Mакедонската династија, владеела со Византија од IX до XI век.
Одреден број историчари сметаат дека припадниците на македонската династија во Византија, всушност биле потомци на древните Македонци.
Во VIII век, на територијата на денешна Тракија и во дел од југоисточна Македонија, Византија формира област, која ја нарекува "Македонија".
Се смета дека била така наречена поради тоа што во неа биле населени извесен број потомци на древните Македонци.
Токму од нивните редови подоцна произлегле припадниците на македонската династија во Византија.
Оваа династија почнала со царот Василиј Први Македонски (867- 886), а завршила во 1081 година.
За нивното македонско потекло е цитатот од енциклопедијата "Енкарта" (цит. дело, наслов Басил I), каде што во врска со потеклото на Василиј Први стои:
"Василиј Први (812-886), византиски император (867-886) и основач на македонската династија. Роден е во Македонија и потекнувал од селанско семејство".
Во познатата "Комптон енциклопедија" во врска со востановувањето на македонската династија во Византија стои:
"Со крунисувањето на Васил Први Македонски во 867 година била востановена долгата династија македонски цареви" (Compton's Encyclopedia Online v3.0 © 1998 The Learning Company, Inc.).
Bo Католичката енциклопедија (1908) пишува дека припадниците на оваа династија биле од Ерменија, но дека биле од македонско етничко потекло. ("The Catholic Encyclopedia, Volume III", Copyright © 1908 by Robert Appleton Company, Online Edition Copyright © 1999 by Kevin Knight Nihil Obstat, November 1, 1908. Remy Lafort, S.T.D)