Мех, не се отворени во никаков контекст. Си имаш тема и перцепција. Ти како реагираш на некоја тема е твој проблем, како што мојата перцепција си е мој. Ја барем не окривувам човек што отвора тема дека шири пропаганда и лицемерие, секој може да си пљампа што сака, ама затоа можеш да си пишеш ти што мислиш.
Околу болдот. Од кај знаеш ти кој продава овде лажен морал и лицемерие, како се гледа тоа баш ме интересира? Луѓето изневерувале, вау ја откривме Америка. Ако нешто секогаш сум го сметала за крајно лешперски начин на влагање со клизачи во дискусија е моментот, користење зборови како „луѓето“ и „сите“. Сачувај да си кажете јас ова, јас она, оти ептен лично ќе излезе. Па врти околу поента, индиректно, наместо да си кажеш директно. Е тоа е лицемерие и лажен морал.
Изгледа не го сфати баш она што го пишав во првиот свој пост на темава. Од каде потребата на напишано човечко искуство да му се пуштиш дека лаже или дека ќе изневери, освен ако во пракса самата не го практикуваш тоа? Мене само ме асоцира на тоа дека ти како личност изневеруваш и си го проектираш тоа на секој човек што ќе спомне верност и врски. Истата психологија е и кај верните луѓе, тие мислат дека со кого и да си фатат работа тој/таа нема да го/ја изневери зашто човек кој не е кадарен за неверство тоа го проектира на другите.
Мене тотално не ме погодува што пишала Луси Лу , ти, или било кој друг на темава. Изневерил океј, останал верен пак океј. Ич не ме заболе, читам постови, искуства, си ги земам здраво за готово, оти ни ве знам, нити пак имате било какво влијание врз животот. Реакциите за морал, чесност итн итн, ги чувам за луѓето кои ми се пријатели и личноста која сакам да ми е партнер. Другите што приказни кажуваат, тотално не ме занима. Ако си доволно зрела, тоа ќе го разбереш и нема да реагираш бурно на темиве на било каков став.
Паричката има две страни. И ти го знаеш тоа. Подобро кажи си јас изневерувам, отколку да викаш дека сите други изневеруваат. Тоа е веќе став. А обидот да фатиш да цитираш луѓе кои викаат дека се верни, за да им докажеш дека ќе станат неверни или дека лажат мене ми е живи смешки. Тука е твоето лицемерие. Кажи си јас сум неверен човек, би простила да ме изневерат итн итн. Нема потреба туѓите ставови и искуства да се земаат како изговор за одоколу да се каже своето, макар тоа биле форумски постови за чија вистинитост никогаш не можеш да бидеш сигурна. Има верни луѓе, ако сакаш личен пример, еве јас ќе се земам себеси, попрво ќе го оставам човек отколку да го изневерам. И сега ти тоа ќе го гледаш како лицемерие, лага, продавање Мајки Терези шо ти ја знам. Ама си викам мајке ми, кога јас можам, моиве блиски исто можат, ондак до човекот и ставот е, оти свесни суштества сме, да не се лажеме.
Затоа ко ќе почне да ми пљампа човек дека сите се неверни, па гледам и на мои пријателки ќе седне некој од страна и им објаснува бесни глисти дека партнерот сигурно ги изневерил, дека прашање на време е кога они ќе изневерат јас на челото на тој што зборува читам: изневерил! И друга работа, неверството е категорија која опфаќа лага, маткање работи зад грб, а јас со луѓе кои отворено признаваат дека би сториле таков чин си се држам на дистанца. Човек кој е способен на личноста со која дели интима да и збрца нож во грб и да и продава басни, замисли што може тебе да ти направи. Милион оправдувања ќе си најдете за неверство, нормално најистакнатото е дека човекот бил полигамно суштество. Наместо да зачувате нечие достоинство и своето воедно и да оставите човек да живее без вас и вие без него, кога веќе не ви е доволен, подготвени сте да му продавате нему басни додека го правите мајмун со друг. Страва од карактери.
П.С Сум навезала пост во стилот на Sussaro.