Колку и да се ваѓа, изјавата воопшто не е извадена од контекст. Да е пренесена само од еден медиум како и како, но повеќе и тоа релевантни медиуми ја пренесоа изјавата и сега колку и да демантира, џабе е. Изјавата му е ама баш промислена,и таа ја дава веднаш по шпекулациите кои го вметнуваа Кваљарела во трампата на Јуве и Рома за Освалдо, и изјавата ја дава 10 минути покасно од моментот кога Конте/Алесио го извадија списокот на фудбалери на кој список го немаше Кваљарела ниту на клупата за резерви.
Не го оправдувам Ква, и не е во право. Ако не е задоволен од статусот во Јуве, не мора да се обраќа преку медиуми дека би сакал Земан да му е тренер, туку треба да си разговара со Алесио/Конте и Марота, да разговара отворено за неговиот статус во клубот. Ако не можат да дојдат до заедничко решение, нека си поддадат спортски рака, и Јуве во ќар и Кваљарела во ќар. А за довербата што му се укажува, не треба многу да се враќа во минатото, туку нека се потсети на ризикот кој го презеде Јуве да плати 16 милиони евра за него (кога го откупи неговиот договор), а беше среде една од најтешките повреди кои може да ги добие фудбалер и беше голем ризик.
Нормално е да сака што повеќе да игра,но изјавава му е грешка. Во погрешен тајминг, и пред се на погрешно место.