- Член од
- 14 мај 2011
- Мислења
- 374
- Поени од реакции
- 388
Нарцис
Што ќе ми е сега песна
кога насловот кажува се`:
демек, Јас - добра и посветена
а Ти себичен и далечен.
Ама, нееееее!
Нема веќе цимолење поради
пресна модрица на егото свилено.
Одамна беше заборавив
учевме нешто психологија -
колкава количина его е здраво
да негувам кај себе и кај него
за да бидеме два расцветани
убави и среќни нарциса.
Прашање е само -
кој е поголем.
Што ќе ми е сега песна
кога насловот кажува се`:
демек, Јас - добра и посветена
а Ти себичен и далечен.
Ама, нееееее!
Нема веќе цимолење поради
пресна модрица на егото свилено.
Одамна беше заборавив
учевме нешто психологија -
колкава количина его е здраво
да негувам кај себе и кај него
за да бидеме два расцветани
убави и среќни нарциса.
Прашање е само -
кој е поголем.