Целта на организаторите на протестите е провокација и сеење недоверба кај народот, и албанци и македонци, за функционирањето на системот. Исто како и провокаторот што го забавуваме вечерва на форумот, така и тие ги знаат слабите точки на Македонија како држава и удираат токму таму. Целта е да ви стават сол на раните за да реагирате бурно и непромислено.
Еве малку појаснување за невистините што ги шират. Знам дека е офф топик ама чуствувам потреба да го кажам за да не ја губите вербата и во идина да се избегнат вакви ситуации како вечерва. Се разбира, модераторите имаат право ова да го избришат ако така сметаат (некаде на друго место ќе го напишам).
1. Не е вистина дека не не сакаат во НАТО и ЕУ бидејќи сме македонци. Вистина е дека Грција става вето во НАТО, ни помалку ни повеќе. Мнозинството американски сенатори се за членство. Турција е силен поддржувач што инзуди фусноти во официјалните НАТО документи дека не признаваат под уставно име и дека се противат на ветото. Добар дел од нашата култура е всушност со турски корени и тоа е дел од нас, нема што да се срамиме за тоа (холанѓаните дури велат ”од германска крв” во нивната химна, тоа не ги прави помалку засебни нели). Бугарија, иако понекогаш се напорни, не поддржуваат и за НАТО и за ЕУ. Нема што овде со некој провокатор да се дискутира.
2. Албанија е држава од 1912. Една од најмладите држави на балканот. Помлади се Македонија, Црна Гора, БиХ и Косово. Ама и другите балкански држави не се многу постари, Грција некаде 1830 како сефте. Така да паѓа во вода секакво повикување на национална супремација - во очите на типичната европска држава сите на балканот сме бебиња. Ако некој има најмногу причини да се повикува на некоја позитивна традиција тоа сме токму ние бидејќи уште од Крушевскиот манифест се залагаме за република и слобода на народот а не некакво си царство или други авторитативни уредувања. Рамката за манифестот е американската повелба за независност, било кој републиканец во САД ќе е горд со тоа ако му се спомне.
3. Монтирани процеси имаше и навистина се голем грев. Ама протести уште пред воопшто да се видат доказите нема никаква смисла. Почекајте па после протестирајте. Овде е јасна агендата на провокаторите, тие сакаат со протестите да ја разводнат и политизираат судската постапка и уште од одма велат дека никакви докази нема да признаат. Нема дискусија овде, сосема е очигледна намерата на провокаторот.