El Bohemio
Дечко свака ти част за темава!
The Magus
Ако забележиш пар карактеристики кај себе што одговараат на описот на психопат, не значи дека си психо, а ни дека сите сме по малку психо. Имам гледано документарци на оваа тема и сега не сум сигурен има имаше нешто како список на карактеристики и ако една лично манифестира нешто како 4 или 5 од тој списој може да се класифицира како психопат.
Но сепак клучната карактеристика е немањето емпатија.
Читајќи го првиот пост си помислив, ако менталните нарушувања и болести се толку чести или еве барем половина толку чести како физичките мислам дека општеството му придава на овој проблем далеку премалку значење. Повеќето луѓе можат да приметат дека имаш настинка и ќе ти кажат оди на лекар. Повеќето луѓе не можат да ти кажат дека имаш развиено психолошко растројство и да те упатат на професионалец. Повеќето од нас самите не знаеме дека ни е потребна помош. Може да знаеме дека треба од време на време да одиме на систематски преглед за да фатиме некои болести на време ама кој оди на психолог да испита дали е се во ред со неговото ментално здравје... и дали е такво нешто воопшто возможно.
Не би дозволиле епидемија на било која болест која би го загорзила опстанокот на општеството. Зошто тогаш дозволуваме менталните заболувања да бидат одговорни за смртта на илјадници. Да имаше болест што убила толку луѓе како што убиле манијаците на власт сите ќе знаевме за неа и најдобрите научници сега ќе работеа на наоѓање лек.
Како ова, толку толго ни промакнува, не можам да сфатам.
Друга ствар, колку се нашиве политичари ментално здрави? И зошто толерираме луѓе со пороци да бидат на власт. За Бранко се збореше дека пиел, дека се дрогирал... сешто. Ја не би дозволил пијаница или наркоман да ме вози во кола, а ние како општество на таквите луѓе им ја предаваме контролата над државата. WTF!
--- надополнето: 18 октомври 2012 во 10:39 ---
Наброј ми еден голем руски владател кој не бил тиранин? Сите тие тирани насила го модернизирале рускиот народ и го ваделе од темнина. За Петар Велики викале дека е инкарнација на ѓаволот а денес им е најголема историска личност.
На една документарна емисија баш кажаа... демек за време на владеењето на Иван Грозни, нешто како една третина до популацијата загинала на овој или оној начин. За времето на Петар Велики, една половина.
Не знам колку е точно.... ама факт е дека имаат тенденција да добиваат владетели што не го ценат многу човечкиот живот.