За тој што кажа дека во Скопје не се гради за провинција,греши многу.
Ново Лисиче ти е Македонија во мало,мислам дека секој месец никнува нова зграда која собира едно село надвор од Скопје.Имам неколку другари што се градежни изведувачи,двајца градат во Општина Аеродром,другиот гради во Кисела Вода. Тоа што ми го кажуваат е дека 80% од становите ги купуваат луѓе од надворешноста,затоа и толку се гради овде,не заради нас Скопјаните туку зашто побарувачката е огромна од надвор. Ако не верувате појдете на лице место да се уверите. Кај мене у влез има минимум 5 листа со содржина:купувам стан во оваа зграда,чисто од љубопитност се јавувам да видам кој толку сака да купи,и погодете од каде се луѓето? од надворешноста. 3 стана се продадени во последните 2 години во мојот влез,на три фамилии од Пробиштип,Штип и Прилеп. Може ли некој експерт од вас што јадете слатки овде да ми објасните што мајка бараат луѓево толку во Скопје ако нечинело?!
Еден кажа дека неможеле сите да бидат министри,доктори,директори и одма го фатија за гуша демек ги осудил на земјоделие истите со таа пишана реченица.
Гледам дека никој не го сфати дечкото што сакаше да каже,а тоа е дека неможе сите да дојдат во Скопје,мора да остане некој и во другите градови да живее,да работи,можеш да бидеш директор,доктор и било што друго и надвор од Скопје. Што е со тие што се овоштари,лозари,тутуноберачи,биснис што го наследиле од татко и од дедо,зошто да не го наследат и продолжат? Туку се откажуваат од тоа и брзо у Скопје да бидам директор.
Доста офтопик, прашањето беше Скопје или провинција.
Верувам за тие од Скопје одговорот би бил 90% -Скопје 10% некоја планина или Охрид,додека пак за тие што не се од Скопје,ако не се одлучат за нивниот град,100% ке се одлучат за Скопје а не за друг град во државава,што е показател дека тука не се доаѓа само за подобар живот туку за престиж,да се биде дел од целиов овој хаос како што го викаат.