Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Или не читаш или не сакаш да разбереш. Немам јас никаков доказ и не тврдам дека постои. Исто како што и многу други работи не знаеме (ај види ми го никот). Јас велам само едно, Не знам. Ти си тој кој нешто тврди. Многу работи во универзумот не се познати и не постои доказ, но функционираат без оглед на нашето (како човештво) незнаење. Тоа ти посочувам цело време, дека ништо не знаеме.
Да, ама сите работи што постојат во универзумот се природни и нема ништо натприродно во нив.Еден ден сите ќе бидат откриени и објаснети со научен метод.
Концептот на бог подразбира нешто натприродно, што е надвор од универзумот и врз него не влијаат никакви закони.
Јас само тврдам дека тоа што не го познаваме сеуште, ќе биде разјаснето и подлежи на природните закони и дека ништо натприродно неможе да постои.
Апропос, бог не постои.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

АХ ДА. Еден убав сончев ден.... Никогаш науката нема да даде одговор на се што ни е непознато.
Апропос, таков бог ти како што си замислил не постои, друг некој дали постои не знаеш ниту можеш да знаеш и никој не може да знае.
П.С. Никаде не тврдам дека постои „натприродно“, а зборот сам по себе е бессмислен.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
АХ ДА. Еден убав сончев ден.... Никогаш науката нема да даде одговор на се што ни е непознато.
Апропос, таков бог ти како што си замислил не постои, друг некој дали постои не знаеш ниту можеш да знаеш и никој не може да знае.
П.С. Никаде не тврдам дека постои „натприродно“, што само за себе, како збор е „неприродно“.
Значи за тебе бог претставува нешто што е во универзумот и подлежи на неговите законитости? Тој е значи само животинска врста, како човекот.
Мислам дека браниш погрешна кауза, целата суштина на поимот бог е нешто натприродно што не подлежи на законитостите на универзумот.
 
M

Muranyi

Гостин
Аман бе уште ли не разбравте дека дискусијата за Бог не се однесува на белокос старец кој седи со стапчето некаде на небото.
Да,но во умот на 90 проценти од луѓето Бог претставува бело старче кое седи на небото и не гледа онака,воајерски,не создал за да не казнува или наградува,се е по негова волја и тој е семоќен и сезнаен.Или има чекан и господари со електрицитетот:)
Дали Бог би можело да биде некоја сила која само создава,генерира материја,енергија,живот а притоа не е семоќна и сезнајна и нема однапред утврден план?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Море gade поимот натприродно е човечка конвенација за нешто што не може да го осознае со моментниот степен на развој на свесност и разумност.

Секако дека е се природно, па следствено на тоа и Бог. Кога ќе ги откриеме неговите атрибути и тој ќе ти биде природен.

Зошто не гледаш вака на работите? Оти мора поимот Бог у глаат да ти биде белокос старец?

Во теоријата на каузалност се вели дека на секоја последица претходи соодветна причина, или причини.

Ентитет што може да го контролира тој причинско последичен однос е веќе за нас неприроден.

Сигурен ли си дека такво нешто не постои?
 
M

Muranyi

Гостин
Дури и да постои Бог и тој би бил природен,а не натприроден.Дефинитивно најбесмисленото зборче некогаш смислено од човекот.Се е природно,буквално се.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Да,но во умот на 90 проценти од луѓето Бог претставува бело старче кое седи на небото и не гледа онака,воајерски,не создал за да не казнува или наградува,се е по негова волја и тој е семоќен и сезнаен.Или има чекан и господари со електрицитетот:)
Дали Бог би можело да биде некоја сила која само создава,генерира материја,енергија,живот а притоа не е семоќна и сезнајна и нема однапред утврден план?
Мислам дека повеќе противниците на верниците го наметнуваат ставот дека тие веруваат дека постои белокос старец, отколку што нависитна тоа е така.

Јас не познавам ниту еден верник кој го рекол тоа - дека постои белокос старец со стапче.

Секако дека болдот е можен. За се што е непознато, било која опција н аобјаснување е во игра.
 
Интересна идеја, ама мнооогу го растегнува значењето на поимот бог.Во големите светски религии е прецизно назначено што е бог, дека е посебен ентитет, со изграден карактер, кој воајерски не гледа и оценува за постапките.Да не споменувам плејада на демони, ангели, призраци и штотијазнам.
Тој концепт јас целосно го отфрлам и можам да тврдам дека непостои таков бог.
За твојата идеја со енергијата, можеби е плаузабилна, ама сепак мора да ги следи законитостите на универзумот, не е натприродна.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Значи за тебе бог претставува нешто што е во универзумот и подлежи на неговите законитости? Тој е значи само животинска врста, како човекот.
Мислам дека браниш погрешна кауза, целата суштина на поимот бог е нешто натприродно што не подлежи на законитостите на универзумот.
Пак ти се ограничуваш на теистичкото толкување на зборот бог. И тоа познавајќи го само „библискиот“ бог. Остави ги религиите што кажуваат, тоа ни јас не го разгледувам и за таков бог не правиме муабет. Ќе се сложиме по однос на таков бог.

Еве погледај, знам дека англискиот не ти е проблем

Deism holds that God is wholly transcendent: God exists, but does not intervene in the world beyond what was necessary to create it. In this view, God is not anthropomorphic, and does not literally answer prayers or cause miracles to occur. Common in Deism is a belief that God has no interest in humanity and may not even be aware of humanity. Pandeism and Panendeism, respectively, combine Deism with the Pantheistic or Panentheistic beliefs discussed below.

Pantheism holds that God is the universe and the universe is God, whereas Panentheism holds that God contains, but is not identical to, the Universe; the distinctions between the two are subtle. It is also the view of the Liberal Catholic Church, Theosophy, some views of Hinduism except Vaishnavism which believes in panentheism, Sikhism, some divisions of Neopaganism and Taoism, along with many varying denominations and individuals within denominations. Kabbalah, Jewish mysticism, paints a pantheistic/panentheistic view of God — which has wide acceptance in Hasidic Judaism, particularly from their founder The Baal Shem Tov — but only as an addition to the Jewish view of a personal god, not in the original pantheistic sense that denies or limits persona to God.
 
M

Muranyi

Гостин
Мислам дека повеќе противниците на верниците го наметнуваат ставот дека тие веруваат дека постои белокос старец, отколку што нависитна тоа е така.

Јас не познавам ниту еден верник кој го рекол тоа - дека постои белокос старец со стапче.

Секако дека болдот е можен. За се што е непознато, било која опција н аобјаснување е во игра.
Белокосиот старец повеќе беше метафора за воајеризмот на ЈХВХ(Алах),нивната семоќност и сезнајност,нивната бесконечна љубов кон човекот,која патем никаде ја нема(само геноциди врз цели народи и цивилизации),нивниот однапред утврден план за се и концептот на награда и казна и слични работи на тоа.Инаку,јас имам разговарано со луѓе кои и буквално го замислуваат Бог како старче:D
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 17:55 ---
Интересна идеја, ама мнооогу го растегнува значењето на поимот бог.
Во право си.Но,на некој начин секоја индивидуа си има своја претстава за Бог па затоа е и многу растеглив тој поим,односно има тенденција да биде.Затоа и прашав,дали можеме Бог да го дефинираме и на таков начин и конечно да се ослободиме од пустинциве?Има дури и тема мислам за тоа што е Бог.За мене на пример би било-сила која креира се,настрана однапред смислени планови,сезнајности,семоќности,судови,казни и остали Хари Потер елементи:)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Пак ти се ограничуваш на теистичкото толкување на зборот бог. И тоа познавајќи го само „библискиот“ бог. Остави ги религиите што кажуваат, тоа ни јас не го разгледувам и за таков бог не правиме муабет. Ќе се сложиме по однос на таков бог.

Еве погледај, знам дека англискиот не ти е проблем

Deism holds that God is wholly transcendent: God exists, but does not intervene in the world beyond what was necessary to create it. In this view, God is not anthropomorphic, and does not literally answer prayers or cause miracles to occur. Common in Deism is a belief that God has no interest in humanity and may not even be aware of humanity. Pandeism and Panendeism, respectively, combine Deism with the Pantheistic or Panentheistic beliefs discussed below.

Pantheism holds that God is the universe and the universe is God, whereas Panentheism holds that God contains, but is not identical to, the Universe; the distinctions between the two are subtle. It is also the view of the Liberal Catholic Church, Theosophy, some views of Hinduism except Vaishnavism which believes in panentheism, Sikhism, some divisions of Neopaganism and Taoism, along with many varying denominations and individuals within denominations. Kabbalah, Jewish mysticism, paints a pantheistic/panentheistic view of God — which has wide acceptance in Hasidic Judaism, particularly from their founder The Baal Shem Tov — but only as an addition to the Jewish view of a personal god, not in the original pantheistic sense that denies or limits persona to God.
Сигурен си за YHWH?
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 18:19 ---
Нешто информации околу Јахве.....од тук там собрани :)
http://www.bibliotecapleyades.net/biblianazar/esp_biblianazar_jehovah.htm
http://www.bibliotecapleyades.net/ciencia/ciencia_danwinter17.htm
 
Член од
7 август 2012
Мислења
90
Поени од реакции
41
Само човек без мозок може да рече дека бог постои.
хахаха :pos:
ако е така тогаш Ајнштај бил без мозок? Прочитај што рекол тој за Господ па тогаш дојди на форумот да се расправаш.
И ако толку веруваш дека не постои Господ,кој кур бараш на форумов за религија?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.203
Поени од реакции
12.200
Сигурен си за YHWH?
Јас сум сигурен за Богот без Име дека е таков.
Деистички расположен во однос на Микрокосмосот, а Пантеистички расположен во однос на Макрокосмосот. :love:
Како што зборуваат и многу кабалистички книги и свети списи.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
хахаха :pos:
ако е така тогаш Ајнштај бил без мозок? Прочитај што рекол тој за Господ па тогаш дојди на форумот да се расправаш.
И ако толку веруваш дека не постои Господ,кој кур бараш на форумов за религија?
Шо скокаш бе момче? Оди дообразувај се. Ме заболе што рекол Ајнштајн.
Ај марш прочитај што сум напишал барем последниве страни. Никаде не сум рекол дека верувам во непостоење на бог. Такво тврдење нема ниеден атеист. Кај само ли го најде. Така твојот селски полуписмен поп ти кажа?
П.С. Никој не може да знае дека бог постои. Може само да верува па макар и Ајнштајн бил.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Јас сум сигурен за Богот без Име дека е таков.
Деистички расположен во однос на Микрокосмосот, а Пантеистички расположен во однос на Макрокосмосот. :love:
Како што зборуваат и многу кабалистички книги и свети списи.
Не е работата дали е таков или оваков, туку дали постои.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom