Фантастично коло, а морам и да се опфалам дека до сега го пратам просекот, немам коло под 50 поени, сега засега не бркам врв, но ако продолжам со овој ритам, на крајот не ми бега да бидам меѓу првите 4-5000 во свет, а тоа по 6 години играње на играва ќе си го сметам за екстра успех.
Рекорд засега ми е во 2006 година, кога завршив на 12357 место во свет.
Толку години се обидувам да ја простудирам играта, за да успеам да дојдам до некоја логична формација, за на крајот да откријам, дека среќата е најважна, колку и да се трудам да земам фудбалери, кои ги има секаде на теренот.
Најинтересно ми беше лани, кога пред таа сезона, секогаш го имав Ван Перси, а минатата не го земав во составот и дечкото се истури, а и оваа сезона, ме мачи моментот со 2 вајлд карти, тие колку и да изгледаат идеално можат да ти направат такво срање, да пцуеш после се живо и диво.
Немам право на жалба досега, ќе видиме како ќе се одвиваат работите, засега сум 61 во Македонија, 6 на кајгана лигата и втор во мојата лига