Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој од вас има искуство со свежо млеко, дирекно од крава, не сварено, не преработено.
Свежото млеко е најхранливо, пастеризираното млеко, од крава ама сварено ги губи речиси сите хранливи состојки а тоа од тетрапак е УХТ стерилизирано (на ултра висока температура) и речиси и да нема хранлива вредност во него.

Јас се мислам да почнам да земам свежо млеко само ми е страв од бактерии и несакам да експреминтирам. Има битолско свежо млеко што го продаваат, па се мислам да го земам него крај краева

Не се заебавај со вакви работи, можеш да навлечеш многу тешки заболувања дури и смртоносни како бруцелоза.
 
Не се заебавај со вакви работи, можеш да навлечеш многу тешки заболувања дури и смртоносни како бруцелоза.
И мене ми е за тоа.

Него, изворска вода добро е да се пие и колкави се шансите да има алги/бактерии во неа? Има во близина на радожда извор кој доаѓа дирекно од планина, кој бил знае сигурно кај црквата св.Недела, се мислам од таму да полнам. Наводно изворската вода била магнетизирана, и подобро се апсорбирала во телото
 
ај кој знае нека пише за време на маса колку протеини,јаглехидрати и масти треба да се внесува , а колку за време на дефиниција
 
ај кој знае нека пише за време на маса колку протеини,јаглехидрати и масти треба да се внесува , а колку за време на дефиниција

Зависи од метаболизмот, но стандардниот сооднос за маса е

3 гр ЈХ / 2 гр протеини / 1 гр масти на еден килограм телесна тежина

А за дефиницја:

1 гр ЈХ / 2 гр протеини / 1 гр масти на еден килограм телесна тежина

Но соодносот варира како што кажав погоре во зависност од метаболизмот.
По неколку обиди, ќе видиш сам што највеќе ти одговара, обично по третата недела од почетокот на една диета се гледаат првите резултати.
 
Имам 67 кг со 171 цм висина и сакам да ставам маса. Ај видете дали ми е добар распоредов со исхрана имам план за 15 различни денови(имам 5 оброци дневно подредени во табелата подолу во различен ред).

PlmGS.png

Пробав 2 недели со 1700 - 2000 kcal ама почнав да намалувам на тежина и сега зголемив на 2100 - 2400 kcal (зависи од ден на ден), ама со зголемување на kcal ми се зголеми и внес на протеини, така да се движи од 2,31 до 2,74 по кг.

Прашањето ми е дали внесов на протеини е голем?

Инаку вежбам по P90X(6 - 7 дена неделно по 1:00 - 1:30 час) и плус 2-3 дена неделно кардио.

======
EDIT
======
BPM ми е 1689 kcal дневно.
 
Колку ти е TDEE?
 
По ова http://www.fitnessfrog.com/calculators/tdee-calculator.html со Heavy exercise (ex: exercising 6-7 days/week)

2907

прашањето ми е дали е многу 2,31 до 2,74 грама протеин по кг?

имам 67 кг а внесувам од 155 до 184 грама протеин, зависи од ден на ден.
Ако правиш тежински тренинг 3 пати неделно доволни те се 2 грама протеин.За да добиеш мускулна маса треба да си 250 калории над нивото на одржување калории.Не верувам дека ќе добиеш од P90x многу мускулна маса.Намали на кардио 30 мин 3 пати неделно.3 пати неделно тежински тренинг во теретана не P90x и изокинетички(compound) вежби да ти се основа на вежбањето.
 
Во 200 грама леб обичен колку калории, јх, масти и протеини имат ? отпилика, неморат 100% да е точно:D
 
една работа не ми е јасна. како може некој луѓе да јадат
колку сакаат брза храна,благо,газирани пијалаци,мрсно и пак
да бидат коска слаби, да не се дебелеат?
а други пак брзо се дебелеат ако го конзумираат истото.
 
не постои нишо такво
тие шо јадат пример секој ден брза храна газирано и тоа све најверојатно на страна не јадат ништо друго бонус и на крај калориите искачаат помалце од потребното за да се здебелат
се е околу калориите, не е битно од кај доаѓаат (за здебелување збориме)
башка, има разлика меѓу дебелина и тежина
некој може да изгледа слаб а да е тежок (има мускулна маса)
некој може да изгледа пуничок а да е у килажа таман (има повеќе сало него мускул)
 
една работа не ми е јасна. како може некој луѓе да јадат
колку сакаат брза храна,благо,газирани пијалаци,мрсно и пак
да бидат коска слаби, да не се дебелеат?
а други пак брзо се дебелеат ако го конзумираат истото.
Прашај ги колку се активни па ќе дискутираме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom