Sex Pistols
Joy Division
Првите имаат само еден и единствен албум, и истиот не е ништо посебно. Ако истите беа од Австралија или пак бивша Ју, нивните песни ќе беа добар избор во раритетни изданија.
Пример Дед Кенедис се многу подобар бенд од Пистолси, и од Рамонси кога се работи за панк музика, но многу послабо котираат на листите за популарност.
Вторите за разлика од погорниве имаат два албуми, рака на срце и двата им се многу добри но сепак нивната популарност се должи оти фронтменот реши да го тестира јажето. Како Њу Ордер ги видовме колку ги бива.
Е сега се скаравме.
Joy Division никако не можат да бидат преценет бенд. Рок музиката има нечисто потекло, настанала како ефтина забава, без некои уметнички претензии. Joy Division се еден од ретките бендови кои го оставиле зад себе холивудксиот синдром на лажна големина кој се провлекува низ рок музиката и створиле навистина уметнички дела. Тие се Достоевски на рок музиката. Unknown Pleasures и Closer се автентични уметнички дела чија важност тешко дека може да биде преценета. Joy Division по моето скромно мислење се најважниот бенд во рок музиката, заедно со Pink Floyd, на кои може да им се замери единствено хипер продукцијата и неизедначеноста на квалитетот од албум до албум.
Не го разбирам аргументот за квантитетот. Што има да се каже на 50 рок албуми што не може да се каже на 2? Мене Rolling Stones ми се одвратни. Нека одат да си ги гледаат внуците наместо да се бламираат. Но парите се слатки и на стари години.
Што се однесува на Sex Pistols, квалитетот на нивната музика е ирелевантен. Важна е енергијата која ја донесоа со себе. Тие претставуваат едно големо и еднозначо НЕ на вредностите кои тогаш беа наметнати во Англија. Не можеш да очекуваш квалитет од луѓе кои генерално не знаеа да свират. Сид Вишс беше примен во бендот затоа што претепа новинар. Одвај знаеше да ја држи гитарата.
Меѓутоа, рок музиката и вака и онака не е значајна од аспект на квалитетни музичари. Важна е енргијата која ја носи со себе, а таа кај Sex Pistols ја имаше во изобилство.