Самоубиство!

Z

zmej gorjanin

Гостин
јас пак тааквите како тебе никогаш не ги разбрав ( ботно ви е само да реплицирате да си имате дискусија а дали некој ке се самоубие баш ви е гајле)
кај спомнав бе дека јас знам се за животот - јас знам за една голема животна мака (борба)
А кој ти застанал на пат? Иди бори се. Муабетите повторно се сведуваат на материјални аспекти како финансиски причини, физички недостатоци, болести итн. и после се прават глупи споредби од типот - Како овие сакаат да живеат, а ти не сакаш? Во превод некој сака да ти наметне грижа на совест и те омаловажува заради тоа што се осеќаш мизерно. Зошто сметаш дека само овие луѓе имаат причина да сакаат да престанат да живеат? Зошто некој со совршено нормални услови за живот во моментов не смее или не би требало да посака такво нешто? Се додека духот не е скршен е добро, се до тогаш ќе постои некаква воља да зборуваш за проблемите, нештата кои ти се случуваат сеуште ќе можат да ти направат разлика, сеуште ќе имаш желба да осознаеш нешто непознато, ќе сакаш да отидеш на непознато место и ќе се нервираш доколку не го правиш тоа. Проблемот е што духот е доста кршлив, особено на порана возраст кај интровертни и пресензитивни личности на кои од животно значење им е да се потпираат на некој или да имаат некој или некои покрај себе додека "да научат да одат". Така да било какво дочекување на нож на луѓе со ваква мака ниту ќе им помогне на нив ниту на било каков начин ќе ги поттикне да си ги решаваат проблемите.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Мое мислење за случкава погоре... ок е се е тоа супер, но ако бев јас на нејзино место сигурно ке се одлучев на капут ауфидрзејн... ако не одма после некое време откако ќе увидев дека нема фајде и дека не може да се опоравиш од ситуацијата( и тоа ќе го направев пред мажот да се приврзе до таа мера да му стане навика и целосна окупација грижата и негата моја(само колку јас да вегетирам-- не можам да речам живеам оти тоа повеќе личи на вегетирање како растение неподвижно........
Ако имаш некогаш деца, ќе видиме дали ќе ти биде така лесно да си го одземеш животот.
Ќе сакаш да ги видиш како растат и стануваат свои луѓе.
Ама добро, кога животот не ни дошол во таква криза - сешто може да кажеме.

Патем, ви избришав некои мислења кај што си зборевте за Бог и за религија.
Таква тема и таква дискусија ќе може да си почнете во соодветниот подфорум - религија.
А така.
 
Член од
3 септември 2012
Мислења
127
Поени од реакции
117
Ако имаш некогаш деца, ќе видиме дали ќе ти биде така лесно да си го одземеш животот.
Ќе сакаш да ги видиш како растат и стануваат свои луѓе.
Ама добро, кога животот не ни дошол во таква криза - сешто може да кажеме.

Патем, ви избришав некои мислења кај што си зборевте за Бог и за религија.
Таква тема и таква дискусија ќе може да си почнете во соодветниот подфорум - религија.
А така.
Не знам дали смее да се реплицира на модератор, ама мислењата што се избришани беа во контекст на темата и уште повеќе задираа во нејзината срж. Ако внимателно се прочитаат другите мислења, ќе се види дека се даваат трогателни примери кои немаат врска со предметот на дискусија, освен тоа што некои сугерираат и советуваат дека некој требало да се самоубие во некаква си ситуација. За разлика од нив дискусиите што држат до суштината сте ги оцениле како забегување од темата.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Премногу ми е жал кога ќе слушнам дека некој сака да си го одезеде животот... премногу е лошо кога се слушаат такви работи млади животи низ светов заминуваат дали поради своја волја или поради сообраќајка сеедно важно заминуваат но бидејќи тука темава е за самоубиство еве нешто да пишам ... иако јас самиот себе си не можам да си помогнам ситуација со животот ми е хаос но сакам нешто да напишам ... до тие кои размислуваат тука за самоубиство... секој си има право на свој избор... еве некои работи кои мислам дека треба да ги прочитате ...

Секогаш викај те не се откажувам. Ќе се борам додека не паднам. Тоа е сила што е во моите вени. Се работи само за имање малку верба во фактот дека сé додека можете да земете здив во овој универзум имате шанса...


И кога ви е најтешко и колку да ви е тешко едноставно викајте Можам сам а можам и против сите
( ова еден член од кајгана форумов го имаше пишано но не ми текнува и само браво за него) (y)


А еве една фотка до оние кои патат за некого ... кои имаат скршено срце и кои сеуште не се опоравија .. а се надевам дека еден ден ќе биде поинаку дека ќе ја сретнат својата љубов.
402853_407796919269216_1627976533_n.jpg

Нели има некоја вистина во текстот на сликата... ? мене ако ме прашате јас ќе ви одговорам дека да има.

Иако сите патиме од фактот дека светот го вртат парите и дека без пари не може ништо да се има и знам дека некои луѓе парите ги прават да се осеќаат подобро но сепак парите се само ливче хартија за која не треба толку да се замарате и сл. и еве на кои работи треба да се радувате само потребно е да ги активирате вашите очи и вашите нозе...Животот е полн со убавина. Забележете ја. Забележете го бумбарот што лета, малото дете и насмеаните лица. Помирисајте го дождот, почувствувајте го ветрот. Живејте го животот со максимум потенцијал и борете се за остварување на вашите сништа...зарем не е така? признајте си? земете заминете накаде во најблиската шума седнете или легнете на тревата почуствувајте го мирисот на чистиот воздух и едноставно оставете го мозокот на пасење... за ова не се потребни пари и сл. само треба да се активирате самите себе си...

И ако мислите дека не постојат луѓе добри кои имаат добри намери ќе згрешите со тоа мислење бидејќи токму тука на овој форум има сеуште луѓе добри кои сакаат да помогнат кои имаат добри намери а верувам и дека истите тие луѓе ќе ви помогнат... бидејќи јас самиот видов дека откако пишав во сандаче ми пишаа и се обидоа да ми помогнат и сеуште се обидуваат ... но сепак само сакам да знаете дека понекогаш е подобро да живеете отколку да го завршите вашиот живот порано иако секој живот си има проблеми од различни работи но секогаш е така во животот секогаш имало во сечиј живот проблеми дали мали или големи имало но сепак затоа треба да одиме со глава крената и во нови победи колку и да не ни од рака треба да се обидуваме ... и колку и да не боли едноставно кажете си на себе си можам јас ќе го направам и да нема некој да ве подржува, подржувајте се самите себе си... за вистински пријатели постојат само треба да ги најдете ако веќе ги немате... и нека не ве растажува тоа што има и лоши луѓе кои свесно и безсвесно некого го повредуваат.

Сепак на вас ви останува само да одлучите дали ќе одите напред и да откриете што се крие овој свет а има многу убавина затоа верувам дека еден ден ќе се извлечете од таа сегашна ситуација и само ќе се насмеете слатко и ќе си речете во себе си ех која будала бев се нервирав и запаѓав во депресии за ништо. и верувам дека ќе се радувате на секое утро и на слаткиот мирис на утрото и на црното кафе. (y)
 
B

Black Guard

Гостин
И кога ви е најтешко и колку да ви е тешко едноставно викајте Можам сам а можам и против сите
( ова еден член од кајгана форумов го имаше пишано но не ми текнува и само браво за него) (y)
:)
А штом он може сигурно можеш и ти, и ПОВЕЌЕ!!




..Животот е полн со убавина. Забележете ја. Забележете го бумбарот што лета, малото дете и насмеаните лица. Помирисајте го дождот, почувствувајте го ветрот. Живејте го животот со максимум потенцијал и борете се за остварување на вашите сништа...зарем не е така? признајте си? земете заминете накаде во најблиската шума седнете или легнете на тревата почуствувајте го мирисот на чистиот воздух и едноставно оставете го мозокот на пасење... за ова не се потребни пари и сл. само треба да се активирате самите себе си...

И ако мислите дека не постојат луѓе добри кои имаат добри намери ќе згрешите со тоа мислење бидејќи токму тука на овој форум има сеуште луѓе добри кои сакаат да помогнат кои имаат добри намери а верувам и дека истите тие луѓе ќе ви помогнат... бидејќи јас самиот видов дека откако пишав во сандаче ми пишаа и се обидоа да ми помогнат и сеуште се обидуваат ... но сепак само сакам да знаете дека понекогаш е подобро да живеете отколку да го завршите вашиот живот порано иако секој живот си има проблеми од различни работи но секогаш е така во животот секогаш имало во сечиј живот проблеми дали мали или големи имало но сепак затоа треба да одиме со глава крената и во нови победи колку и да не ни од рака треба да се обидуваме ... и колку и да не боли едноставно кажете си на себе си можам јас ќе го направам и да нема некој да ве подржува, подржувајте се самите себе си... за вистински пријатели постојат само треба да ги најдете ако веќе ги немате... и нека не ве растажува тоа што има и лоши луѓе кои свесно и безсвесно некого го повредуваат.

Сепак на вас ви останува само да одлучите дали ќе одите напред и да откриете што се крие овој свет а има многу убавина затоа верувам дека еден ден ќе се извлечете од таа сегашна ситуација и само ќе се насмеете слатко и ќе си речете во себе си ех која будала бев се нервирав и запаѓав во депресии за ништо. и верувам дека ќе се радувате на секое утро и на слаткиот мирис на утрото и на црното кафе. (y)
Во мојата 4 ГОДИШНА кајганџиска Кариера немнам прочитано подобро мислење, нешто изворно од СРЦЕ чисто како солза жива вистина.

Едноставно не сум во состојба да опишам колку ми се разубави денот откако ова го Прочитав!!

Не можам да си дозволам да го игнорирам талентот,потенцијалот и креативноста на цитираниот член-СЕКОЈА ЧЕСТ.(n)

Иако сите патиме од фактот дека светот го вртат парите и дека без пари не може ништо да се има и знам дека некои луѓе парите ги прават да се осеќаат подобро но сепак парите се само ливче хартија за која не треба толку да се замарате и сл. и еве на кои работи треба да се радувате само потребно е да ги активирате вашите очи и вашите нозе.

Точно така нив парите ги прават среќни они се несреќни, длабоко во себе се несреќници кои освен шопинг,згради и автомобил не можат да ја видат таа...таа магија која ти ја опиша


.Животот е полн со убавина. Забележете ја. Забележете го бумбарот што лета, малото дете и насмеаните лица. Помирисајте го дождот, почувствувајте го ветрот.
А без таа убавина животот ја губи смислата.

Навистина мирисот на дождот....тоа е тоа...ЖИВ СИ ти си НЕБЕСНА МАШИНА!!
 
L

.Lost Angel.

Гостин
:)
А штом он може сигурно можеш и ти, и ПОВЕЌЕ!!






Во мојата 4 ГОДИШНА кајганџиска Кариера немнам прочитано подобро мислење, нешто изворно од СРЦЕ чисто како солза жива вистина.

Едноставно не сум во состојба да опишам колку ми се разубави денот откако ова го Прочитав!!

Не можам да си дозволам да го игнорирам талентот,потенцијалот и креативноста на цитираниот член-СЕКОЈА ЧЕСТ.(n)




Точно така нив парите ги прават среќни они се несреќни, длабоко во себе се несреќници кои освен шопинг,згради и автомобил не можат да ја видат таа...таа магија која ти ја опиша




А без таа убавина животот ја губи смислата.

Навистина мирисот на дождот....тоа е тоа...ЖИВ СИ ти си НЕБЕСНА МАШИНА!!
Најискрено од се срце фала на сето ова (y) Секој збор е од точен поточен (y)
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Две самоубиства во Скопје - Маж се фрлил од зграда, жена си пукала во глава

Вчера во Скопје полицијата регистрираше две самоубиства. Едното во населбата Карпош, а другото во Маџари, во кои животот си го одзеле жена и еден маж.

Во населбата Маџари животот си го одзела триесетгодишна жена. Таа си пукала со пиштол во глава и починала на самото место. Во населбата Карпош, пак, се самоубил педесет и седумгодишен маж. Тој скокнал од терасата на зградата во која живеел, и од повредите починал на самото место .
И во двата случаи полицијата извршила увид и утврдила дека мажот и девојката сами си ги одзеле животите. Засега сe уште не се познати причините и мотивите за двете самоубиства.


 
O

onlya

Гостин
Две самоубиства во Скопје - Маж се фрлил од зграда, жена си пукала во глава

Вчера во Скопје полицијата регистрираше две самоубиства. Едното во населбата Карпош, а другото во Маџари, во кои животот си го одзеле жена и еден маж.
Во населбата Маџари животот си го одзела триесетгодишна жена. Таа си пукала со пиштол во глава и починала на самото место. Во населбата Карпош, пак, се самоубил педесет и седумгодишен маж. Тој скокнал од терасата на зградата во која живеел, и од повредите починал на самото место .
И во двата случаи полицијата извршила увид и утврдила дека мажот и девојката сами си ги одзеле животите. Засега сe уште не се познати причините и мотивите за двете самоубиства.

Туу а ја па пред некој ден сонував како кај мене во маало поточно зградата карши некоја жена рипнала од тераса (бајаги високо) и сето тоа го гледав. Колку беше језиво на сон не па во живо :confused:
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Пред десетина години другар се фрли од кулата во Ново Лисиче.Имаше 20 год.Дома остави писменце со следнава содржина: Никого несакам да окривувам, никој ништо не ми згрешил, едноставно не ми се живее.За вкусовите не се дискутира , нели. И на крај нацртал :) (???!!)
Денес сеуште немам баш јасен став околу самоубиството.Ниту сакам да го окривам ниту да го оправдам, но сепак повеќе го оправдувам отколку убиството.Самоубиците за разлика од убијците си посегнуваат по сопствениот живот а не по нечив туѓ.
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
78
Поени од реакции
78
Самоубиството не е решение! Мајка на мој добар другар се самоуби, трагедија. Сакам да најдам оправдување за тоа што го направи и наоѓам, но кога ќе го погледнам другар ми, тие тажни и очајни очи.... не постои оправдување... се отепав од плачење и криво ми е, и гневна сум и беспомошна... да знаеш дека има барем малку надеж, ќе се бориш, вака... И си мислев деновиве колку е апсурден самиот чин, се откажуваш од сè зошто си кукавица и не сакаш да се бориш но си храбар во моментот кога го извршуваш самоубиството. Гадна иронија! Никогаш не сум видела толкава болка на нечие лице, мојот другар е во агонија....


Sent from my iPad using Tapatalk HD
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Значи пред да почнам да се разбереме ова ми е втор или трет пост на темава со што веќе самиот се осеќам како attention whore и почнувам да спиздувам од самиот себе си. Ве молам не ме цитирајте или праќате во пораки надежни мисли и што уште не, веќе кажав! Си дадов самиот рок, иако знам како ми се можностите и што напредок нема. Сега некој ќе рече кратко време, нема врска тоа почекај. Знам што и колку можам, веќе вака сигурно не... Ништо не се мењава, нема депре ме мава како лудо, срање ситуација дома и насекаде.. Како да е тоа нешто ново, да ќе се сменело идело подобро. Па кај е тоа подобро да му ебам мајката у пичка цел живот го чекам! Имаше и убаво моменти, ама јебига углавном се е срање.. И онака нема да фалам на никој. Коцките се фрлени нема назад, кај и да е ќе биде. Чекам само поволен момент, другото се останува загадка на времето...
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Значи пред да почнам да се разбереме ова ми е втор или трет пост на темава со што веќе самиот се осеќам како attention whore и почнувам да спиздувам од самиот себе си. Ве молам не ме цитирајте или праќате во пораки надежни мисли и што уште не, веќе кажав! Си дадов самиот рок, иако знам како ми се можностите и што напредок нема. Сега некој ќе рече кратко време, нема врска тоа почекај. Знам што и колку можам, веќе вака сигурно не... Ништо не се мењава, нема депре ме мава како лудо, срање ситуација дома и насекаде.. Како да е тоа нешто ново, да ќе се сменело идело подобро. Па кај е тоа подобро да му ебам мајката у пичка цел живот го чекам! Имаше и убаво моменти, ама јебига углавном се е срање.. И онака нема да фалам на никој. Коцките се фрлени нема назад, кај и да е ќе биде. Чекам само поволен момент, другото се останува загадка на времето...
Ако си изморен од борба, одмори се. Прави што сакаш само немој да го направиш тоа. Ако треба цела ден седи во соба плачи,дери се, однесувај се како луд само немој да извршиш самоубиство. Секој проблем има решение, знам дека не го гледаш во моментов ама штета би било една личност како тебе да си замине од светов. Ако може толку идиоти да живеат и да создаваат проблеми не гледам причина зошто да не продолжиш и ти.
Знам дека ништо незнаеш, ама продолжи понатаму. Ке бидеш изненаден од бројот на луѓе кои се наоѓаат во ситуација која е иста со твојата. Ке се изненадиш од границите до кои што може да одиш. Не е битно во каква ситуација си во моментов, само продолжи, не ја прекинувај играта. Една ден правилата ке ги смениш, и ке сватиш колку си грешел. Сакам да го видам изразот да твоето лице кога ке ги промениш правилата, кога нештата ке тргнат на подобро. И самиот кажа дека имало убави моменти, зошто да не продолжат истите?
 
3

321456

Гостин
Copycat suicide или Werther effect е познат е ефект на зголемување на бројот на самоубиства по објавена вест за самоубиство.
Кај нас идиотските новинари што од незнаење, што за да пополнат место, што за да свртат внимание од нешто друго, редовно известуваат за самоубиствата.

Чиста субјективна забелешка ми беше дека од пред неколку недели започнаа повеќе да известуваат за самоубиствата.
Згрозен бев денеска кога главна вест во медиумите беше самоубиството на младата девојка. Случајот го сензационализираа и го идеализираа, дури и покажаа вести од местото на настанот и слики. Каде им е совеста?

Па и МВР редовно во дневниот билтен објавува и за смртните случаи во кои недвосмислено се работи за самоубиство, па самоубиството не е кривично дело, медиумите оттаму црпат информации и ако некој случај е „поинтересен“ редовно прават статија и никогаш не го следат новинарскиот код на известување: Да не се објавува веста на нсловна страна или главни вести, да не се спомнува зборот самоубиство, да не се употребуваат слики, да не се зборува за причината на долго и на широко...

Треба за ова новинарите да имаат поголема свест. Можеби некогаш веста е последната сламка на грбот на камилата.
 
R

Randy

Гостин
Ќе напишам нешто може некому ќе му користи. Кој не се сложува слободно нека ми реплицира целта не ми е да се докажувам туку да осознаам некои поинакви мислења и да видам дали можеби не сум во право.

Проблеми имаме сите и тоа најразлични. Факт е дека многу проблеми ќе се решат со тек на време, некои проблеми дури ќе покаже времето дека не биле воопшто важни, а ние сме мислеле дека тоа е којзнае колку важно или дека ако тоа не се среди ќе е крај на светот. Колку и да изгледа тешко и невозможно факт е дека се ќе испадне добро и ќе биде подобро. Важно е човек да се труди да учи да работи да осознава нови работи и да не се предаде. Важно е да не престане да се обидува да ги подобри работите. И да не успее првиот пат вториот пат секогаш има следен пат и секогаш треба да се проба. Кај и да е ќе успее. И ако човек нема идеја да се обидува да најде нешто да не престане. Човек не смее да престане и да се предаде. Треба да се бори и да се има некој инает и да се рече: „Не му се давам никому ќе им ебам мајката пичка им мајчина.’’

Самоубиството е работа после која нема враќање. Треба да се помисли и на најблиските, семејството, пријателите. Вистина е дека во секое семејтво и пријателство има конфликти и недоразбирања ама самоубитсвото е за најблиските најголема трагедија. Не заслужуваат да бидат изложени на таква болка и срам (срам од околината ). Треба да се мисли и на нив.

Е сега неколку практични совети. Гледам дека веќе некое време владее некој песимизам за иднината кој е поврзан со политичката и економската ситуација која е лоша. Најважно е кога таков песимизам ќе се појави човек да не гледа вести, да не прати политика и слични глупости барем неколку недели ако не и месеци. И кога ве фаќаат депресивни мисли направете муабет со најблиските (мајка татко брат сестра добар пријател кој и да е) ќе ви помогнат. И одете спортувајте нешто, излезете забавувајте се заборавете на глупости.

Со други зборови самоубиство не смее да се прави туку човек мора да се бори и да не се предава. И проблемите со работа и борба кај и да е ќе се средат и ќе биде поубаво.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Еве нешто што мислам дека од ова нешто ќе извлечете некоја поука дека барем 1 работа ќе смените во вашиот живот и ќе сватите барем нешто ...
559466_425977970784444_355771825_n.jpg

Како ветеринар ме повикаа да прегледам едно 10 години старо куче, кое се викаше Бак. Неговите стопани и нивното дете Марко, беа многу приврзани за кучето и се надеваа на чудо.

Го прегледав Бак, и открив дека умира од рак. Беше пред умирање. Имаше уште неколку часови живот.Гледајќи го семејството
како жали по кучето, ми го стегна грлото, но си помислив дали момчето Марко воопшто знае што се случува со неговото куче.

Наскоро,кучето Бак мирно почина. А Марко изгледаше многу смирен, изгледаше дека многу лесно ја прифаќа смртта на кучето.
Седнавме заедно некое време по смртта на Бак, и размислувавме гласно, зошто кучињата живеат пократко од луѓето.
Марко,к ој слушаше тивко, наеднаш извика, “Јас знам зошто.“

Наеднаш, сите се свртевме кон него. Следното што го кажа Марко ме запрепасти.
Не сум слушнал подобро објаснување. Ми го промени начинот на размислување во животот.

Тој рече „Луѓето се раѓаат за да научат како да живеат добар живот – како да ги сакаш сите и да бидеш фин, така?“ продолжи Марко,

„Па, кучињата веќе знаат како да го прават тоа, па затоа не треба да живеат толку долго...“

Запомнете,од куче може да научите некои работи:

- Кога саканите ќе пристигнат дома, секогаш истрчајте да ги пречекате.
- Никогаш не пропуштајте прилика да одите на прошетка.
- Секогаш уживајте во свежиот воздух и убавото сонце.
- Дозволете си да дремнете.
- Истегнете се пред да станете.
- Трчајте, скокајте и играјте секојдневно.
- Уживајте на тревата и под сенките во топлите денови.
- Кога сте среќни, уживајте.
- Бидете верни.
- Никогаш не се преправајте да бидете нешто што не сте.
- Ако тоа што го сакате е закопано,копајте ,додека не го пронајдете.
- Ако некој имал лош ден, бидете тивки, седнете блиску, и галете ги нежно.
- Бидете со оние кои ве исполнуваат, животот е прекраток за да бидете се освен среќни. Да паѓате доле е дел од ЖИВОТОТ... Да се научите да станувате е ЖИВЕЕЊЕ..
vistinska-prikazna-zivej-go-zivotot.jpg
Неодамна, еден убав сончев ден враќајќи се од училиште една девојка го сменила правецот на патот кој водел до нејзиниот дом. Замислена бавно чекорела. За што размислувала? За иднината и за е она што се случувало околу неа. Одлучила да се упати кон езерото.
Прошетките биле нејзината слабост. Водата, птиците, планините, со еден збор природата значеле нејзиниот живот, таму секогаш наоѓала мир. Кога чекала да ја премине улицата односно зеленото светло некој ја допрел за рамото.
Кога го кренала погледот здогледала еден старец, имал околу 70 -тина години, се познавало неговото веќе уморно лице. Во својата десна рака носел кошничка во која имало 50 црвени рози.
Старецот извадил една и со искрена насмевка и ја подарил на девојката велејќи и дека цвеќе е најубавиот подарок што може да го добие секоја девојка. Таа веднаш го сменила изразот на нејзиното лице, се насмевнала и ја прифатила розата заблагодарувајќи се.
На семафорот се вклучило зелено светло, ја преминале улицата и се упатиле кон паркот, крај езерото. Таа кажала дека ги обожава цвеќињата и се восхитува на неговиот гест, а старецот одеднаш почнал да ја раскажува својата животна приказна.
И раскажал дека неговата сопруга била најубавата жена што некогаш ја видел, дека многу ја сака, дека сè ќе направи за неа, дека ако и се случи нешто нема да може да си прости, дека ќе го даде својот живот за нејзиниот, дека розите всушност биле симбол на нивната љубов односно нивната 50 - годишнина.
Девојката била трогната, да споменам таа не верувала во тоа дека некој може толку силно да сака некого, од тоа што дотогаш го имала видено мислела дека љубовта е минлива и не им верувала на припадниците на посилниот пол.
Радосна на туѓата среќа со восхит го слушала. Кога старецот ја завршил својата животна приказна веселата девојка веќе ја немала таа ведрина и живост во себе, нејзиниот лик се променил, очите и се насолзиле, душата и била празна, чувствувала немоќност. Всушност тој бил упатен кон старите гробишта, да ги остави црвените рози на нејзиниот гроб.
Да, неговата сопруга не била повеќе покрај него, таа млада заминала и го оставила сам, целиот живот тагувал преостанувајќи му да ја гледа нејзината слика и да се сеќава на убавите моменти со својата сопатничка.
Живеј го животот! Живеј додека можеш ти да бидеш водичот во него, пронајди ја вистинската љубов, сакај и никогаш не престанувај да ја негуваш, не дозволувај да ја изгубиш, ќе сфатиш дека си погрешил, но веќе ќе е премногу доцна.
Не откажувај се од ништо во животот, бори се за тоа што те влечи, што го сакаш, што те исполнува. Научи да се извиниш и признај кога грешиш, а исто така и да простиш. Радувај се на сопствената, но и на туѓата среќа.
Биди оптимист во вистинската смисла на зборот, секогаш во главата имај позитивни мисли. Биди искрен и чесен.
Живеј со ентузијазам! Се има своја вредност, цени ја и не потценувај никого.
Едноставно, животот е еден, па затоа не испуштај ја шансата што ти ја дава.
___________________________________________________________
И уште нешто ако се навратите поназад во темава ќе сретнете едно мое мислење каде што пишував дека животот е :гомце: и ред други работи а погледнете сега како пишувам да јас сум тој кој повторно ставам нови работи на оваа тема јас сум жив сеуште зошто? затоа што животот додека го гледате црно тој така ќе ви изгледа ако малце го погледнете на бело ќе видите бело се зависи до вас знам како е кога немате сили верувајте дека знам знам некој членови од тука од темава со кои имам правено моабет сакаат да си го одзедат животот а и еве и до нив јас пишував многу работи за животот дека ми беше :гомце: лош,без надеж и тн. но денеска и секој нов ден ми е поинаков како? успеав во сето тоа вака почнав и си реков колку и да немам надеж и немам волја ќе почнам да запознавам нови пријатели нови луѓе и тоа го направив започнав барам нови пријатели се дружам на секој кој му треба помагам па и така и своите проблеми си ги заборавам услугам правам на другите а и на себе си навечер пред да заспијам тивко си пуштам музика и мозокот го оставам на пасење едноставно уживам во работите во кои порано уживав, возам точак на сабајле во 6-7 часот до Водно уживам во чистиот воздух во утрата во сонцето иако сам но едноставно уживам во природата, гледам секој ден да ги зголемувам минутите во кои ќе уживам одам на гости каде што одмна не бев неодамна го посетив дедо ми со кој си направив моабет и знаете што чуството ми е се поубаво секој ден успевам барем да бидам расположен максимум барем 20 минути уживам во кафето кое го пијам наутро со мајками во моабетите со новиот другар во споделувањето на тагата, на среќата уживам во моабетот на новата пријателка која ја запознав со која споделуваме мислења, моабети со која си даваме подржшка за животот гледате во рок од 2 месеци како започнаа работите да одат на подобро зошто? затоа што јас сакав и тргнав од мртвата точка повторно одам нагоре иако сеуште постојат проблеми но зошто пак сум среќен на моменти? затоа што повеќе не гледам толку црно на работите бидејќи секоја работа лоша,добра,среќен момент поминува ама баш се поминува затоа и гледа што помалку да се нервирам повеќе не се срамам од самиот себе си бидејќи вистинските пријатели оние кои ме сакаат ќе ме прифатат ама баш онаков каков што сум со она што имам материјалните работи гледам да не ми значат гледам парите да не преставуваат проблем во мојот живот бидејќи за да бидете среќни не ви требаат пари ви треба само желба и да размислувате што повеќе ведро можете ќе кажете еј па овој се кажува дека му е топ не, мене не мие супер се сеуште имам милион проблеми како и домашни така и на работа така и на љубовно поле но затоа гледам да бидам што повеќе ведар да бидам што повеќе со ведри мисли гледајте секогаш чашата да ја спуштите пред да легнете гледајте што повеќе вашите среќни моменти минути да ги зголемувате и најважно Материјалните работи да не ви бидат причина за среќа ... се надевам дека од оваа минута во која го пишувам ова дека барем еден од вас кои сте на оваа тема ќе свати барем 1 нешто што сакам да кажам со сето ова ... и уште нешто дружете се само со вистински пријатели доволни се само 2-3 вистински пријатели за кои тука ќе бидат секогаш за вас и вие исто така да бидете за нив, бидејќи тоа што сакате да го добиете мора прво да го дадате. и имајте пријатна вечер и пријатен ден. (y)
Бесмислено е да ги мразиш сите рози, затоа што си се изгребал на еден трн...

Мораме да запомниме дека не сме единствените кои се нашле во безизлезна ситуација. Исто како што леталото од хартија се крева на ветрот, дури и најтешките маки можат да нé направат посилни. Како што илјадниците пред нас ги снашла иста судбина и успеале да се справат, така можеме и ние!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom