Кога ќе ти се роди дете и ти си во брак со партнерот во матично ја носиш венчаницата и врз основа на тој документ се впишуваат податоците (мајка, татко...) во изводот за родени на твоето дете. Со помош на венчаницата ти по автоматизам го добиваш родителско-старателското право над твоето дете. На мајката со самото раѓање на детето и е доделен тој статус на родител-старател, таткото го добива со помош на венчаницата. Не е битно дали си или не, ти биолошкиот татко на детето, ако си во брак со неговата мајка во моментот на раѓање, стануваш татко-родител-старател.“
Ова е делумно точно. Точно е дека ако детето се роди во брак или максимум 300 дена по престанокот на бракот, тогаш брачниот другар се смета за татко на тоа дете и се запишува во извод од матична на родените (не во венчаница). НО под услов никој не го оспори татковството. Ако тоа се случи, се прави ДНК тест и ако се покаже дека брачниот другар не е биолошки татко на тоа дете, НЕ се запишува во извод на матична книга на родени како татко.
Си читал нешто ама очигледно си го прочитал само член 50 и ништо повеќе. Читни си го делот за оспорување татковство.
А ако мислиш дека венчаницата е неопходна за да бидеш признаен како татко, многу се лажеш. Ако немаш венчаница, потпишуваш изјава дека е твое и автоматски си впишан во изводот како татко.
Децата ВОН брак ги имаат според законот истите права како и тие во брак. Цитираниот член 9 од законот за семејства.
Кои се тие еднакви права???
Дали детето го има правото да во сред ноќ дојде кај мајката во спалната „мамо сонував нешто лошо и се исплашив да легнам до вас“ ако мајката не живее со децата односно тие се доделени на таткото (иако ретко) после разводот???
Дали детето го има “правото“ да кога се враќаш од работа да ти се израдува и да ти скокне во прегратка „тато тато види што направив дненес...“ (си играл спајдермен и се качувал кај што нетреба и паднал си го одрал коленото

) Ако таткото нема пристап до детето поради безвезна судска одлука???
,, Има уште многу вакави “права“ на децата кои не се купуваат со пари. Не е исто “право“ кога децата секојднево се со двајцата родители во контакт и кога некој од родителите го гледаш еднаш годишно за роденден или и поретко. Правото на подарок еднаш годишно, односно “еве ти сине 500 евра купи си ајфон“ не е неопходно “право“ за среќата на едно дете. (можеби некои од овде и би ја трампале среќата од заеднички живот со “среќата“ добиена од скапи подароци

)
Факт е дека децата се најсреќни кога растат покрај двајцата родители. За да бидат среќни децата без еден од родителите потребни се вонсериски напори од родителот кој ја има обврската да се грижи за тоа дете и секогаш ќе има ситуации кога ќе се јави потреба од родителот кој недостасува.
Ја мислам дека ти веќе и не знаеш што збориш. Дечко, јас и ти се расправавме дали децата родени во брак имаат еднакви права со тие родени вон брак. Не зборувавме за разведени родители, си ги измешал ти сите лончиња. Очигледно е дека сега не знаеш и што е вонбрачна заедница.
Вонбрачна заедница =/= разведени партнери. Во вонбрачна заедница луѓето си живеат заедно, одат во луна парк и зоолошка, по одмори, прават се што прават и луѓето во брак, единствената разлика меѓу брак и вонбрачна заедница е потписот во матично.
Така да, да во вонбрачна заедница детето има право да ти се израдува кога ќе дојдеш од работа.
Во вонбрачна заедница, боту еден, ти живееш со партнерката и со децата (ако ги имаш, нормално), само немаш потпишано во матично. Во вонбрачна заедница не недостасува ниеден родител, двајцата се тука, само немаат венчаница.
Така да залудни ти се сите срцепарателни прикаски кои се обидел да ги смислиш.
Се додека е валидна венчаницата ги имаш правата и обврските да се грижиш за правилниот развој на детето.
Кога венчаницата ќе престане да важи (при развод) ти за своите старателски права треба да си набавиш друг документ.
По не знам кој пат ти кажувам дека со венчаница се докажува брачен статус, не родителски права.
Тоа се докажува со извод од матична книга на родени. Што ако ти стапиш во брак со жена која има деца од претходен брак? Дали ти кога ќе стапиш во брак, автоматски им стануваш татко? И што ако жена ти се премажи со друг маж? Дали ти ќе престанеш да им бидеш татко на децата, а нејзиниот сопруг автоматски ќе им стане татко? Пошо нели има венчаница, а твојата престанала да важи.
Дај жити се постирај ми член кој го тврди ова.
Се читаш ли бе ти какви небулози пишуваш цело време?