Секакви рецепти

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Благодариме.

Сега, дајте рецепт, кога сме кај охриѓани, за охридскана торта на робевци? И нешто без квасец. јас нејќам квасец :(

:)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.261
Барам некој убав рецепт за селско месо (значи не оној со 5 кила кромид) нешто поубаво плис (n)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Нема поубо од селско месо со мнооогу кромиТ
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.649
Поени од реакции
35.221
Барам некој убав рецепт за селско месо (значи не оној со 5 кила кромид) нешто поубаво плис (n)
Пишман селско месо
(со 1 средно голем кромид)

Потребни состојки:

-1крг. свинско месо,
- 350 гр, мелено месо,
- 300гр, печурки,
- 300гр, кашкавал,
- 5 кисели краставички,
- 1 главица кромид,
- 3 суви црвени пиперки,
- 1 коцка за супа
- 1 чаша бело вино,
- 2 лажици брашно,
- ловоров лист, сол, црн бибер

Подготовка

Во меленото месо се додаваат зачини, 1 јајце и се прават мали ќофтиња, се пржат од сите страни по малку. Настрана се сече свинското месо на коцки, се става во тава со малку вода и малку масло да се пропржи. Во тава со малку масло се пржи ситно исецканата главица кромид, се додаваат печурките, црвените пиперки,2-те лажици брашно, сето тоа убаво се пржи и се прелива супата (околу 500-600 гр вода + коцката за супа) и се додава 1 чаша бело вино.
Во огноотпорен сад или најубаво во земјена тава се става свинсото месо, пржените кофтиња, се преливаат со сосот од печурки, се става во рерна да се пече на 250 степени.
Откако ќе се испече, 2-3 минутки пред крај, се вади од рерна и се става кашкавалот, може рендан, на коцки или листови кашкавал, се враќа назад во рерна за да се стопи кашкавалот.

И наздравје:pipi:
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.649
Поени од реакции
35.221
Darklady, ова обавезно се испробува, тенкју :)
Во подготовката сум заборавила да напишам дека и киселите краставички се сецкаат на коцки и се додаваат внатре;)

Испробај го рецептов, па може да не поканиш на ручек или вечера, виното ќе биде од нас :icon_mrgr:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
А мене? Јас ќе си земам кромиТ во книжно ќесенце.
 

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Darklady, ова обавезно се испробува, тенкју :)
Кога ќе го печеш, нека биде под фолија и обавезно печи го на тивко и долго, а мешај на секои 30-45 минути. Фолијата се трга малку пред крај, колку да се запече одозгора.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Пишман селско месо
(со 1 средно голем кромид)

Потребни состојки:

-1крг. свинско месо,
- 350 гр, мелено месо,
- 300гр, печурки,
- 300гр, кашкавал,
- 5 кисели краставички,
- 1 главица кромид,
- 3 суви црвени пиперки,
- 1 коцка за супа
- 1 чаша бело вино,
- 2 лажици брашно,
- ловоров лист, сол, црн бибер

Подготовка

Во меленото месо се додаваат зачини, 1 јајце и се прават мали ќофтиња, се пржат од сите ен сољ и бибер?страни по малку. Настрана се сече свинското месо на коцки, се става во тава со малку вода и малку масло да се пропржи. Во тава со малку масло се пржи ситно исецканата главица кромид, се додаваат печурките, црвените пиперки,2-те лажици брашно, сето тоа убаво се пржи и се прелива супата (околу 500-600 гр вода + коцката за супа) и се додава 1 чаша бело вино.
Во огноотпорен сад или најубаво во земјена тава се става свинсото месо, пржените кофтиња, се преливаат со сосот од печурки, се става во рерна да се пече на 250 степени.
Откако ќе се испече, 2-3 минутки пред крај, се вади од рерна и се става кашкавалот, може рендан, на коцки или листови кашкавал, се враќа назад во рерна за да се стопи кашкавалот.

И наздравје:pipi:

Масло? Олио? Зачин? Освен сољ и бибер? Кислојна?
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.649
Поени од реакции
35.221
Масло? Олио? Зачин? Освен сољ и бибер? Кислојна?
‘‘Се става во тава да се пржи, се пржи од сите страни‘‘ - Па се подразвира дека треба да се стави ТРО масолЦЕ бе Divider, зачини се ставаат по желба (соЉ и бибер се неизбежни), да не ги редам јас сега сите зачини тука по азбучен ред:)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.649
Поени од реакции
35.221
Ај да го постирам и тука ;)
Тазе испробано, ептен убаво

Леб со коријандер

Потребни состојки
- 500 гр. брашно,
- 2 лажици мелени семки од коријандер
- 1 кафена лажица прашак за пециво,
- 350 мл, јогурт,
- 9 лажици путер
- 1 кафена лажица сол

Подготовка

Во брашното се додаваат мелените семки од коријандер, прашокот за пециво, се замесува со јогуртот додека смесата стане хомогена, потоа на набрашнета површина убаво се меси, додека тестото постане еластично, (малкууууу појако од меко тесто). Откако ќе се измеси убаво се остава тестото да се одмори едно 30-тина минутки. Тестото се дели на 8 дела, секој дел се развлекува по должина за да добие овален облик. Во тава на страна се ставаат 9 лажици путер, откако путерот ќе се растопи и убаво загрее, се става тестото да се пече околу 4 минутки (од едната страна) и од другата страна( околу 2 мин). Се пржат додека не почнат да се појавуваат златно кафеави точки по лебчето.
Откако ќе се испечат сите лебчиња, се ставаат во тава, на секое лепче се става по малку путер одозгора, се наросува крупна морска сол и свежо исецкан коријандер, се ставаат во рерна на 150 степени, околу 5 мин.

лебче.jpg
 
L

Luki Junior

Гостин
Варено печен компир со месо

6-8 компира
3 моркова
3 средни кромида
250 грама мелено месо
150 грама чисто месо свинско
4 зелени чушки
(може и други зеленчуци)
зачини:
сол, црн пипер, рузмарин, црвен пипер, вегета

Компирите се лупат, сечкат на коцки. Морковите се сечат на кругове.
Стават се у тенџере и се варат 15-18 минути на среден огин (после завривајнето).

У тава се става зејтинче, чистото месо се сече на парченца и се става да се прже на среден огин.
После 5 минути се става и меленото месо да се прже. За тава време се дробе кромидо (поедро), и се става у месото. Додават се црн пипер, рузмарин. Прже се оште 6-7 минути и се додава црвенио пипер.


Загрева се рерната на 200 степена, се спрема јадејнето у сад за печејне. Стават се компирите најоздоле, поросуват се со црн пипер и сол. Дробат се чушките и се стават врз компирите. Тука може да се стават и друзи зеленчуци (модри патлиџани, френки, габи.. Јас немаах и не ставих.

Сето убаво се измешува и поросува со вегета. И требе да изгледа така:


Оти се е зготвено, освен зеленчуците, сето се покрива со алуминиумска фолија, и се пече 30-35 минути на 200 степена. На крај, компирите се кремасти, а месото претерано кревко, и аромата е неверојатна од рузмарино.. Може да се попрска со малку мелено нане.

Сервирано:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom