Расколот во православието - дали има решение?

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
http://www.sitel.com.mk/ekskluzivno-intervju-so-tomo-nikolikj-pretsedatel-na-srbija
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 21:23 ---


Македонија | 18. октомври 2012 - 16:33
Ексклузивно интервју со Томо Николиќ претседател на Србија


Амнестија за Јован Врнишковски, Томос за автокефалност на МПЦ. Српскиот претседател, Томислав Николиќ, ексклузивно во интервју за Сител и дневниот весник Вечер, нуди решение за деценискиот проблем.
Тврди дека тој е гаранција оти до договор може да се дојде, само ако македонија и србија, како држави, а не црквите, седнат отворено да разговараат.
Оваа понуда, идиретно испратена до македонскиот претседател, бидејќи по устав тој е оној кој може да потпише амнестија, е сосоема нова политика, што Николиќ ја нуди.
Досегашниот став и на српските и на македонските власти, беше дека спорот МПЦ-СПЦ е црковно прашање, кое треба да го решаваат владиците.
Но актуелниот српски претстедател смета инвовирањето на државите со отворени разговори можат да најдат најбезболно решение.
Во интервјуто во кое Николиќ зборува и за прославата во Прохор Пчински, оценува дека изминативе години биле направени многу погрешни чекори кои, наместо кон решение, довеле до продлабочување на црковниот проблем.
Марјан Николовски

http://www.sitel.com.mk/ekskluzivno-intervju-so-tomo-nikolikj-pretsedatel-na-srbija
Не знам, мене ми е малку сомнително.
Треба да се чуе прво што мислат архиереите на СПЦ за овој предлог...
Потоа, мене не ми е јасно за кои дела се суди Вранишковски. Вистина е дека не е „омилен“ кај народот, но што навистина е неговото кривично дело, не знам и не можам да разберам.
Понатаму, веројатно треба да се знае и што би содржел „пакетот“, т.е. како ќе се реши проблемот со ПОА „на терен“...

Не знам, на прво изгледа решливо на овој начин, ама јас мислам дека реално, ова е црковен проблем и така треба и да се реши...
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
@"StandingStill, post: 5388323, member: 54048"]
Не знам, мене ми е малку сомнително.
Треба да се чуе прво што мислат архиереите на СПЦ за овој предлог...
Се разбира дека треба со резерва, ненаивно да се разгледа предлогот од било кого, пр. архиереи...,посебно од политичар, но битно е априори да не се отфрла.


Потоа, мене не ми е јасно за кои дела се суди Вранишковски. Вистина е дека не е „омилен“ кај народот, но што навистина е неговото кривично дело, не знам и не можам да разберам.
Понатаму, веројатно треба да се знае и што би содржел „пакетот“, т.е. како ќе се реши проблемот со ПОА „на терен“...
Арх. на ПОА, в. Јован Вранишковски како и следбениците, можеби е контроверзен и има некоја своја лична позадина за што пред Бога како и секој од нас нема да може да го сокрие, но ставот за ненационални цркви е став на Православието, кој ПОА страдално го промовира и сведочи. Судењето негово е тактика на нашата држава во корелација со МПЦ.
Решавањето со афтокефалноста на МПЦ подразбира решавање преку ПОА што дополнително ја комплицира работата, но ако вистински се бара решение секако дека е можно.


Не знам, на прво изгледа решливо на овој начин, ама јас мислам дека реално, ова е црковен проблем и така треба и да се реши...
Проблемот е црквен бидејќи сме во раскол, проблематична е самопрогласената афтокефалија како административен аспект, а политичката димензија ја поприма од проблемот со името т.е што неможеме да се претставуваме како МПЦ што е еклисиолошки апсурд, така да, излегуваме заложници на политиката.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Се разбира дека треба со резерва, ненаивно да се разгледа предлогот од било кого, пр. архиереи...,посебно од политичар, но битно е априори да не се отфрла.

Арх. на ПОА, в. Јован Вранишковски како и следбениците, можеби е контроверзен и има некоја своја лична позадина за што пред Бога како и секој од нас нема да може да го сокрие, но ставот за ненационални цркви е став на Православието, кој ПОА страдално го промовира и сведочи. Судењето негово е тактика на нашата држава во корелација со МПЦ.
Решавањето со афтокефалноста на МПЦ подразбира решавање преку ПОА што дополнително ја комплицира работата, но ако вистински се бара решение секако дека е можно.

Проблемот е црквен бидејќи сме во раскол, проблематична е самопрогласената афтокефалија како административен аспект, а политичката димензија ја поприма од проблемот со името т.е што неможеме да се претставуваме како МПЦ што е еклисиолошки апсурд, така да, излегуваме заложници на политиката.
Знаеш што е чудно?
Тоа што во СПЦ полесно се отвораат темите за продлабочување на односите со РКЦ, па дури и со Коптите, отколку со решавање на нашето прашање, пришто не се крие дека постои голем (воглавно политички) „отпор“ кон нашето признавање од страна на „грчките патријаршии“, нема да речам цркви намерно, затоашто постојат сосема нормални контакти со лаосот, па и со свештенството на овие Патријаршии. Познато е зошто, заради името....

Што е апсурд над апсурдите...

Во исто време, реториката на двете страни: „нашата“ и „нивната“ е на многу лошо ниво, а фактот дека зборуваме за „процедурален“, ако смеам така да речам, проблем, а не за суштинските работи, само укажува на тоа дека „нашиот проблем“ нема еклисиолошка природа, и да , апсурден е....

Нам ни е да сме трпеливи, иако жртви на политички проблеми, како што речеи самиот.

Поздрав.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Vijesti

Lavrentije: Makedonskoj crkvi treba dati

nezavisnost


23.10.2012
Makedonskoj pravoslavnoj crkvi trebalo bi dati autokefalnost, izjavio je episkop Srpske pravoslavne crkve, vladika šabački, Lavrentije.

On je dodao da bi Sveti arhijerejski sinod SPC na majskom zasedanju iduće godine mogao da pokrene pitanje normalizacije odnosa sa kanonski nepriznatom Makedonskom pravoslavnom crkvom.

„Gotovo sve pravoslavne crkve su autokefalne, pa zašto ne bi bila i makedonska“, zapitao se vladika Lavrentije.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
MITROPOLIT JOVAN U NEDELJU, 21. OKTOBRA, SLUŽIO U MANASTIRU LEPAVINI


A+ A-



U nedelju Svetih otaca VII vaseljenskog sabora, 21. oktobra 2012. godine, na dan spomena prepodobne Pelagije i prepodobne Taise, Njegovo Visokopreosveštenstvo Mitropolit zagrebačko-ljubljanski Gospodin Jovan služio je u manastiru Lepavini Svetu arhijerejsku liturgiju, uz sasluženje jeromonaha Vasilija (Srbljana), sabrata lepavinske svete obitelji, i jereja Aleksandra Tarabića, paroha velikopoganačkog.
Na Svetoj liturgiji su molitveno i evharistijski učestvovale pokloničke grupe iz Bitolja (Makedonija) i Modriče. U grupi iz Makedonije, koju je predvodio veroučitelj Dragi Anastasovski, bili su većinom polaznici veronauke za odrasle pri sabornom hramu Svetog Dimitrija u Bitolju (Ohridska arhiepiskopija „Makedonske pravoslavne crkve“).

U svojoj besedi Visokopreosvećeni Mitropolit Jovan je govorio o velikoj pobedi koju su izborili bogonosni oci Sedmog vaseljenskog sabora, donevši odluku o poštovanju i proslavljanju svetih ikona. Posle mnogih napora i žrtava, Hristova crkva je ostala verna pravoslavnom poštovanju ikona, koje nisu kipovi i „bogovi rukama načinjeni“, nego sveti likovi preko kojih Bog šalje Svoju blagodat i pomaže čoveku u njegovim potrebama.
Po završetku Svete Liturgije i posluženja u porti manastira, arhimandrit Gavrilo (Vučković), nastojatelj manastira Lepavine, čitao je za hodočasnike moleban za zdravlje ispred čudotvorne ikone Presvete Bogorodice Lepavinske. Usledila je zajednička trpeza ljubavi za sve prisutne vernike, kojima se Mitropolit Jovan na kraju još jednom obratio.
Pred polazak hodočasnika na put, o. Vasilije je ispred čudotvorne ikone pročitao akatist Presvetoj Bogorodici. Prisustvovali su i poklonici iz Minhena, koji su u manastir stigli u ranim poslepodnevnim časovima.

 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Епа токму она за што дискутиравме ;)... сега се чудат малку, после сето фрлање камења дека јас лажам :)
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Епископ бачки др Иринеј: Поводом изјаве Председника Србије о црквеном питању у БЈР Македонији



Пуни текст одговора скопском листу Капитал, објављеног у скраћеном облику у истом 22. октобра 2012.
Наш Председник је говорио искључиво у своје име, спонтано, без претходне консултације са представницима наше Цркве.
Иначе, за вашу информацију додајем да он није могао обећати трампу „аутокефалност расколничкој Цркви за слободу архиепископу Јовану”, како је то, изгледа, схваћено – или бар представљено – у македонским медијима. За ово тврђење имам много разлога, а навешћу само оне које сматрам најважнијима:
- председник Николић, као искусан политичар, деценијама активан у јавном животу Србије, а још више као верник Српске Православне Цркве, одлично зна ко је надлежан за решавање канонских питања, па и проблема вишедеценијског црквеног раскола у Македонији;
- он исто тако одлично зна да би оваква „трампа” била неприхватљива за обе стране: за Српску Православну Цркву стога што би то заправо била награда гонитељима архиепископа Јована и Охридске Архиепископије, без икаквог реалног уступка са њихове стране осим одустајања од ионако вапијућег безакоња и државно-полицијског терора, чији стварни инспиратори и наручиоци јесу управо расколнички епископи, који то не само што не крију него се тиме и хвале; за такозвану МПЦ, опет, то би, психолошки, био њихов пораз пред човеком који је њој већи трн у оку него читава јерархија Српске Православне Цркве јер је он неућутни живи деманти свих расколничких пропагандних лажи и бесмислица, попут оне о опасности од „посрбљавања” или, у другој варијанти, од „погрчавања” у случају прихватања нормалног канонског решења, а пре свега – непорециви доказ истине да бити у јединству са Црквом значи живот, а бити у расколу са њом значи духовну смрт.
Због свега тога, изјаву Председника Србије треба схватити као добронамерну понуду стварања амбијента за договор заинтересованих страна, без интервенцијâ споља (као што је било уплитање македонске државе и политике после потписивања Нишког споразума), али и као недвосмислену поруку да Србија убудуће неће ћутати нити бити пасивна пред чињеницом бруталног угрожавања слободе и људских права епископата, свештенства, монаштва и верникâ Охридске Архиепископије као аутономне Цркве у канонском окриљу Српске Патријаршије.
Нема, нити може бити, разговора и договора без престанка незаслуженог страдања архиепископа Јована, без одустајања од сталних претњи осталим епископима, монасима и монахињама (подсећам на догађаје када је полиција храбро била упала у женски манастир и малтретирала монахиње, док истовремено није имала храбрости ни да уђе у насеља под контролом познатих терористичких група) и без признавања грађанима Македоније права да – у складу са међународним конвенцијама, обавезним и за Македонију (као, уосталом, и за Србију и за све земље потписнице) – сами слободно бирају којој и каквој Цркви ће припадати.
Није требало чекати изјаве председника Србије да би се размишљало о свему овоме. Месецима раније став о овој мучној проблематици изнео је јасно, гласно, часно, а изнад свега крајње добронамерно, митрополит Амфилохије усред Скопља, пред вођама црквеног раскола и пред представницима „седме силе”. А ни то није требало чекати. Минимум црквене свести и савести и елементарно осећање одговорности пред стварним големим изазовима данашњице треба да буде увек присутно у нама и међу нама да бисмо могли узрастати до зреле свести, чисте савести и истинске одговорности.
Нови Сад, 24.10.2012 - Информативна служба Епархије бачке

Браќа православни, што мислите за болдираниот текст од изјавата на в. Иринеј?
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Kolku sto imam slusnato, SPC, RPC, GPC i sl. ne gi priznavaat svetite taj na MPC odnosno smetaat deka ne se dadeni ispravno, odnosno ne se verodostojni. Imam slucaj so edna drugarka od MPC krstena sakase da se venca za Srbin normalno vo SPC, i tie ne i dadoa so izgovor deka ne e validno krstena i treba da se krsti kaj niv, odnosno ne mora striktno kaj nic moze i vo Ruskata, Grckata bilo kade vo pravsolavna crkva osven vo MPC.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Kolku sto imam slusnato, SPC, RPC, GPC i sl. ne gi priznavaat svetite taj na MPC odnosno smetaat deka ne se dadeni ispravno, odnosno ne se verodostojni. Imam slucaj so edna drugarka od MPC krstena sakase da se venca za Srbin normalno vo SPC, i tie ne i dadoa so izgovor deka ne e validno krstena i treba da se krsti kaj niv, odnosno ne mora striktno kaj nic moze i vo Ruskata, Grckata bilo kade vo pravsolavna crkva osven vo MPC.
МПЦ има апостолски континуитет и валидност на св. тајни, но има канонска пречка со самопрогласената афтокефалност.
Од 2005г. со давањето на автономност на ПОА, оние што се крстени во МПЦ не им се важи миропомазанието, а не целиот чин на крштевање.
--- надополнето: 25 октомври 2012 во 21:57 ---
Епископ бачки др Иринеј: Поводом изјаве Председника Србије о црквеном питању у БЈР Македонији



Пуни текст одговора скопском листу Капитал, објављеног у скраћеном облику у истом 22. октобра 2012.
"јер је он неућутни живи деманти свих расколничких пропагандних лажи и бесмислица, попут оне о опасности од „посрбљавања” или, у другој варијанти, од „погрчавања” у случају прихватања нормалног канонског решења, а пре свега – непорециви доказ истине да бити у јединству са Црквом значи живот, а бити у расколу са њом значи духовну смрт."
Браќа православни, што мислите за болдираниот текст од изјавата на в. Иринеј?
Еве го моето мислење:

за жал овој теолошки контекст звучи издржано, но се работи за игра со зборови, односно внимателно одбрана критика на ставовите на дел од епископатот на МПЦ кои неправилно го изложуваат проблемот со името не водејќи сметка за еклисиолошкиот идентитет.
Ова дава погрешна слика за нас во МПЦ да бидеме осудени за етнофилетизам, а парадоксално е што останатите помесни православни цркви токму се служат токму со националните префикси.
Овој апсурд е причината на лажен, небратски начин, изговор од страна на грците да бидеме во состојба на раскол или како се вели во текстот „духовна смрт“.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.359
Нека не ме засмејуваат српскине попови.
Свети Сава ја отцепи Пеќката Патријаршија од Охридската. Кој од кого треба да бара дозвола за афтокефалност?
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Подоцна, пак, Мехмед паша Соколовиќ, после приемот на неговиот роднина Макарије I Соколовиќ, повторно ја одделува Пеќката (тогаш) архиепископија од Охридската...

Укинувањето на Охридската во 1767г. повторно е политичка одлука на султанот.

На почетокот на Втора светска војна, тогашните архиереи на Пеќката Патријаршија задолжени за епархиите во Македонија „пастирски“ ја напуштаат Македонија, што резултирало со авотномија во 1958г., која според одредени документи по извесно време требало да добие потполна автокефалност.
Кога на повторените барања на македонските владици, тоа не се случило, тие еднострано прогласиле возобновување на Охридската архиепископија...

Тоа е, демек, денес, камен на сопнување, но поентата е дека не постои ниедна причина, најмалку канонска, нашата помесна Црква да не добие потполна автокефалност.

Се разбира, Атинската архиепископија не е одделена од државата и проблемот со името се проектира и тука, затоа и на Вранишковски му дадоа титула „Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски“, а никаде и Македонски...

As simple as that....
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Се разбира, Атинската архиепископија не е одделена од државата и проблемот со името се проектира и тука, затоа и на Вранишковски му дадоа титула „Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски“, а никаде и Македонски...

As simple as that....
У контекст на кажаново:
26.10.2012, 15:00
Самарас го величеше Александар Македонски во Солун



„Александар беше Грк, зборуваше грчки, веруваше во грчки богови, имаше професор Грк, Аристотел“, зборуваше грчкиот премиер

Атина - Историјата за Александар Македонски беше дел од говорот на грчкиот премиер Адонис Самарас во Солун по повод 100-годишнината од ослободувањето на градот од Османлиите и Балканските војни. Десничарскиот премиер испрати порака и до македонската влада од говорницата на Министерството за Македонија и Тракија, кое воскресна под негова палка по тригодишно мирување. Тој испрати пораки и до грчкиот народ, но и до меѓународните кредитори дека Грција ќе го преброди кризниот период.
Самарас изјави дека со случувањата во 1912-1913 Грција еднаш за секогаш го решила македонското прашање. За грчкиот премиер Македонија е Грција и историјата на Македонија, нејзиното наследство, култура се неоделив дел од грчката историја, наследство и култура. „Нема потреба да се расправаме за Александар Македонски. Тој беше Грк, зборуваше грчки, веруваше во грчки богови, имаше професор Грк, Аристотел“, истакна Самарас во Солун. Грчкиот премиер додаде дека претците на Александар Велики со генерации учествувале во Олимписките игри, што било врховен доказ за нивното грчко потекло. Величејќи го Александар Македонски Самарас истакна дека војсководецот учел и негувал љубов кон еповите на Хомер, како воин се оформил угледувајќи се на грчките херои Херкул и Ахил, а низ неговите походи во Азија ја проширил грчката култура и грчкиот јазик.

„Тој и неговите придружници и наследници донесоа грчки имиња, полни со грчко значење. Меѓутоа време е да погледнеме напред! И подготвени сме да соработуваме со сите, токму затоа што не играме ниту со нашата историја, ниту пак со нашиот идентитет“, изјави Самарас. (М.П.)
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
понеделник, 29 октомври 2012, 09:06

Балкан

Иринеј го враќа Нишкиот договор за признавање на МПЦ
Српскиот патријарх Иринеј изјави дека Српската православна црква прифаќа разговори со Макеоднската православна црква, но по канонските принципи и во согласност со порнешните меѓусебни договори

- Нашата желба е да разговараме, но по канонските принципи од кои нема отстапување и во согласност со договорите кои претходно ги имавме, вели поглаварот на СПЦ во изјавата за Танјуг.
Притоа потсетува на Нишкиот договор од 2002 година кој СПЦ го прифатила, а од македонска страна е оценет како работен документ што нема обврзувачки карактер.
Спорот меѓу двете цркви се актуелизира со посетата на српскиот претседател Томислав Николиќ на Македонија и неговата изјава дека е подготвен лично да се ангажира СПЦ да ја признае афтокефалноста на МПЦ, поставувајќи го како предуслов ослободувањето на Јован Вранишковски
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
http://a1on.mk/wordpress/archives/59996

Македонската црква за дијалог со СПЦ, но без условувања


Поглаварот на Македонската Православна Црква Г.Г. Стефан изјави дека МПЦ е подготвена за дијалог, но без условување. Одговорот доаѓа по вчерашната изјава на српскиот патријарх Иринеј дека нема разговори со МПЦ се додека Јован Вранишковски не излезе од затвор.
Поглаварот Стефан кажа дека Јован Врнишковски е во затвор поради „криминални активности и ништо друго“
Тој за бугарската телевизија рече дека на погребот на бугарскиот патријарх Максим имал „неформална средба“ со цариградскиот и вселенскиот патријарх Вартоломеј кој му пренел дека ќе го „поддржи процесот на признавање на МПЦ“.
Архиепископот Стефан потсетува и на зборовите на српскиот патријарх Павле дека „помеѓу Белград и Скопје не постојат црковно догматски прашања туку недостаток на љубов, неа треба да ја негуваме и надградиме, во рамките на православието, посебно меѓу нашите соседни народи“.
Иницијативата на претседателот на Србија Томислав Николиќ, според македонскиот поглавар е „прифатлива ако води кон подобрување или надминување на сегашната ситуација“.
СПЦ според него, треба да биде за дијалог, но без условување.
Прашан дали бугарската црква може да помогне во решавање на проблемот, Г.Г. Стефан одговори позитивно и додаде дека тоа можат да го направат и другите цркви.

„Починатиот бугарски патријарх Максим имаше „коректен однос“ кон МПЦ, рече Стефан и наведе дека „иако не помогнал, никогаш и не одмогнал“ и овозможил Македонците да студираат теологија во Софија, ги благослови контактите на свештенството и народите на двете цркви“.
Прашањето за МПЦ, според македонскиот поглавар е прашање за целото православие на кое треба да му се пристапи со „отворени очи и со чиста совест“.
„МПЦ и нејзината мисија се реалност“, рече поглаварот на МПЦ.
Помошта на секоја православна црква би била корисна бидејќи МПЦ е наследник на Охридската Архиепископија, треба да се тргне „срамот од совеста на православието“, рече архиепископот Охридски и Македонски, Г.Г. Стефан.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom