- Член од
- 28 март 2006
- Мислења
- 17.848
- Поени од реакции
- 12.375
Језиво, не ми е јасно како може ако од икс причини не му одговара "понудената работа" да го бришат.
Законот предвидува, на луѓето што бараат работа подолго од една година, Агенцијата за вработување да може да им понуди работа за која се бара образование за еден степен пониско од тоа што го имаат. На оние кои се невработени подолго од две години може да им се понуди каква било работа. Понуденото работното место може да е оддалечено најмногу два часа возење со јавен превоз или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење до местото на работа и назад. Ако невработените одбијат ваква работа, ќе се бришат од евиденцијата и нема да може да се пријават како невработени една година. Законот предвидува и казни од 200 евра за луѓето што се пријавуваат како невработени, а работат „на црно“.
Ваљда не смеат да ги бришат освен ако не им понудат работа во место на живеење, согласно образованието и со примања во границите на просекот за одредена гранка, а земаат социјално или додаток за дете. Сето друго ми мириса на уцена, нови робови за своите приватни фирми, деградирачко однесување на властите и држење во постојан страв...како и во се друго. Има ли у државава Уставен Суд, институции за било каква заштита на граѓаните од вакви манипулации?