Не знам, мене ми е малку сомнително.http://www.sitel.com.mk/ekskluzivno-intervju-so-tomo-nikolikj-pretsedatel-na-srbija
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 21:23 ---
Македонија | 18. октомври 2012 - 16:33
Ексклузивно интервју со Томо Николиќ претседател на Србија
Амнестија за Јован Врнишковски, Томос за автокефалност на МПЦ. Српскиот претседател, Томислав Николиќ, ексклузивно во интервју за Сител и дневниот весник Вечер, нуди решение за деценискиот проблем.
Тврди дека тој е гаранција оти до договор може да се дојде, само ако македонија и србија, како држави, а не црквите, седнат отворено да разговараат.
Оваа понуда, идиретно испратена до македонскиот претседател, бидејќи по устав тој е оној кој може да потпише амнестија, е сосоема нова политика, што Николиќ ја нуди.
Досегашниот став и на српските и на македонските власти, беше дека спорот МПЦ-СПЦ е црковно прашање, кое треба да го решаваат владиците.
Но актуелниот српски претстедател смета инвовирањето на државите со отворени разговори можат да најдат најбезболно решение.
Во интервјуто во кое Николиќ зборува и за прославата во Прохор Пчински, оценува дека изминативе години биле направени многу погрешни чекори кои, наместо кон решение, довеле до продлабочување на црковниот проблем.
Марјан Николовски
http://www.sitel.com.mk/ekskluzivno-intervju-so-tomo-nikolikj-pretsedatel-na-srbija
Треба да се чуе прво што мислат архиереите на СПЦ за овој предлог...
Потоа, мене не ми е јасно за кои дела се суди Вранишковски. Вистина е дека не е „омилен“ кај народот, но што навистина е неговото кривично дело, не знам и не можам да разберам.
Понатаму, веројатно треба да се знае и што би содржел „пакетот“, т.е. како ќе се реши проблемот со ПОА „на терен“...
Не знам, на прво изгледа решливо на овој начин, ама јас мислам дека реално, ова е црковен проблем и така треба и да се реши...