Хомосексуални бракови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да има терористи во Сообрание и Влада е нормално, да се дозволено истополови бракови не е дозволено.. Кое е поголемо зло? Сега малце понатаму јас за бракови сум ЗА, ама за посвојување НЕ е време. Се тоа ќе повлече и многу работи, ама ако. Идеме напред, помирете се со промените и нема да ги забележите. Негирањето на едни со други нема да донесе добро, а и на крај крајева што има па другите да се мешаат во животот на некој? Ич не ме боли мене дали Стојан ќе се ебе со Сирма или Александар со Марко. Мислам ако на нив им е убаво, нека им биде. Нека си го живеат животот како што сакаат. Тоа е демократија..
Друго, хомосексуалци, лејзбејки и трансексуалци има во секоја етничка и верска заедница само што се кријат од околината.
Може и да се каже дека нашево општество не е спремно за таква радикална промена, пред се многу проблеми ќе прават верските заедници. Ама кој ги е*е нив, арно не видовме од нив само војни.
 
Што како ќе им влијае?Потсмевањето на другарчињата во школо кои всушност го пренесуваат ставот и мислењето на сопствените родители односно покажуваат како ним некој (родителите) им ги сервирале работите?!?! Сметам дека добар разговор со детето може да му помогне многу за подобро да ги разбере работите.Исто како што (верувам) повеѓето родители разговараат со сопствените деца кога треба да носат наочари а во школо им се потсмеваат или ако е дете на разведени родители кога исто во школо ќе се најде некое дете паметно да му се исмејува.

Исто ги советуваат идните посвојуватели хетеросексуалци, со разговор да му објаснат на детето дека е посвоено и да му покажат многу љубов.

Има посвоители кои посвојуваат повозрасни деца на кои им е советувано да не бараат од децата да ги ословуваат со тато и мамо туку со личното име.

Денес во училиштата на децата им викаат да дојде родител а не да дојде мајка ти или татко ти.


Добро така нека биди.И јас сметам дека со разговор се решава се,но не е така се бело.
И јас очекувам после средно,па и факултет дека ќе се вработам,па сигурно нека да е така лесно.
Наочарите и педерите не е исто.... ;) Така да споредбата не ти е на место.

Сигурно така викаат родител да дојди,ама најчесто користат: Утре да дојди татко ти,да се разбериме за неоправданите!

Оваа недела да помини татко ти,одамна нема дојдено да види до кај си,шо си...
 
Друже тоа дете нема никогаш да израсне правилно како што треба. Можеби ќе биде попаметен од некои дечиња кои си имаат правилно семејство какво што треба навистина да е,а тоа е со мајка и татко (различен пол,машки и женски).
Во светов има милиони деца растени во хомоексулни бракови и од направена статистика е утврдено дека не израснале во здрави индивидуи поради средината во која живееле? Или ова е само непотврдена хипотеза?
 
Не можит така, добро рекол Спиро... Абе луѓе како можит детето Живко да живејт со татко Велко и мајка Раде ? Срамота е море, ќе го зафркавет нашколо учителите и другарчината. Обострано важит и за мајка Гроздана и татко Ратка, зш ко ќе го прашет некаде за документација:
име, татково име, презиме
Живко Ратка Лезбејковски.... срамотилаци, ќе му се прснет од смеење влице и така настанвет комплексите. Доаѓаме до заклучок дека :за да немат искомплексирани деца, дупетесе ко шо доликува со еден инструмент како кључ шо е, и еден инструмент ко шајбна шо е, се друго е вон стандард дури и 2 кључа на една шајбна или еден кључ на 2 шајбни.
И нормално дека не е нормално ваков набулозен испад, бидејќи имат можност да бидит Живко Смиљан Хомофобоски.
 
Во светов има милиони деца растени во хомоексулни бракови и од направена статистика е утврдено дека не израснале во здрави индивидуи поради средината во која живееле? Или ова е само непотврдена хипотеза?

Јас зборувам за Македонија.
Во светот имам разбрано дека тече "мед и млеко",ама додека не видам со свои очи во ништо не верувам.Јас сум против хомосексуален брак,па уште повеќе за посвојување на дете.
Па кога толку сакаат дете тогаш зошто не си го заврши по природен пат со личност од спротивниот пол?
Колку сакаш овде пишувај ми четива едно е јасно МАЖ+ЖЕНА= ДЕТЕ.
 
Спиро треба да направи дистинкција од хомосексуални бракови до право на истите да посвојуваат деца за почеток.

Инаку не гледам никаков проблем за вакво нешто кога двајца воздрасни луѓе кој ги подмириле своите обврски кон државата како сите останати, да не ги вкусат и бенифииците на истата држава.
Луи го објаснува контра аргументот на тие што се против тоа многу поинтересно од мене.

 
Во право е министерот Спиро, нашол овци и ќе стриже и треба да ве стриже ................ кој ви е крив на вас народецот што поддржувате во 21 век конзервативизам и демохристијанство .................. идеологии кои веќе немаат никаква реална тежина, но одредени политички кругови во некои земји сакаат со сила да ги протнат овие размислувања !
И не, не сум либерал, но веќе ми е преку таквото од тие демохристијанства, конзервативизми... и сл. застарени идеологии кои ни се промовираат денеска во 21 век ............ абе кој сака да биде верник нека си биде, кој не сака да биде верник нека биде Атеист, ако некој сака да се шлепа со лица од ист пол тоа си е негов проблем и.т.н.
Да, ама тоа станува и мој проблем,поготово ако тој некој се шлепа со некого од ист пол пред очите на моето дете па и пред моите очи.Нашето општество е основано и се темели на вредностите на семејство,така сум воспитан,така ќе воспитувам и нема да дозволам некој (за мене) неарен во паметот да се шета слободно во оваа земја.Дома помеѓу четири зида што сака нека прави...ако сака нека се е** во уво.
 
Јас зборувам за Македонија.
Во светот имам разбрано дека тече "мед и млеко",ама додека не видам со свои очи во ништо не верувам.Јас сум против хомосексуален брак,па уште повеќе за посвојување на дете.
Па кога толку сакаат дете тогаш зошто не си го заврши по природен пат со личност од спротивниот пол?
Колку сакаш овде пишувај ми четива едно е јасно МАЖ+ЖЕНА= ДЕТЕ.

Да де. Нема да те убедувам, таман работа :)
Ама не ти е на место тоа „Јас зборувам за Македонија“. Во Македонија посвоени деца во хомосексуални бракови е еднакво на 0. Така што не можеме да знаеме како Македонските хомосексуалци би влијаеле врз детето кое би го посвоиле кога би добиле право на брак откако ќе го добијат законот против сексуална дискриминација.
 
Да, ама тоа станува и мој проблем,поготово ако тој некој се шлепа со некого од ист пол пред очите на моето дете па и пред моите очи.Нашето општество е основано и се темели на вредностите на семејство,така сум воспитан,така ќе воспитувам и нема да дозволам некој (за мене) неарен во паметот да се шета слободно во оваа земја.Дома помеѓу четири зида што сака нека прави...ако сака нека се е** во уво.
Мајка ти и татко ти пред тебе ли се шлепаат?
 
Коалиција ’Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници’
И Мрежа за заштита од дискриминација:
Оваа изјава на Министерот Спиро Ристовски е во целосна спротивност со реалната ситуација во која растат илјадници деца, односно со различните видови семејства во кои се пружа и обезбедува грижа и внимание во одгледувањето на деца. За ова сведочат бројни социолошки и антрополошки студии од еминентни научници.
Имено, изјавата на Министерот претставува акт на целосно исклучување, делегитимизирање и дехуманизарање на сите видови заедници и семејства, како и деца кои растат во такви заедници, а кои не соодветствуваат на биолошкиот репродуктивен и бинарен модел на семејство, односно бракот врз основа на кој Министерот и ја заснова својата изјава.

Со оваа изјава Министерот ги дискриминира сите деца и форми на заедници и семејства во кои децата добиваат неопходна грижа, љубов и внимание, како на пример деца израснати од самохрани мајки, децата израснати со блиски роднини, децата без родители, посвоените деца, децата за кои се грижат поголеми групи на жени (најчесто во услови на миграција), децата кои се израснати од страна на истополовите двојки и заедници, децата од различни култури во кои принципот на брак и биолошката двојка не е клучен во процесот на одгледување и грижа за децата итн.

Она што посебно загрижува во оваа изјава на Министерот е дека истата потсетува на застапување за некои од примитивните форми на семејство, но уште пострашно, наликува на застрашувачкиот модел на семејство и репродукција во служба на расно чиста нација. За ова постојат сведоштва во мрачните архиви на европската цивилизација.

Јавно ја повикуваме Комисијата за заштита од дискриминација да реагира и да ја осуди изјавата на Министерот, посебно што изјавaта е дадена од министер во чија надлежност е заштитата од дискриминација и социјалното исклучување.
Врз основа на надлежноста на Комисијата за заштита од дискриминација како и претходната пракса кога Комисијата реагираше на дискриминаторски изјави на политичари, бараме најитно Комисијата јавно да излезе со став и да ја осуди изјавата на Министерот Спиро Ристовски која претставува дискриминација по основ на семејна и брачна состојба.
Скопје, 10.09.12

И одговор на Министерот:

Почитувани,
Со жалење можам да констатирам дека одредена група на граѓански здруженија под формата на таканаречена Коалиција на „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници„ и „Мрежа за заштита од дискриминација“ реагираше на мојата изјава дека „Не сакам ни да дискутирам за прашањето на хомосексуалните двојки да им се дозволи да посвојуваат деца, затоа што сметам дека едно дете треба да биде правилно развивано, да расте и да се развива во брак во кој што ќе има мајка и татко во вистинска и биолошка форма на зборот.“ И толку! Јас никаде во ниту еден момент не говорев за другите форми на заедница во којашто одредени деца растат затоа што не по своја воља останале без еден или двајца родители, но за истите тие деца се грижат или најблиските или пак државата! И повторно и во едниот и во другиот случај тие деца ја имаат природната форма на згрижување.

Почитувани,
Каде овде видовте заложба за „расно чиста нација“? Овде има заложба за здрава нација затоа што јас и партијата на којашто и припаѓам се залагаме за здрава нација! Впрочем статистиката говори за намалување на наталитетот, а тој како ќе го подигнеме ако не преку раѓање на здрави деца во здрава природна средина!

Со оглед на фактот што се обидувате грубо да манипулирате со мојата изјава и да ме обвинувате за нешто што ниту го мислам ниту пак се залагам, јавно Ве информирам дека Вие како Коалиција на „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и „Мрежа за заштита од дискриминација“ ќе морате обвинувањата за „расно чиста дискриминација“ да ги докажете пред надлежните институции!

Со почит,
Спиро Ристовски
 
Да не полемизираме премногу,те молам.

Ако не биле татко му и мајкаму на педерот немало да постои тој,нели?


Хомосексуалците се виновни ако земат некое детенце на душа да го чуваат.Најпрвин детето само ќе се искомплексира уште од раната возраст,најпрвин кога на школо му бараат домашно да направат "семејно стебло" и тој нема да знае која слика да ја стави на местото Мајка,а на кое Татко.
Потоа чита сликовци,гледа цртани сегде има љубов помеѓу маж и жена,а плод од нивната љубов е дете.
Тогаш како се создало ова дете меѓу двајца мажи?

После тоа иде потешкото кога децата веќе дознаваат дека нема мајка т.е. има мајка ама е МАШКА.Ќе биде секогаш мета на зафркавање,па дури и тепање.
А можеби и ќе тргне по патот на неговите родители (татковци) и тој ќе се испедери што знајш шо носи иднината... ?
--- надополнето: 12 октомври 2012 во 15:36 ---


Друже тоа дете нема никогаш да израсне правилно како што треба. Можеби ќе биде попаметен од некои дечиња кои си имаат правилно семејство какво што треба навистина да е,а тоа е со мајка и татко (различен пол,машки и женски).
Ооооооооооок дечко... Сфативме... Според тебе и министерот, тие што растеле само со еден родител им фали нешто и немале (немаат) правилен развој... Срам вас било!
 
Колку има деца што сакаат да имаат шанса да имаат грижа било да е хомосексулно или било каков родител на твојата глава.Вашите размислувања за геј бракови се не природни се апсолутно од религиозни причини или било какви причини што го негира главниот проблем а тоа е дека дете без родител баш му е гајле дали има татко или мајка се дур има покрив на глава тоа ќе биде здраво и живо.Поважно е човек да има дом со љубов и грижа од родители без разлика на полот отколку тоа што општеството мисли за тоа.А тоа е дека се како коњ со узди и размисуваат еднострано како ќе каже лидерот така и тие ќе прават.
 
Ооооооооооок дечко... Сфативме... Според тебе и министерот, тие што растеле само со еден родител им фали нешто и немале (немаат) превилен развој... Срам вас било!

Дечко/девојко не ми изигравај нешто,со кратко и смешно цитирање.
Нигде не спомнав дека децата со еден родител немаат или немале правилен развој,но сигурно не би биле исмевани од децата на школо,барем затоа си велам дека не би било така.
И да тоа дете пред да го нема едниот родител барем имал вистински родители МАЈКА И ТАТКО.
Додека пак кај педерите кај неможат да имаат дете,тогаш зошто се плескаат o_O и сакаат да имаат дете,епа каде тоа. Кај така тие се на мета на навреди,тепање па уште да земаат на душа некое детенце.

И да не ми е срам!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom