eBay (официјална тема)

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.285
Извини не сум прерподавач. Малце време бев. Сега сум продавач на ибеј. Со трошки повеќе не се занимавам. ;) Не примам нарачки од било кој, не ми пишувајте пп. Ако сакате нарачувајте од мкд владе.
Се забеавав бе, не си клавај толку на срце.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Дали некој што нарачувал му се има случено да не му стигне нарачката? И како е постапката ако не стигне, бидејќи досега не сум нарачувал од овој сервис.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Дали некој што нарачувал му се има случено да не му стигне нарачката? И како е постапката ако не стигне, бидејќи досега не сум нарачувал од овој сервис.
Мене ми се има случено. Ми ги вратија парите во целост. На ибеј постои купувачка заштитеност. Можеш да се пожалиш во центарот на ибеј. Тие ќе ја разгледаат ситуацијата и ќе донесат одлука.
Скоро секогаш одлуката е во корист на купувачот, му ги одзимаат на продавачот ги враќаат на купувачот парите.
Е сега ако претераш со такви работи ќе ти го разгледаат добро акаунтот.

Но претходно треба да разговараш со продавачот, тој може подобро да ти помогне. Пример да ти ја прати уште еднаш пратката...
 
Член од
15 јуни 2007
Мислења
70
Поени од реакции
20
Едно прашање:

Ме интересира за тие што бараат (напишале под инфо на производот) да ти биде испорачана нарачката на адресата од PayPal наместо друга адреса, како да се справам со нив? Да им пратам порака и да ги замолам да ми пратат на друга адреса?

Имам PayPal направено со словенска адреса (со картица од Тутунска зошто инаку нели не може) и сега кај тоа што сакам да го купам под инфо пишува дека само испорачуваат кон PayPal адреси а на PayPal ми стои мене Словенија. На eBay под Shipping information си ја имам вистинската адреса.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301

Скоро сите праќаат на ибеј адресата, ако им пишува дека само на пејпал, ама ако начекаш такви, најубаво да им пишеш порака.
 
Член од
3 декември 2010
Мислења
23
Поени од реакции
1
На PayPal сите податоци ти се точни така ? Освен за држава Словенија.. ако е така не грижи се и кај мене е така а до сега имам направено 50+ порачки од ebay и сите ми стигнале дома.. Во адресата стои мојата точна адреса и Македонија, Словенија.. но кога се селектира испораката мислам дека се гледа поштенскиот број..

Едно прашање:

Ме интересира за тие што бараат (напишале под инфо на производот) да ти биде испорачана нарачката на адресата од PayPal наместо друга адреса, како да се справам со нив? Да им пратам порака и да ги замолам да ми пратат на друга адреса?

Имам PayPal направено со словенска адреса (со картица од Тутунска зошто инаку нели не може) и сега кај тоа што сакам да го купам под инфо пишува дека само испорачуваат кон PayPal адреси а на PayPal ми стои мене Словенија. На eBay под Shipping information си ја имам вистинската адреса.
 
Член од
15 јуни 2007
Мислења
70
Поени од реакции
20
На PayPal сите податоци ти се точни така ? Освен за држава Словенија..
Да сите ми се точни само држава Словенија.. Им пишав порака за секој случај. Фала на двајцата за одговорот.
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
93
Поени од реакции
89
Има ли производи на кои не се плаќа поштарина?
Конкретно патики , дали некој купувал патики преку amazon ili ebay и дали е исплатливо ?
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Има ли производи на кои не се плаќа поштарина?
Конкретно патики , дали некој купувал патики преку amazon ili ebay и дали е исплатливо ?
Зависи како ќе начекаш и од кого. Ако начекаш евтини од некој и без поштарина, ќе ти се исплати, нормално.
Тоа не зависи од Амазон или eBay туку од продавачот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom