Соживот (ЧДА)

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум изненаден,само пет денари разлика.
Со пет ќе почнат. Како расте нашата индиферентност, така цената на Албански ќе паѓа. Обратна пропорционалност. :)
 
Со пет ќе почнат. Како расте нашата индиферентност, така цената на Албански ќе паѓа. Обратна пропорционалност. :)

Како да не бидеш индиферентен,направиш само покрет во обид нешто да смениш,веднаш претставуваш нешто ненормално,заостанато и сл. ,и тоа така претставен од оние на кои им ги браниш интересите ,а заради тоа своите си ги тргнал настрана... ке ви кажам само пример,во САД кога доаѓаат војниците од жариштата,целиот роден град им прави дочек и се прикажуваат како пример ... споредбено ние нашиве ги ставивме на ниво на питачење, па сега кога ке дојдат изборите им се фрли некоја "коска",колку да се каже дека се прави нешто патриотско...
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 21:18 ---
И кога веќе ми отворивте муабет со темава,незнам кој се побуни за тоа што цели планини се соголеми од нелегална сеча на дрва и тоа западно од линијата Скопје-Куманово?(видливо дури од автопатот,а детално видливо од стариот пат Скопје-Куманово)?
Ај пет денари,нек си ебат мама не ситничарам,тука станува збор за трајно менување на природата.
 
А кој е виновникот за оваа ситуација?
 
Грујо да го прашаат за ова ќе одговрои:Бранко е иницијатор,за 5 денари Македонци не се расправаат,Бранко е крив.Само што проблемот не е за 5 денарите,проблемот е што не е*** во здрав мозок.
 
Користејќи ги моите фотошопски способности дојдов до заклучок дека некој всушност залепил нови цени на македонскиот дел, ама на албанскиот не го направил тоа.
Сепак се работи за една типична дискриминација. Во Македонија се е нормално.

vOR8u.jpg
 
И оваа ќе ја избришете, претпоставувам, како сте почнале секоја тема да ја бришете...
 
Море или че го пагуар 5 динара више вендпаркими ............ или че ти го љети зоља кроз кучу .......... па и ти че го бегаш на подрум посље ............ :LOL:
 
и калашникови се ефтини за албанците и ништо не ме изненадува;) патем некни бев во државна болница и паркингот ме чинеше 30 денари така да ова е политички диригиран за да создаде нервози,омрази,нетрпеливост и друго ,а кој ги направил такво нешто и ќе му се врати.
 
http://vecer.com.mk/?ItemID=22ED0837F978214CBF3FECEA1AB258BD
Истата вест ја има во Вечер со некое нелогично објаснување на директорот.
Но со ова и со дугите зони се дискриминирани сите затоа: Смрт за зони и пајак возила
 
ХУЛИГАНИ ГИ ДИСКРИМИНИРАА МАКЕДОНСКИТЕ ВОЗАЧИ

Албанците паркираа поевтино кај Градска болница


Еден час паркирање кај Градска болница само вчера за Албанците чинеше 30 денари, за Македонците 35 денари


612510AF2FD709499CB0FD254541CF66.jpg

Македонските возачи се почувствуваа дискриминирани вчера кога своите возила ги паркираа на паркингот кај Градска болница. Овој паркинг-простор е во сопственост на јавното претпријатие "Градски паркинг", а на таблата на која стои ценовникот вчера утрото осамнаа различни цени во делот напишан на македонски од оној напишан на албански јазик. Цената за паркирање на возилото за еден час на македонски чинеше 35 денари, додека на албански 30 денари. Месечната претплата за паркирање кај болницата пак за Македонците кои не знаат албански јазик чинеше 3000 денари, додека за Албанците таа изнесуваше 2000 денари. Драстична беше разликата и во цената за годишната претплата за паркирање. Во ценовникот на македонски јазик пишуваше дека таа е 30 илјади денари, додека на албански јазик 20 илјади денари.
Фотографија од таблата со различните цени вчера можеше да се најде и на повеќе интернет-страници, а на неа пишуваше "будалите плаќаат поскапо - кој плаќа на албански поевтино". Како и да е овие информации вчера ги изнервираа македонските возачи кои сакаа да паркираат кај Градска болница.
- Ова не е нормална работа, како може Македонците да плаќаат поскапо - изјави еден револтиран граѓанин.

Сепак ситуацијата ја смируваат од ЈП-Градски паркинг. Од таму велат дека никако не станува збор за различни цени за паркирање поделени по етничка основа. Според објаснувањето на претпријатието оваа табла е само дело на хулигани. Ова е единствената локација каде што има промена на цената, објаснуваат од "Градски паркинг".
- Хулигани во текот на ноќта ја прелепиле таблата. Кога ние ги ставаме новите цени на таблата лепиме врз старите. Па така хулигани го одлепиле плакатот со актуелните цени и од нив само го исекле делот со цените. Вака исеченото парче го залепиле на стариот плакат со старите цени во делот напишан на македонски јазик. Ние веќе пративме екипи на терен за да го отстранат плакатот. Цените се исти за сите - вели директорот на ЈП-Градски паркинг, Борче Јакимовски.
Последен пат "Градски паркинг" изврши корекција на цените за паркирање пред две години кога за еден час паркирање цената се покачи од 30 на 35 денари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom