Откуп на книги

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не знам дали е ова соодветно место за темава, ако не е, модераторот нека ја префрли таму каде што треба да биде.

Ме интересира, дали некој врши откуп на книги на старо? Имам поприлично голема библиотека, воглавно книги печатени на македонски и српски јазик и сакам да ја продадам.
 
најдобро да им понудиш да ги откупат некои од библиотеките -
или крај крајева подари им ги на децата од Пустец(ако нема заинтересирани во МК )
 
Можеш да пробаш и преку форумов, е сега може не сите наеднаш ама по 20тина месечно може и ќе продадеш. Направи листа на книги па нека те контактираат кој како е заинтересиран за некоја, втора опција да ги прашаш оние на кеј што продаваат.
 
Библиотеките откупуваат книги на старо?

Тешко дека на децата од Пустец ќе им помогне мојата библиотека.

:)
 
Слики или некои информации кои наслови ги имаш?
 
Не се за сите твоите книги, м?

Не е тоа, туку имам доста филозофија, поезија, работи кои не им требаат на децата од Пустец. Еве на пример имам ретко издание на Плотин, или пак коментарите на Василиј Розанов за Легендата на Големиот Инквизитор.
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 18:28 ---
Слики или некои информации кои наслови ги имаш?

Ако си лично заинтересирана, само кажи ми од која област би те интересирало, па би ти пратил список со наслови.
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 18:31 ---
Можеш да пробаш и преку форумов, е сега може не сите наеднаш ама по 20тина месечно може и ќе продадеш. Направи листа на книги па нека те контактираат кој како е заинтересиран за некоја, втора опција да ги прашаш оние на кеј што продаваат.

20 месечно, ќе ми треба цела вечност да ја продадам библиотеката...

:)
 
Заинтересиран сум за книги во кои е опишана историјата на Македонија. Или поточно ме интересираат книги од областа историја.
 
20 месечно, ќе ми треба цела вечност да ја продадам библиотеката...

:)

Онака ја кажав таа бројка сепак одлично би било ако можеш да направиш комплет список на сите книги па и цена на пример, еден ке ти купи 3-4 книги па ќе препорача на негови пријатели/роднини што исто така се по книгиве и мислам можеш на тој начин да ги продадеш книгите. Плус ете на пример јас не читам редовно и многу ама знам одвреме навреме по некоја книга да купам чиј наслов или препорака ќе ме заинтересира.
 
Ако си лично заинтересирана, само кажи ми од која област би те интересирало, па би ти пратил список со наслови.

Сум, прилично за јужнословенска книжевност, ако се преводи на македонски уште подобро. Конкретно вака:

Оскар Давичо (роман „Песма“)
Михаило Лалиќ (роман „Зло пролеће“)
Данило Киш (роман „Башта-пепео“)
Борислав Пекиќ (романи „Ходочашће Арсенија Његована“, „Како упокојити вампира“)
Ранко Маринковиќ (роман „Киклоп“, драма „Глорија“)
Владан Десница (романи „Пролећа Ивана Галеба“, „Зимско летовање“)
Мирко Божиќ (романи „Курлани“, „Неисплакани“)
Цирил Космач (романи „Sreća in kruh“, „Пролетен ден“)
Витомил Зупан (роман „Левитан“).
 
За жал, изгледа потполно се промашивме со вкусовите. Имам околу 4000 книги, и ниту една од овие кои ги наведе.

:)
--- надополнето: 27 октомври 2012 во 18:49 ---
Онака ја кажав таа бројка сепак одлично би било ако можеш да направиш комплет список на сите книги па и цена на пример, еден ке ти купи 3-4 книги па ќе препорача на негови пријатели/роднини што исто така се по книгиве и мислам можеш на тој начин да ги продадеш книгите. Плус ете на пример јас не читам редовно и многу ама знам одвреме навреме по некоја книга да купам чиј наслов или препорака ќе ме заинтересира.

Ќе напаравам список на она што мислам дека би можело да се продаде. Во секој случај, благодарам за интересот и советите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom