не смее да работи некоја тешка физичка работа.....
Прашање е дали кучето ја каснало преку облека , на кое место, и дали е само плиток угриз или подлабоко ,Ако е плиток угриз без крв тогаш и заразувањето од беснило е невозможно.
Беснилото не се пренесува преку воздух-значи потребен е директен контакт на плувачката од кучето со човековата крв
Абе они го бараат, ама која логика е детето да излезе да го бара? При здрава свест ли се тие таму или се заебаваат? Негово е да направи се што може најдобро за детето, а не да се врека како будала најди го кучето, нека излезе она нека го најде.
И после се прашуваат оти пациети ги тепаат, се прашувам оти.
 
Не ми се верува дека стварно ти рекле да го најдеш кучето...

Иди им со новинари нека ги има на вести, какво куче бе треба да бараш дали се тие нормални??
Епа тоа го одредувал законот, така пишувало во нешто што некој во државава го нарекува закон
 
What?

Зашто по ѓаволите им треба кучето? Иди и барај што е можно побрзо да ти стават вакцина против беснило

Девојко иди во приватниве болници и веднаш нека ти стават вакцина против беснило зашто болеста е смртоносна ако кучето имало беснило а не си ја примила вакцината краток период по каснувањето. А овие од државна тужи ги :)
Како да ги тужам немам никакви докази?
 
Абе они го бараат, ама која логика е детето да излезе да го бара? При здрава свест ли се тие таму или се заебаваат? Негово е да направи се што може најдобро за детето, а не да се врека како будала најди го кучето, нека излезе она нека го најде.
И после се прашуваат оти пациети ги тепаат, се прашувам оти.
батали ја неа или него- тие се проблем сами по себе
муабетов ми беше да се изјасни каснатава околу раната и воедно да подразмисли кое од двете зла е помало и тоа да го избере
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom