Пишав и во ветеринарно катче, па си реков ај и овде.
Мачорот мој (6 годишен) пред малку се врати со мала повреда на вратот испод муцето, баш помеѓу крајниците. Раната не е голема, како гребнатинка, значи не е длабока. Околу раничката има малку засирена крв. Е сега проблемот е што послабо јаде. Значи не е лаком како порано, не трча на секое отварање на фрижидерот и тоа ме загрижува. Некако млитаво е мачето.
Вода пие, пиеше и млеко(ама помалку од вообичаено), јадеше малку конзервирана храна(пола ја остави), и со прст му давав паштета (изеде некаде 1/4 паштета).
Салама, кашкавал, сирење, сува храна не сака да помирисне. Абе ја врти главата и бега. И еве го сега само спие.
Моите ми велат дека си умислувам и дека не му е ништо, ама не, млитаво ми е мачето.
Инаку досега сме се бореле само со настинки и температура и некако ми ги појавува истите симптоми. Ко да е настинато, малаксано... Дали да му дадам капсула ко до сега или ?