Мачки (општи дискусии)

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.431
Поени од реакции
6.078
Имам припитомено едно дворско маче досега. Биди поупорен и ќе почне да се опушта, редовно ќе ти биде во двор кога ќе види дека му даваш јадење и дека немаш лоша намера.
Редовно е во двор веќе 5 месеци(од кога се роди) и цело време го храниме ,се метка меѓу нозе ,али кога сакаш да го погалиш почвит да хрчит и бегат...
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Да прашам нешто. Мачката моја се омачи 3 мачиња и сите беа во ред, убо се развиваја почнаја да јадат. Еден комшија ми побара да му дам едно маче и му дадов. По неколку дена ми го враќа и ми вели абе ова не слуша. Ама мачето беше како преплашено, цело време стоеше во едно место и беше наежено. Можно е да го има тепато и од то да оглуви?
 
Член од
31 јануари 2012
Мислења
75
Поени од реакции
89

Аааа го имаат опасно урочено... трк на бајачка носи го дур е време... може да има последици после во животот.
 
M

Moon Child

Гостин
Да прашам нешто. Мачката моја се омачи 3 мачиња и сите беа во ред, убо се развиваја почнаја да јадат. Еден комшија ми побара да му дам едно маче и му дадов. По неколку дена ми го враќа и ми вели абе ова не слуша. Ама мачето беше како преплашено, цело време стоеше во едно место и беше наежено. Можно е да го има тепато и од то да оглуви?
Не му го враќај и трк на ветеринар. Мачето не реагира така без никаква причина, којзнае што му направил.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Ми се појави мало маче у двор. Што да му дадам да јаде? :)
Зависи колкаво е. Воглавно, пали све што има врска со месо.
Ако сакаш да те запамти, дај му малце мевце, било какво (паштетиче, саламче и друго). Нешто послаб ефект прави млекото. Иако некои викаат дека кравјо млеко не е за маче, може и попара-лепче и млекце (само да не е млекото од фрижидер). И не претеруј со количина, да не му напраиш лом со стомаче ;)

Иначе мачкиве се чудна сорта, ако веќе има своја куќа (некој веќе го заранил), што и да му дадеш нема да ти остане, шо знам...
--- надополнето: 25 октомври 2012 во 20:43 ---
Да прашам нешто. Мачката моја се омачи 3 мачиња и сите беа во ред, убо се развиваја почнаја да јадат. Еден комшија ми побара да му дам едно маче и му дадов. По неколку дена ми го враќа и ми вели абе ова не слуша. Ама мачето беше како преплашено, цело време стоеше во едно место и беше наежено. Можно е да го има тепато и од то да оглуви?

Изглеа си му дал маче на некој психо. Можно е да му направил нешто што не треба. Арно ти пишуе членот подоле, однеси го на ветеринар.

Чисто ме интересира, што се случува со мачето у меѓувреме, дали е ОК?
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Изглеа си му дал маче на некој психо. Можно е да му направил нешто што не треба. Арно ти пишуе членот подоле, однеси го на ветеринар.

Чисто ме интересира, што се случува со мачето у меѓувреме, дали е ОК?
Сега се е во ред само не слуша.
 
Член од
30 април 2009
Мислења
795
Поени од реакции
91
Може да е така родено, особено белите мачки се глуви.Но опстанокот надвор од твојот дом му е загрозен.
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Пишав и во ветеринарно катче, па си реков ај и овде.
Мачорот мој (6 годишен) пред малку се врати со мала повреда на вратот испод муцето, баш помеѓу крајниците. Раната не е голема, како гребнатинка, значи не е длабока. Околу раничката има малку засирена крв. Е сега проблемот е што послабо јаде. Значи не е лаком како порано, не трча на секое отварање на фрижидерот и тоа ме загрижува. Некако млитаво е мачето.
Вода пие, пиеше и млеко(ама помалку од вообичаено), јадеше малку конзервирана храна(пола ја остави), и со прст му давав паштета (изеде некаде 1/4 паштета).
Салама, кашкавал, сирење, сува храна не сака да помирисне. Абе ја врти главата и бега. И еве го сега само спие.
Моите ми велат дека си умислувам и дека не му е ништо, ама не, млитаво ми е мачето.
Инаку досега сме се бореле само со настинки и температура и некако ми ги појавува истите симптоми. Ко да е настинато, малаксано... Дали да му дадам капсула ко до сега или ?
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.783
Поени од реакции
11.339
Еден хинт : не купувајте храна од кам, од толку што е штетна и неквалитетна ќе им ги изгризе внатрешните органи на вашите мачки. Не за џабе викаат квалитетот си има цена, а со тоа и вашите мачки подолг живот.
За неупатените пожелно е миљор гато, вискас, пурина и слично. Варени батаци се коњак, само не е секој отиден до толку. И секако ако ги храните само со сува храна, престанете - тоа треба да им биде онака храна успат, зошто најчесто мажјаците заболуваат од бубрези, читав баш погоре некој член имал фрки, па да си знае дека ова е една од најголемите причинители.
И најбитното : не глумете лекари, правец на ветеринар иако нашиот менталитет е повеќе чекаме да стигне до некој лош стадиум па ги носиме на вет и нема спас, епа нема.
Мачката е како човек, ако не ја вардиш ќе цркне.
Поздрав
 
Член од
20 октомври 2007
Мислења
208
Поени од реакции
5
Абе луѓе имам мачор стар 3 месец и 15 дена, бела е со плави очи, на интернет читав дека ваквите мачки со бела боја и плави очи 90% се глуви, земав од телефон му пуштав звуци што секоја мачка би изреагирала и исплашила од такви звуци он не реагира, исто така му пуштам правосмукалка над уши па дури и го усисувам со неа и не реагира си игра со правосмукалката, дали тоа значи дека е глув ? И уште нешто не ми е проблем што е глуво доколку е глуво, проблем е излеа дека е глув мн е немирен скока по се што имам дома и само мјаука гласно бидејки не се слуша самиот дека мјаука, а надвор неможам да го пуштам не слуша може кола да го изгази. Кој знае како да го смирам дома да е помирен да му направам некоја играчка и слично доколку е можно да се посмири мачкава, зашто искрено ме мрдна треба 100% да го гледам неможам што се вика ни у вц да отидам... Ве молам за помош...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom