- Член од
- 25 јуни 2012
- Мислења
- 2.502
- Поени од реакции
- 2.412
Сите во Македонија го знаеме ракометот, но дали е тоа така во останатиот дел од светот?
Ваков тип на игра се среќава низ историјата, но денешниот е создаден кон крајот на 19-тиот век.
Во Европа е доста развиен ракометот, како на ниво на национални селекции, така и на клубско ниво. Во Европа и во Африка, единствено има лига на шампиони, додека на другите континенти се игра на државно ниво. Но ова не кажува дека ракометот не е популарен, напротив ИРФ (IHF http://www.ihf.info/TheIHF/MemberFederations/tabid/161/Default.aspx) брои 163 национални федерации. Посетеноста на ракометните натпревари не е толку голема, за разлика само на финални натпревари, каде може да достигне и до 20.000 гледачи, како финалето на последниот европски шампионат, што се одржа во Србија, и други примери.
Ние можеме да се пофалиме со големи успеси, во ракометот, кои сите ги знаеме. Но тука би го издвоил рекордниот број на голови на едно Светско првенство, од наш македонски ракометар, Кире Лазаров.
За квалитетот на играње на другите континенти може да се издвои Тунис, каде во 2005 година, на Светското првенство, го освои 4-тото место. Бразил исто така може да се пофали, како и Јужна Кореја, посебно со женскиот тим. Но ако сумираме може да се каже дека во Европа, северна Африка, Јужна Америка (Бразил, Аргентина и Чиле) и Азија (Јапонија, Јужна Кореја, Кувајт, Катар...), е популарен ракометот.
Може да се забележи дека Австралија во последно време игра скоро на секое Светско првенство, но тоа се должи бидејќи игра два натпревари со Нов Зеланд, првенство на Океанија, па Австралија е секогаш победник.
Досега сме учествувале на две светски првенства 1999 во Египет, и 2009 во Хрватска, со машкиот тим. Третото учество ќе го имаме во Шпанија, следната година. Додека со женскиот тим сме учествувале на пет светски првенства. На клубско ниво прилично сме развиени, во последно време со Металург и Вардар, но и Пелистер и Куманово... Сите добро знаеме дека бевме и домаќини на Европското првенство во 2008 година (http://en.wikipedia.org/wiki/2008_European_Women's_Handball_Championship).
Може да се напомене дека и малите држави во Европа го развиваат ракометот, како на пример Малта(http://www.maltahandball.com/) и Луксембург (http://www.flh.lu/).
Интересно за дискусирање е ракометот во САД. Во САД, за разлика во Европа и другиот дел од светот, како и за многу нешта, го мешаат со http://en.wikipedia.org/wiki/American_handball, заради тоа што кај нив е доста популарна игра, ова сум го забележал во некои американски филмови. Па за да те разберат треба да им кажеш team handball. Најголемата иронија е што американскиот машки ракометарски тим има играно на шест олимпијади. Но за ова знаеме дека влијаеле други фактори. Сепак на двете од шесте олимпијади, каде што учествувале биле домаќини. Денеска, колку што сум прочитал се играат ракометни натпревари за време на викенди, како мали турнири, а натпреварите траат по 20 минути, за да можат да се одиграат повеќе. Еве некои клипови за ракометот во САД: http://www.youtube.com/watch?v=lUqJBp1xROs, http://www.youtube.com/watch?v=GRz-e2OxSdo... Се дискутира дека треба да се дава ракометот често на телевизија, за да се подигне популарноста.
На ранг листата од IHF, САД се пред нас (http://www.ihf.info/TheGame/RankingTable/tabid/98/Default.aspx).
Исто така интересно е да се дискутира за ракометот во Катар, каде што има доста амбиција. Пример за тоа е тимот на Al Sadd http://en.wikipedia.org/wiki/Al_Sadd_Handball_Team. Каде што во 2002 година беа и шампиони на IHF Super Globe. На последното Азиско ракометно првенство имаат освоено 2-ро место.
По олимпијадата во Лондон, и Британците почнаа да бидат поамбициозни (http://www.britishhandball.com/).
Развиен е и ракомет на плажа (http://en.wikipedia.org/wiki/Beach_handball).
Сепак може да се каже дека ракометот сè повеќе се развива. Лично мене ракометот ми е меѓу најомилените спортови, ако не и втор, после фудбалот. Интересно е да се слушнат мислења од некои кои што биле надвор во Европа, и виделе на какво ниво е ракометот.