Српските хулигани подготвуваат хаос во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата @Lbaneso
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
кој што сака нека си прават , но не смее полиција да дозволи да има инцидент и материјална штета , кој ќе плаќа после ... ?
Друг е муабет како ќе се однесуваат србите на стадионот ... и во каква мера ќе возвратиме ние ... !
 
Еден текст кузнај по од која причина изваден изгледа треба да оствари некоја цел. Во спротивно не гледам логика со албанците и нивното "разбивање" со фудбалот Македонија - Србија.
 
Па нели разбирате бе дека ова е чиста провокација да се распали народот. Е тоа сакаат да почнеме сите да скокаме ко мајмуни.
 
колку би бил неутрален да налетам на ваков настан... :) Колку што го сакам/нејќам албанците исто толку ги сакам/нејќам србите, така што слободно нека кршат глава :)
 
За тоа треба мозочна активност, за жал многу ја немаат таа способност.
Кога прочитав дека веруваш на новинарските срања, сфатив дека ти ја немаш таа способност.
 
Јас развив дискусија, ама овде многу се водат од правилото "Само моето е правилно мислење, се друго не важи". Под дискусија се разбира разменување на мислење и искуства а не тролање на нечиво ко што направи ти погоре во моето Drettica.

Едноставно целата моја поента беше ова: Во мој стан ако се сретнат двајца непријатели, јас првин ке ги испратам до врата и после надвор нека кршат глава. Во никој случај не би дозволил да се судрат во мој дом па да искршат маси, столови, и цел инвертар, нешо што сум го стварал цел живот И ТО ЈАСНО БИ ИМ ГО НАПОМЕНАЛ.
Е сеа овде гледам има многу луѓе шо не го ценат своето и побрзо би се радвеле на сеирот отколку да се грижат за своето.
Друго се ова е политика, игра на зборови ништо повеќе.
 
Дојдете бодрете ја Србија а не да се тепате. Со тепање не се доаѓа до три бода и победа. Навивајте со срце за вашата земја.
 
од друга стана ни одговара, кога праеја проблеми со италија, го јадеа службено 3-0, ај може и ние ќе ги лапнеме првите 3 бода и така да тепаме у терен тешко :)
 
Кога прочитав дека веруваш на новинарските срања, сфатив дека ти ја немаш таа способност.

Многу добро знам шо е и пробвам на другите да им кажам ама не ме разбираат, ак прочиташ низ постојве мој ке видиш шо сакам да кажам. Се е политика, игра на зборови.
Ама гледам има многу вжештени глави посебно од албанска страна шо не им треба ни искра за да се запалат - трајножаречи се :). Има и кај нас такви.
Едноставно на некој нечин без разлика кој ке го направи тоа, треба да се стави на дознаење дека нема играње со нас.
 
Јас мислам дека ако србите се дрзнат да нападнат Албанци во Македонија, треба да се здружат нашите навивачи, Комити, Шверцери, Балисти, Војводи, Шкембари и тн. и да му стаат на дознаење дека нема играње во Македонија, посебно не некој дојден од П**** мајчине. Сепак Албанциве се родени тука и ова им е матична држава. Тие имаат многу појке право отколку Србиве. Македонците и Албанците во вторник треба да се здружат. Никој не ги тера да се сакаат туку едноставно да си излезат во пресрет заради Македонија, а од викендов нека продолжат со тепање во националнава лига.

Друго и многу битно, ова важи за навивачкиве групи: СО КОЈА СОВЕТ ЈА ПЕЕТЕ "КЛЕТИТЕ Албанци" на натревари кога игра македонска репрезентација? Зарем во неа не игрет Албанци ?
Јас колку шо видов Ибраими се трудеше повеќе отколку било кој Македонец. И на стадион не пеев кога се пееше туку викав УАА на тие шо се дрзнаа. Песната нека се пее на натпревари од првенство не кога ке игра репрезентација. Или ако немате толку веќе што да пеете, пејте "Клетите душмани или Клетите Грци". Грци немаме во репрезентација ;)

После ова како што е адетот (откако ќе ги истепаат “клетите“ Срби де) Македонците (Комити, Војводи & Чкембари) како домаќини ќе ги повикаат своите браќа од навивачките групи (Балисти, Шверцери итн) на лута ракија и свинско печење, откако ќе заврши таа церемонија ќе се упатат заедно кон жена парк каде што ќе се поклонат пред споменикот на бранителите од 2001 потоа ќе се упатат кон споменикот на Александар Македонски и Гоце Делчев каде што исто така заедно ќе се поклонат и ќе положат свежо цвеќе. За крај да биде се комплетно камен мост ќе биде прикриен со црвен тепих и (во позадина свири зете мили зете тука) Албанците ќе ги повикаат своите браќа Македонци на нивната мирна страна на еден чај и баклава како десерт после свинското печење и ракијата.. притоа Македонците за првпат ќе можат да ги погледнат Албанките на далечина не поголема од 10 метри. Како шлаг на тортата ќе се врши колективно поклонување пред новооткриениот споменик на Хасан Пришина ..

И така среќно си живеа до крајот на животот :pos:
 
Зошто секогаш се деградираме сами себе стварно незнам, целава дискусија поделена на србољупци и албанољупци, џизас крајст, Македонија игра алооо, може србите и албанците на косово, медвеѓје и сл. да се тепаат колат, што им душа сака нека праат.. тука на наш терен има да седат мирни и да навиваат, ако не сите апсаана, јас да сум сега ко Јанкулоска има да им дам на жандрмите ни наши отворени раце, почнат нешто да мават дур мајчиното млеко не си го пропљукаат... еее цел живот патиме од туѓа чизма, и ете пак истото се повторува, коа имаше ракомет у Србија, ние идефме таму да се тепаме или да си ги бодриме ракометарите А?
 
Ало бе, што се запаливте толку??? Па уште на “блиц“ им верувате бе...:tapp:

Па и да има некој намера да го напрае ова, мислите дека ќе излезе на ТВ или во сличен медиум и ќе каже што имаат во план? Дај не се палите за џабе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom