Domino's Pizza во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Абе и да не е он, пак се супер...ако ептен инсистирате т.е. не се погоди тој земете со Кулен, на таа нема утка кој и да ја прави, за Капри треба добар мајстор.
 
Psyside

Пријателе напна со Гиго бе, не знам дали осеќаш, али што е многу - многу е. Твоја да беше, немаше толку да збориш. Искрено.

Ради тебе и отидов, пред недела дена бев, ајде викам, каде се немам седено низ градов, па ќе одам да пробам и таму. Фамилијарна - капричиоза јадевме.
Обична пица, ништо посебно - искрено.
Услугата нема да ја коментирам, како и моментот кога пица-мајсторот искочи надвор и збореше пола саат (не преувеличувам, жими се) со некој пријател/роднина за риби. Кој како фатил, што фатил, мамци, тракатанци... Седеше, па стана... па надвор кај масите, па почна да ги соблака “кломпите“ и да ги трие нозете од бетонот. Ја и девојка ми романтики тераме.
Али налет, за пицата зборевме.

Џино, 511, Костарика, Енрико, Фуфо (Пелитер, Ла Пицерија) имаат подобри пици, а и локацијата им е каде каде подобра.

Така што, ме заголицаа фалбите и отидов да видам и пробам, ама ете го мојот заклучок.

Величествената
Nothing special, не го тепај патот натака. Ко у Дојран пицата е на вкус (претпоставувам си јадела), ете баш таква ми беше мене. Едино мислам дека печурките се различни, не ставаат од тегла.
 
Ја мислам дека на парче да јадеш најдобро би било, тие се ептен добри. Фуфо и Костарика бе...али ај нема везе секој со свој вкус.

И не напнав, правам спроедба со најдобрата пица, со што да споредам скоро дупло поскапа пица? нема со што....реков дека и во Балила се подобри пиците, како и Енрико, за мене Доминос е тотално преценето место каде што покрај просечниот квалитет, нема ни да се најадеш.
 
Ко што гледам темава треба да ја смените во Гиго пицерија. Сакав да дознаам за Доминос повеќе ама се изначитав за Гиго. Ај сеа јас да почнам за Ред кафе да замарам каква пица имаат од тој слабиот мајстор.
 
Имаш на претходната страна инфо за Доминос, од мене и уште неколку члена, ако ти се фрла пари иди и пробај, најсикрено иди во Балила, и јади како човек. За Гиго веќе знаеш, да не се повторувам, исто и во Енрико се солидни ама претеруваат со цените, плус каде каде помали се.
 
Последна опомена: Дискусија само за Доминос пица, останатите мислења ќе бидат избришани и санкционирани.
 
Доминос пициве се одлични. Тој што не пробал ако има прилика нека проба, нема да згреши. Квалитетни продукти плус тестото е според мој вкус засега најдобро во Македонија, со оглед на тоа што го прават по некоја си специјална рецепта каде најпрво одлежува еден ден на одредена температура. Исто и тоа доматниот сос кој што е слој над тестото, е специјален. Е сега цените се тие, можда се нешто поскапи ама за квалитетот мислам дека вреди. Друга работа секој вторник имаат некое намаление за нарачки ама ако си ги подигнете од ресторан. Исто има и реон на достава кој се протега нешто до тафталиџе 1 и од другата страна до нова железничка.
 
Доминос е квалитет бе не се заебавајте,не за џабе е светски познат бренд.

Повисоки се цените од што ние сме навикнати да платиме за пица......ама вреди.
 
Доминос е квалитет бе не се заебавајте,не за џабе е светски познат бренд.

Повисоки се цените од што ние сме навикнати да платиме за пица......ама вреди.

Сите ланци на ресторани и филијали, како сакаш кажи ги, се подложни на коснтантно кратење (по малце) на квалитет и живеење на база на име - бренд.

Специјализирани пицерии (во кои се прави само пица) се секогаш подобар избор, зборам за квалитетни пицерии нели, истото важи за било која фирма, од било која сегмент на општеството, името секогаш скапо се плаќа.
 
Сите ланци на ресторани и филијали, како сакаш кажи ги, се подложни на коснтантно кратење (по малце) на квалитет и живеење на база на име - бренд.
имаш ти доказ или теоретизираш? или субјективно чувство...

Специјализирани пицерии (во кои се прави само пица) се секогаш подобар избор, зборам за квалитетни пицерии нели, истото важи за било која фирма, од било која сегмент на општеството, името секогаш скапо се плаќа.
Q.E.D.
 
Гиго шупата или Домино пицата...Македонски светоглед

Во Домино не се рпави само пица. ами и сеРвичи, колачиња, лепци сос мастрафи, ама примарно е пица. За кај Гиго не знам.
Но знам дека кај нас големите франшизи кратат на квалитет. Елем доказ ми е мевот. Сум јадел у сФет и тука. Имат разлика.
 
Гиго шупата или Домино пицата...Македонски светоглед

Во Домино не се рпави само пица. ами и сеРвичи, колачиња, лепци сос мастрафи, ама примарно е пица. За кај Гиго не знам.
Но знам дека кај нас големите франшизи кратат на квалитет. Елем доказ ми е мевот. Сум јадел у сФет и тука. Имат разлика.
се извинуем на офтопикот...
дечко, ич не си духовит. ама ич....
се извинуем на офтопикот....

доминос се супер пицерија. се е чисто и со прверен квалитет, бидејќи нели, тоа го наложува франшизата. има нови вкусови кои не сме ги пробале. тестото е онака дебеличко (американска пица, јбг) и несекојдневно. нов сос, нови комбинации на состојки итн. рекоа дека додека не најдат квалитетни добавувачи во мк, се ќе носат од други држави (проверен, висок квалитет). тоа мора да се плати. плус што знаете дека храната не се фаќа со голи раце и парите, како највалкани нешта, се далеку од местото каде се прави и хендла храната...

најсмешна ми е изјавата дека за „Капри треба добар мајстор“. ууууууу...
једината пица у мк. до ден факин денес! кечап, кашкавал, шунка и факинг маринирани печкурки... капри, бе...
 
ок али да го зголемат реонот на достава. Не мора таа полисата за пола саат бесплатно да важи, али што низ центар, пешки ќе дојдам ќе си земам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom