Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР СИНОВИ МАКЕДОНСКИ !!!

За жал никогаш нема да ја дознаеме правата вистина,а ниту ќе биде правдата задоволена.Заташкаа уште еден случај за нивните интереси...
И јас не очекувам да ја дознaеме правата вистина. Случајот ќе се затвори,а обвинетите можеби и ќе се пуштат на слобода, како и да е доколку не се расчисти случајот, ова ќе биде голем политички пораз за Вмро-Дпмне..
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.268
Поени од реакции
26.140
Обвинението за случајот „Монструм“ завршено, обвинителството тврди дека има докази

Готово е обвинението за петкратното убиство кај Смиљковци. Обвнителството за организиран криминал го затвори досието Монструм и ќе го испрати во Кривичниот суд каде треба да се подготвуваат за судски процес. Со соопштение претпладнево порачаа дека обвинението ќе го докажат на суд.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по завршената истрага оцени дека има доволно цврсти докази кои ќе бидат изнесени пред надлежниот суд а со кои ке се докаже дека обвинетите навистина ги преземале дејствијата опишани во обвинителниот акт“ стои во соопштението.

Обвинението е покренато против сите шестмина осомничени. Според нашите извори петмина се товарат како соизвршители на тероризам, а еден за помагање, за разлика од првичните сомнежи на МВР дека тројца се директни извршители а другите помагачи.

По собирањето на сите докази и сослушувањето на повеќемина сведоци обвинителството ги товари за тероризам Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се во бегство и интерпол се уште трага по нив и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Рами Сејди. Единствено Хаки Хазири кој првично беше заштитен сведок па сам се повлече се товари за помагање - велат изворите на Канал 5.

Од Обвинителство за организиран криминал ги негираат и информациите дека на обвинителката Гордана Гешковска која го работи досието Монструм и бил истечен мандатот. Сите јавни обвинители во ова обвинителство имаат мандат стои во соопштението.

Истрагата за Монструм заврши вчера вечерта онаму каде што започна - на местото каде се случи петкратното убиство. Смиљковското езеро вчера беше обиколено со специјалци додека истражителите и адвокатите вршеа реконструкција. Истражниот судија Туфегџич изјави дека со реконструкцијата биле расчистени многу важни прашања за овој случај, за тоа што се случувало на местото на убиствата. На лице место како што знаеле и виделе покажувале и тројца сведоци и загрозениот сведок Е-1.

На 12ти април на Велики петок на брегот на Смиљковското езеро со автоматско оружје свирепо беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски. Две недели подоцна се случи полициската акција Монструм.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=98159
Сега останува уште на судот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Досега можеа овие што се во бегство, уствари се извинувам, овие што се уплашени и истрауматизирани дека се неправедно обвинети три пати да појдат до Нов Зеланд и да се вратат и тоа со брод.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ајде да го видиме судот сега.
--- надополнето: 26 октомври 2012 во 18:11 ---
Досега можеа овие што се во бегство, уствари се извинувам, овие што се уплашени и истрауматизирани дека се неправедно обвинети три пати да појдат до Нов Зеланд и да се вратат и тоа со брод.
Не греши душа, они не се информирани, иначе сами ќе дојдат ако знаат дека ги бараат.
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Тие што се фатени и што се по затворите разеделени во МК се убијците и директните помагачи....за тие што велат дека се избегани дознав дека и всушност не биле и гниеле овде некаде во затвор....иначе.....не грешете душа дека не се тие убијци туку сосема други...ТИЕ се...од каде знам, никогаш нема да ви кажам, ама колку да ви дам до знаење да не тепате теории на заговор, утре - другиден кога ке ги видете убијците како ги носат во затвор, да знаете се тие, тие кои беа фатени, Полицијата си ја одработи задачата перфектно......само грешка ке биде и голем грев да бидат во затвор, би требало пред судот да ги стрелаат и така да ги остават, како SS што правеше...тоа и заслужуваат.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940

Не да ги стрелаат, туку да земат пример од северна кореа, смртна казна со минофрлач.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.158
Поени од реакции
18.189
Верувам.И јас знам дека се баш тие.
А уште постојат такви шо живеат надвор од реалност и велат дека не е можно кутрите невини фризери, таксисти и подрумаши да биле такви фаци.

Не да ги стрелаат, туку да земат пример од северна кореа, смртна казна со минофрлач.
Moжат да ги пуштат на ноќната тура во кафезите во Скопје Зу, тамам тие на вовчето да видат малку акција во живо :sneaky:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.209
Груевски: Да не се политизира случајот “Монструм“

26. 10.2012 - 13:31:07
Случаите како петкратното убиство кај Смиљковското езеро не треба да се политизира и за него да се даваат политички оценки, апелираше премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање денеска во Собранието.

“Не смееме вакви случаи да ги политизираме. Бидејќи политизирањето на вакви случаи во иднина може да охрабри некои кримогени лица да прават одредени незакоснки работи и да сметаат дека ќе ги заштити само затоа што припаѓаат на една или на друга политичка, верска и ли друга заедница. Затоа апелирам за ваквите случаи да не се даваат политички оценки“, рече Груевски.

Премиерот истакна дека треба да се остави на судот и институциите да го завршат случајот во рамките на законот и да се почека судската одлука за да се утрди дали некој е виновен или не за убиството и помагање на истото.

Инаку од Јавното обвинителство денеска преку соопштение одговорија на низата шпекулации кои се појавија во изминатиот период, дека во текот на истрагата се добиени цврсти докази со кои веруваат дека ќе се докаже дека осомничените се виновни за делата за кои се товарат.
 
Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960

Пизда
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.937
Поени од реакции
83.209
СПОРЕД ОБВИНЕНИЕТО

Предизвикување страв, причина за убиствата кај Смилковци
Текст: Макфакс
Црна Хроника | 31 октомври 2012

Петмината обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро, според обвинението поднесено против нив имале цел да предизвикаат несигурност кај населението и да ја нарушат безбедноста во земјава со предизвикување страв кај граѓаните.
Убиствата биле извршени на езерото кое било под концесија на обвинетиот Фејзи Азири кој се товари за помагање.
„Обвинителството како мотив ја гледа огорченоста на обвинетиот зошто излетници престојуваат на неговиот приватен имот. Му сметале рибарите кои доаѓале на езерото“ - вели адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, кој денеска го добил обвинението.
Тој смета дека обвинителството нема докази за делото за кое ги товари обвинетите, немало ниту биолошки траги, ниту, ДНК, ниту е најдено оружјето, единствено имало снимени разговори меѓу обвинетите.
Како што изјави Рауфи, очевидци на убиството немало освен некои сведоци кои слушнале пукање.
На 12 април кај Смилковското езеро свирепо беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж.
Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим, се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање.
Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство, а полицијата се сомнева дека избегале на Косово. Во истрагата беше испрашан и заштитен сведок, чиј идентитет не смее да се открие. Претходниот заштитен сведок во истрагата за случајот „Монструм", Хаки Хазири, побара да му го одземат статусот на сведок и сега е обвинет за помагање во тероризам

31.10.2012, 16:13
Петмина од „Монструм“ ќе одговараат за тероризам, еден за помагање

Во обвинението во детали се опишува како било извршено петкратното убиство и како обвинетите успеале да побегнат

Петмина од обвинетите во слулајот наречен „Монструм“ ќе одговараат за тероризам, а шестиот за помагање. Вака одлучи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и покрај тоа што првите двајца обвинети се' уште се недостапни за државните органи на прогон.

Во веќе поднесеното обвинение за тероризам се товарат обвинетите Алил Демири (27), Африм Исмаиловиќ (32), неговиот брат Агим Исмаиловиќ (33) со прекар „Гими“, Фејзи Азири (54) и Рами Сејди (24), а Хаки Азири ќе треба да одговара за помагање по извршено дело тероризам.

Обвинителниот акт е составен од две точки - во првата Обвинителството го објаснува начинот на кој бил изрвшен маскрот кај „Железарското езеро“, а во втората точка се говори за криењето на обвинетите.

На трагичниот настан кој се случи на 12. април оваа година, според обвинението, му претходела неколкудневна обиколка на Железарското езеро. Петмината обвинети за тероризам, кратко време пред настанот се договориле да извршат убиства на повеќе лица од македонска националност и на тој начин да внесат несигурност и страв кај граѓаните. Изборот на локацијата за извршување на нивнито пеколен план не била случајна, бидејќи обвинетиот Фејзи Азири ја добил концесијата на местото викано „Смилковски езера“. Обиколката на езерата, според Јавното обвинителство, била со намера да се следи движењето на лицата кои доаѓале во тој крај, односно да се изберат потенцијалните жртви.

Реализацијата на терористичкиот акт се случил на меѓу 19,40 и 19,50 часот, кога од близина од само еден и пол метар било стрелано во Цветанчо Ацевски (19), Кире Тричковски (21), Александар Накевски (18), Филип Славковски (200 и Борче Стевковски (45). Обвинителството тврди дека Алил Демири во жртвите пукал од пиштол, а Африм и Агим од автоматски пушки.

Откако го извршиле злосторството Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, со уште неколку други, непознати лица, се дале во бегство со автомобил „опел омега“, а Агим Исмаиловиќ и уште неколкумина други непознати успеале да побегнат со друго возило. Обвинетиот Сејди Рами, пред и по трагичнитот настан, одржувал контакти со лица кои биле користени како логистика, а потоа се упатил кон фармата на Фејзи Азири, во атарот на скопското село Белимбегово, каде го чекал Фејзи Азири. Токму Азири е посочен како човекот кој ќе го организира бегството на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Македонија на Косово. (Љ.С.)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мотивот на обвинителството прераскажно од албански адвокат, оти му сметале посетители на езерото:facepalm:
Живо ме интересира што разговарале меѓу себе гнидиве, дали тој доказ ќе имаме можност да го слупнеме, правници?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom