Еве ви уште една партија која е про-темава
СЛОБОДА И НАПРЕДОК
Ставови за хомосексуалноста, хомосексуалните бракови и посвојувањето деца од хомосексуалци
Вовед
Чувствуваме потреба да го дадеме нашиот став хомосексуалноста бидејќи е една од темите која деновиве го привлекува вниманието на јавноста.
Првиот принцип на партијата
Слобода и напредок (интернет-страна) е слободата и тоа не e само декларативно, туку навистина ја сакаме. Оттука, мешањето во начинот на кој другите го водат својот живот сметаме дека е цивилизациски назадно и непосакувано.
Ние сме против негативната дискриминација на било која група луѓе.
За хомосексуалноста како појава
Слобода и напредок ги прифаќа меѓународо прифатените ставови за хомосексуалноста во психологијата кои велат дека иако се јавува само во околу пет проценти од населението хомосексуалноста е наследна, т.е. извира од природата.
За браковите
Бракот не е само симбол за емоционалното поврзување меѓу партнерите, туку е и правна институција (правна, т.е. легална структура со внатрешни механизми и правила на однесување) која на партнерите им дава дополнителни права и обврски. Во овој момент сакаме да Ве потсетиме дека Република Македонија е држава чиј правен систем се однесува подеднакво кон секој граѓанин. Оттука, Слобода и напредок има став дека хомосексуалците, како и сите останати маргинализирани групи, треба да имаат еднаков пристап до сите правни механизми кои државата ги нуди. Бидејќи ги поддржуваме сите институции кои настануваат како резултат на слободната волја на луѓето, се залагаме за слободата на сите поединци да имаат еднаква можност за стапување во брак, без оглед на групната или етничката припадност, сексуалната ориентација, верата, или трети убедувања.
За посвојувањето деца
Има голем број деца без родителска грижа. Поттикнати од вистинската желба за подобар живот на децата без родители, Слобода и напредок смета дека глвната државна грижа е да им најдат заштитник или семејство кои прифатиле да одвојуваат време и ресурси за своето посвоено дете, без оглед на групната или етничката припадност, сексуалната ориентација, верата, или трети убедувања на заштитниците, но во рамките на општо-прифатените напредни цивилизациски вредности. Оттука, во случај на добивање политичка моќ, Слобода и напредок ќе ги отстрани сите правни ограничувања кои ја оневозможуваат или успоруваат постапката за посвојување.
Идеолошките и сексуалните правци на посвоеното дете не се и не треба да се грижа на државата. Во однос на нивниот правилен развој, државата има институции кои можат да реагираат во малку веројатните случаи на погрешно однесување со посвоените деца од страна на заштитниците.
Заклучоци
Оттука, Слобода и напредок има став дека:
- Иако е ретка, хомосексуалноста е наследна и произлегува од природата;
- За државата, бракот е правна институција која можат да ја користат сите кои сакаат да ја склучат со слободна волја;
- Прва задача на државата е да им помогне на децата без родители во нивното лично барање за свој посакуван дом без оглед на потеклото и убедувањата на заштитниците, а потоа и тековна проверка на состојбата.
Ви поскакуваме пријатен и успешен ден.
Блогов ја објавува партијата Слобода и напредок (СН) која ќе биде регистрирана после основачко собрание кое планираме да се одржи во следните три месеци.
Интернет-страната разгледајте ја овде. Влезете во нашата Фејсбук-група овде. Кратката презентација можете да ја погледнете овде. Предлог-статутот можете да го прочитате овде.
Во процес сме на собирање интелектуална основа за Слобода и напредок. Би сакале и Вие да бидете еден од основачите, така што ќе ја потпишате Изјавата за основање (не е барање за членство).
17 октомври 2012 г.
Текстот не е лекториран.