Пишман селско месо
(
со 1 средно голем кромид)
Потребни состојки:
-1крг. свинско месо,
- 350 гр, мелено месо,
- 300гр, печурки,
- 300гр, кашкавал,
- 5 кисели краставички,
- 1 главица кромид,
- 3 суви црвени пиперки,
- 1 коцка за супа
- 1 чаша бело вино,
- 2 лажици брашно,
- ловоров лист, сол, црн бибер
Подготовка
Во меленото месо се додаваат зачини, 1 јајце и се прават мали ќофтиња, се пржат од сите ен сољ и бибер?страни по малку. Настрана се сече свинското месо на коцки, се става во тава со малку вода и малку масло да се пропржи. Во тава со малку масло се пржи ситно исецканата главица кромид, се додаваат печурките, црвените пиперки,2-те лажици брашно, сето тоа убаво се пржи и се прелива супата (околу 500-600 гр вода + коцката за супа) и се додава 1 чаша бело вино.
Во огноотпорен сад или најубаво во земјена тава се става свинсото месо, пржените кофтиња, се преливаат со сосот од печурки, се става во рерна да се пече на 250 степени.
Откако ќе се испече, 2-3 минутки пред крај, се вади од рерна и се става кашкавалот, може рендан, на коцки или листови кашкавал, се враќа назад во рерна за да се стопи кашкавалот.
И наздравје