КвикСилвер
Модератор
- Член од
- 28 март 2010
- Мислења
- 4.547
- Поени од реакции
- 5.856
Од 1ва страна до сега свртев 3 пати! МЕ РАСПЛАКОВТЕ! :'( Убаво ме потсетивте на лексиконот и памтам кој ќе се потпишеше прв беше најглавен Сабер Рајдер ме потсети на лижавчињата прстен и на тоа за ловење риби. Плочка веќе да не зборам. Исто така игравме шуто дупе и викторија(а зашто ја викавме така поим неам), правевме бункери на дрво и се заградувавме и бевме поделени на маала. Па тука со стапови сме оштреле, пушки справи а усвари со никој не сме се тепале. После памтам на картун нетворк и на бумеранг секоја сабота имаше во 7 саат мислам незнам, како анимиран филм од цртаните што ги даваат кој за жал во целиот свој живот сум го фатил да го гледам 3 пати само . На бумеранг имаше знам реклами многу со играчки кои само сонував да ги имам (тука имаше само плишени и колички). И после тоа од каблеска ми укинаа бумеранг и сум плачел со деновиии . И после неколку години пак ја вратија и ја радосен АМА кога видов дека се сменил ептен си останав тажничок . Памтам после градинка кога ќе дојдев седев во исправен на тросед во спална и имавме сони тв (кој патем уште работи но незнам кај е и има 30 програми) и секогаш ги гледав цртаниве погоре и плус луни тунс. А нешто подоцна после градинка на МТВ имаше многу добра програма и гледав од 11 до 18 часот. И најинтересно ми беше кога гледав БОЕНКА (незнам дали некој гледал) пошто братучед ми беше режисер. Има уште мнооооогу што не ми текнуваат ќе постирам кога ќе ми текне.
Е и да прашам. Имаше една тв програма валда наменета за деца. Имаше како вести и имаше еден со зелена коса мислам дека беше (перика) и кажуваше глупости. После во склоп на истата емисија имаше и деца кои одговараат на прашања и трескаат глупости и уште многу како под сцени како да ги кажам. На крај имаше песна и памтам на сцена имаше едно буре. Ама никако не ми текнува како се вика. Откачени беа