Работи од минатото

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
омг, омг, крајот! :pos: :pos: :pos:
цела тема е урнебес, ама ова е КРАЈ! :pos:
Мислев само ја сум имал овакво. :pos:
Леле колку истрпено има куклава само она си знае! Фрлај ја, влечи ја, колку пати само врз неа сум го истурил гневот коа некој ќе ме изнервира. Замислено другарче. :D
Али гајле немаше, мислам дека уште здрава стои некаде зафрлена. :гик:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Наш свет, Другарче и Развигор легендарните списанија во кои имаше постери од спортисти, па се менувавме кога ќе ни се паднеше некој што не ни е по ќејф


Ја спомна некој легендарната Жмурка ?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
А бе мора у теков на годината да се отворат барем 2 теми за копнеењето по детството и старите времиња. Ај да придонесам малку на темава, општо за телевизијата не коментирам пошо више докурцано ми е истиот муабет да го вртам одново. Ќе кажам само тогаш (крајот на 80тите и почетокот на 90тите) детската програма во целост имаше далеку повеќе смисла од денешната. За книгите би се осврнал као што спомна Вокерка би додал малку друкчиј омот на лектирите кои во мое време беа во лила боја, а имаше и онакви во браон и зелено жолти. Шеќерна приказна, Насмеани капки (Стојан Тарапуза), Лисецот Младоженец, подоцна Големи и мали и лектирата над лектирите - Магарешки години, со Бајо бајазит нормално.
Подоцна почнав и со албумите со слички као Space Jam, Таличен Том, Нинџа желки, оноа италијанското 91`ва, за да кариерата ја завршам со Симпсонови.
Е сеа за виртуелниот свет (а.к.а. седиш пред монитор и тепаш негативци со палка, тастер, шо ти дојде прирака како влезна единица). Почнав со Комодорето кај едно комшиче под мене. Се плешеше најчесто аркади (скок и пук човечиња). Во почетоците на 90тите го добив(ме) првиот персонален компјутер 386ка Макпетрол со 4 мб РАМ, 256 мега меморија и виндоус 3.1. Револуции на дело. Башка имаш глушец ееееј ГЛУШЕЦ! Првите игри се знае Солитер и онаа со мините. Ама Саци си сакаше експериментирање па се дешааше компјутерот да оди неколку пати по сервиси пошо му текнало на идиотов да чачка во Main и Control Panel. После тоа следеа QBasic игрите Горила и снејкс. За да подоцна некаде во средината на 90тите (95/6) почиње размена на трговија и ресурси, такоречиги флопи дискови со разноразни игри со другите комшиски деца. 386ката доживеа длабока старост, дури некаде во средината на 2000те пушти душа.
Е сеа доаѓа третиот сегмент а тоа е искачањата надвор. Се искачаше доста често. Се играше џамлии, сликици на тапка/ќар (кој како ги нареди правилата), се играше пантомима на филмови. Топка поретко се фаќаше пошо имаше лоши деца шо кофискуваа спортска опрема. И, да. Ролери. Иако малку подоцна ги развозев (на 11 години) ипак можам да кажам дека беа дел од моето детство. Шо не имам претрпено со нив.
Детството за жал денес во моето маало да не речам го допира своето дно. Со денови и денови (кога времето е убаво) не се слуша никаков детски џагор. Кошот на плочникот да не речам е веќе одамна заборавен. Лулашки има (дури и подобри од порано, ама деца ретко кога. Знам генерации се мењаат и све, ама ова на каде оди, ич не ми се допаѓа.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
20.354
CafeDelMar, како ти текна алал да ти е на фризбито, колку сме го сакале божеее.. па и центар шок мастиките кисели отроф ама битно кој може да издржи да ги изжвака :)
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
CafeDelMar, како ти текна алал да ти е на фризбито, колку сме го сакале божеее.. па и центар шок мастиките кисели отроф ама битно кој може да издржи да ги изжвака :)
Кога и да отворам слика од Фризбито ми се враќа вкусот како пред некој ден да го имам јадено, а не ни сакам да помислам пред колку години беше. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom