Ibrakadabra
Верувам и те како дека до Јуве можат да освојат 9 бода, једини проблем што ќе треба да се среди до Катанија, дека сега нели пауза има, е реализацијата, пред Се кај Милито.
За Фиорентина, едноставно не се слагаме за она што се дешаваше на терен, Интер според мене у прво беа једина екипа со зрели шанси за гол, Фиорентина имаа неколку полушанси, ништо сериозно во споредба со оние на Милито, и голот што го дадоа Интер едноставно не смееше да го прими, тука и Хуан мислам дека потфрли а и Ханда можеше боље да интервенира, не е ни битно.
Реков, гледам прогрес, според мене го доби Страма потребниот баланс, гледам упорно и он тоа го потенцира, го доби и потребниот моментум со победа над Милан ко гостин во период кога сеуште ја градат својата игра, едноставно сите услови ги имаат за да продолжат со ова темпо и со победите.
Да не разглабаме, чуда се дешаваат на фан клубов и тоа по победа над Милан, никад вакви работи не се дискутирале по победа над ривал, за ова е виновна ланската сезона и големиот скептизицам кој е натрупан кај сите нас, па сега се сомневаме во се, а да се навратиме на времето со Мур вакви натпревари имало 1 тон, доволно е да се погледнат изданијата со Наполи гости, или Сампдорија, Мур својот старт ко тренер во тимов го имаше со нерешено против Сампдорија, пораз од Милан па потоа нерешено со Џенова дома а имаа играч повеќе цело второ и потоа гости со Фиорентина исто нерешено а игра мизерија, Пацини ја имаше шансата на мечот, меч по кој Интер почнаа да газат.
Еден Мур имаше огромни проблеми на стартот ко тренер на Интер, плус и во групната фаза втор заврши во смешна група, а не па Страмачиони, само Мур е Мур, Интер беа претходно шампиони па никој не гледаше од денешенава перспектива на работите, сите знаевме дека резултатите со тек на време ќе дојдат, ја оставам еден голем простор за човеков и се надевам деќа ќе е долгорочно решение за тимов во иднина зашто преку глава ми е од смената на тренери, условот за тоа знаеме кој е.