И тој самиот вели дека се прилагодува на позицијата позади напаѓачите и дека не е класичен треквартиста, кажа и дека планот бил да менуваат позиции во текот на натпреварот со Маркизио.
Погледнете ја целата акција. Монтоливо прво има контакт со топката на средина на терен, а потоа се уфрлува во напад.
Друго, работа е дали во Милан воопшто може да се размислува да игра позади напаѓачите, затоа што нужно е тој да биде во средина поради недостаток на други квалитетни играчи. Во ова формација што ја форсираат последните натпревари доколку отиде на местото на Боатенг, тогаш двојката пред одбрана ќе биде Амброзини-Де Јонг. Можат да одиграат добар натпревар, но не може Амброзини да има континуитет, а и скептичен сум како ќе изгледа организација на напад и како овие ќе се справат со екипи кои вршат пресинг. Во Италија позади него ги има Де Роси и Пирло, па и Маркизио. во Милан нема таква тројка што би застанала позади него во средина.
Јас и не сум некој фан на 4-2-3-1, сакам тактики со троица во средина (4-3-1-2, 4-3-2-1, 4-3-3). Доколку се игра истата тактика како претходните две сезони, тогаш може да се проба таа ротација што ја прави Прандели, на позициите ќе ротираат Монтоливо и Боатенг. Или средина со Монто-Амбро-ДЈ, а во напад да се трансформира во 2-1-3, Монтоливо влегува во средина, а Боатенг оди десно, лево Шарави, и некој централен напаѓач. Робињо постојано е повреден, но може и тој на месото на Боатенг или да игра како Ибрахимовиќ претходните сезони. Игра како најистурен, но всушност, помага во креација на нападот игра нешто како 10.
Сега отидов да симнам соодветна игрица и да видам колку ова може да се примени.
