Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Ako e dozvoleno da ne se upotrebi niedna operacija togas najgolem e 3333. :D
Ocigledno zadacata na Смрт за зони и пајак воз. nesto ne e vo red. :)
--- надополнето: 13 октомври 2012 во 19:25 ---

Stefan
Jaс задачата ја најдов во збирка задачи за трето оделение и затоа нагласив само со четирите основни операции. Така да и јас се согласувам дека 3333 е најголем можен број. Меѓутоа имаше многу интересни размислувања со користење на факториел.
И останав во мисла што е поголемо
( 3! ) на степен 333!
( 33! ) на степен 33!
или
( 333! ) на степен 3!
на пример
( 2! ) на степен 22! е поголемо од ( 22! ) на степен 2!, но за четири тројки не знам, иако по аналогија би требало првата можност да е најголема.
Но било како било, време е за нова задача. Повелете!
 
Еве Ви нова задача:
Некој број е дигнат на 6 степен и добиен е број кој ги содржи следниве цифри напишани по големина:
0,2,3,4,4,7,8,8,9
Кој е тој број?
 
Кој број го задоволува правилото:

4 * abcd = dcba
најдов едно решение: 4*2178 = 8712
Вака размислував:
abcd мора да е помало од 2500
што значи а е 2 бидејќи 1 неможе на прво место бидејќи dcba мора да е парен број, а b мора да е помало од 5
Завршетокот ba мора да биде деливо со 4, што значи ba може да биде или 32 или 12.
Во двата случаи d мора да е 8
c го одредив со неколку проби
 
Ако од броителот на една дропка одземеме 27, ќе се добие иста вредност на така добиената дропка, како кога на дропка именителот ќе го зголемиме за 12.
Најди барем три дропки што ја имаат оваа особина
Најди општа формула за одредување на дропки што имаат таква особина во однос на параметар, било кој природен број
 
4a-9b = 108

a=36, 72, 144, 288, 576, Ако а се зголемува двојно
b=4, 20, 52, 116, 244, б се зголемува за одреден степен на 2. Разликата меѓу 20 и 4 е 2 на 4та. Разликата меѓу 52 и 20 е 2 на 5та, разликата меѓу 116 и 52 е 2 на 6та, итн.
 
4a-9b = 108

a=36, 72, 144, 288, 576, Ако а се зголемува двојно
b=4, 20, 52, 116, 244, б се зголемува за одреден степен на 2. Разликата меѓу 20 и 4 е 2 на 4та. Разликата меѓу 52 и 20 е 2 на 5та, разликата меѓу 116 и 52 е 2 на 6та, итн.
Така е... Дроката е а/b
Основната равенка, помеѓу а и b, е 4а - 9b =108
Од неа може да се добие изразот:
а = 27 + (9b/4)
Што значи b можат да бидат сите броеви деливи со 4 ( 4, 8, 12, 16, 20.......)
Така се добива низа на дропки кои ја имаат оваа особина:
36/4; 45/8; 54/12; 63/16, 72/20; ....
Општ израз на оваа дропка го најдов во следниот облик:
а = 9( n + 3 )
b = 4 n
напишани како дропка:
а/b = 9(n + 3 )/(4n)
n е било кој природен број ( 1, 2, 3, 4,....)
 
Најди ги сите природни броеви кој се деливи со 8, и кај кој збирот на сите цифрите изнесува 7, а меѓусебниот производот на сите цифри е 6.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom