Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Не, ти знаеш што значи „Провинција“. (here we go again, way way back to the Roman empire).

И не трескај. Не постои човек на кого неговиот роден град НЕ МУ е поубав од оваа скапаница.


Пак Мекдоналдс го става во „убавините“.
Ах... брееее....
Ти конкретно од кој град си? И што ти се свиѓа повеќе?
Мекдоналдс беше ставен со скроз различно значење, ти како интелигентен човек од внатрешноста требаше да препознаеш, во посебна реченица беше дури.

И не трескај. Не постои човек што неговиот роден град не му е помил и подраг од оваа „скапаница“, ама да му е поубав стварно не можам да сфатам.
 
Oд Сарајево сум јас.
И што менува тоа?

И од Охрид да бев, што ќе ти менуваше тоа? СКопје поубав е од Охрид? Никогаш. Никогаш и нема да биде.
Причината што Охриѓани го напуштаат Охрид и Битолчани ја напуштаат Битола е поради причината што нема што да прават таму, „не ги собира“ заради што ги уништија таквите градови. Една Битола ја уништија, за да го “метрополизираат“ СкУпјето ваше.

На секој најубаво му е дома. Ако мислите дека некој домот си го напушта заради “ноќниот живот“ во СкУпје, или заради “прошетките“ (лол), или заради мекдоналдс кој е ставен во друга конотација, се лажете.

Изгледа не сфаќате дека до преживување е работава.

Од една страна ги „обвинувате“ “провинцијалците“ што го напуштиле домот од што немале каде, а во друг пост, истиот час, ке ги оправдате оние неписменине што се по Австралија, Америка, што им го загорчуваат животот на домицилните.

А ти пак не сфаќај.

Јас познавам многу Скопјани (примерни и паметни момци и девојки) кои ... дури до презир им е дојдено Скопјево. Од толку што се загрди градот.
И тие од љубомора изгледа зборуваат. Аха...
 
Провинција - населено место оддалечено од главниот град.

Не знам зошто некои го сфаќаат зборот како „некултурен и навредлив“, кога си има добро дефинирано значење :)

Од кога постои оваа невидлива парница помеѓу скопјаните версус се останато тој термин е навредлив. Јас знам дека живеам во општина, не во провинција. И побрзу стигам до центар на Скопје одколку некој скопјанец во периферија на Скопје или од некоја од подалечните населби. Но, нејсе, нема да збориме за тоа.

Зошто ми е потребно Скопје:

- Во Скопје студирам, значи од огромно значење ми е сега Скопје.
- Бркање на некоја административна работа што ми е од големо персонално значење.
- Се започнув од Скопје ако треба да одам на некој терен во Источна Македонија, тоа значи дека треба прво да стигнам до Скопје па после кон теренот да се упатам.
- Па да бидам искрен, и да погледнам некоја манифестација повторно морам до Скопје да тргнам

Зошто не треба да се лутам што сум од друга општина а не од Скопје:

- Живеам солидно во град кој има преку 80.000 жители
- Имам прекрасно Кале кое ми служи за рекреација, нешто пониско од Водно но сепак подостапно
- Тука ми е Шар Планина, десетици природни езерца, тука е и Попова Шапка, да не зборам колку и натака често си одам
- Живеам во град кој се гради
- Живеам во град во кој има два универзитети
- За само 30 минути сум до центарот во Скопје
- Живеам во град во кој преку ден има стотици скопјани кои доаѓаат само да пијат кафе бидејќи кај нас пушачите си пушат во кафиќите :)

Што е исто во Скопје и Тетово:

- Бит пазар и Чаир се многу погрди од Тетово, но сепак мене ми се многу слични, и таму и ваму треба да знам уште еден странски јазик за да се снајдам :)


Затоа, олабавете и немојте да се лутите дека сте од друга општина, тоа што го зборат повеќето се исти како и селаните во тетово кои дојдоа од пред некоја година и мислат дека се тетовчани со тапија :)

Несакам да живеам во Скопје бидејќи нејќам постојано да одам во Провинцијален туризам.... толку ги мразам провинцијалците а толку сакам да им ги посетам местата.

Ајде, доста такви муабети.

Поевтино е за живеачка во другите општини одколку во Скопје. Во Скопје би сакал само стан да имам, и да можам каде да се сместам кога ќе ми затреба и за горните работи што ги наброив зошто ми треба во моментов Скопје.
 
Мене пак ме интересира ова... Скопјани, кога би продале се што имате тука, во кој македонски град би заминале да живеете?
 
е не можам ќе си манам карате, провинција бе...
ах колку се искомплексирани скопјани, зборате за другите провинција, а 50% ако не и повеќе од скопјани дојдени се од Свирипичино, па сега се курчат.
 
е не можам ќе си манам карате, провинција бе...
ах колку се искомплексирани скопјани, зборате за другите провинција, а 50% ако не и повеќе од скопјани дојдени се од Свирипичино, па сега се курчат.
Па тоа е финтата, обично тие што се дојдени од Свирипичино се курчат. Другите, едноставно, ич не им чуе за некаква „поделба“.
Не знам што одма рипате :)
 
Имав огромна чест да се возам до Инстанбул во бус со ајродромци. Т.е 2 ајродромки седеа пред мене... и сега започнува муабетот кој сте какви сте од кај сте. И кога им спомнав дека сум од Куманово им идеше да се симнат од бусот :pos:

Одма вадат спрејови прскаат за дезинфекција против провинцијалци. :unsure: :icon_lol:

Епа како вие за Инстанбул зар има туристички агенции во Куманово... сигурно ви иде да се убиете оти немате кај да излегувате?
А у меѓувреме палам тоа нетот на тел и одма гугл транслејт оти струмичкиот ми е поразбирлив од сленгот што го говореа. Ставам струмички > кумановски.... не бивит бе нејќе....менувам старо словенски,беровски мариовски > кумановски и оп ете дава превод :pipi:

Џет-сетерки бе. А пред зграда пиперки лупат.
 
Па тоа е финтата, обично тие што се дојдени од Свирипичино се курчат. Другите, едноставно, ич не им чуе за некаква „поделба“.
Не знам што одма рипате :)

Пошо се мнозинство. Другите што не им чуе не се забележуваат меѓу модерниве примитивци. :LOL:
 
Добро. И шо?

Па поубаво му е да слуша странски и соседни јазици него Македонски дијалекти, не сфаќаш? :icon_mrgr: Проблемот не е до Косоварите на пример што се доселиле, проблемот е до Македонците од другите градови. Штом на другите не им можат веќе ништо, удри по твојте. Welcome to Skopje, eehh Macedonia де. ;)
 
Па поубаво му е да слуша странски и соседни јазици него Македонски дијалекти, не сфаќаш? :icon_mrgr: Проблемот не е до Косоварите на пример што се доселиле, проблемот е до Македонците од другите градови. Штом на другите не им можат веќе ништо, удри по твојте. Welcome to Skopje, eehh Macedonia де. ;)
Тоа се вика македонски харакири синдром.
 
Дефинитивно би сакала моите деца да растат во некое помало гратче на планина. Чист воздух, здрава храна, побезбедно, помирно, да не се плашам да го пратам детето само на школо и да го мислам секогаш кога ќе излезе некаде. Да не збориме за дрога, колку е подостапна и пораспространета во Скопје. Секако Скопје нуди многу повеќе можности и избор но не смеат да се заборават предностите на помалите места. И не знам зашто се отвараат вакви теми кога секогаш преминуваат во препукување
 
Овај зборов "провинција" многу ми смета и ме нервира кога ќе ми спомне некој дека само Скопје е град во Македонија.

Во Охрид е преубо, само работа шо немојт чоек да најт, пошо 19 години овде живеам и ретко да видам да се отворит нешто освен бутик или некое продавниче мало, а и тие не се отвараат наново туку само си се менват газдите, имињата, а локацијата си останува иста.
Наместо да прает споменици од по 10 милиони евра можеа да отворет нешто и кај нас овде да недремам сеа без работа јас(n)


Иначе не го мразам Скопје, не ги мразам скопјани, имам и роднини од таму, ама градот е ХАОС, само чаршијата ви вредит ништо друго, хигиена 0, сообраќај во минус е влезен, никој незнајт кај терат.

Единствено ги мразам на политичарите, ако имав можности ќе го кренев собраниено во воздух, маме нивно заради гласови ја уништија државава, лопови, го чекам денот кога ќе се мафнам од овде и ќе имам шанса да живеам како нормален човек, и ќе имам можност да заработам.

П.С Ако дојте Охрид и му речите на некој дека е провинцијалец големи се шансите боксој да јајте:icon_mrgr:
 
Расправија која што според мене воопшто не е потребна. Скопје е главен град на Република Македонија и нормално е да сите јавни институции и центри да бидат сместени таму. Скопје е град во којшто многу луѓе пробале да ја најдат својата среќа понесени од фактот дека што поголем град толку поголемо лично уживање и слобода. Јас сум од Скопје и искрено не би се преселил во друг град затоа што тука сум роден и тука ми е се. Другите градови во Македонија се прекрасни. Секако дека не може да се инвестира подеднакво во сите градови. Тогаш би настанало каша попара. Така е низ цела Европа. Германија, Франција, Шпанија... па сите знаеме само по 2-3 града таму што се познати и што доколку би оделе во таа земја би ги посетиле. Немојте да ми кажете дека еден Париз е исто развиен колку и еден Тур (град во Франција). Тоа е невозможно. Друго што сакам да кажам е дека јас знам колеги и колешки мои од другиве градови доаѓаат да студираат во Скопје, а во нивните градови успешно функционираат истите факултети. Ете Штип, Битола, Охрид... сите имаат факултети, но за нив предноста е да студираш во Скопје... тие студенти даваат по минимум 300 евра месечно за просечна живеачка во Скопје, живеат далеку од нивната фамилија и истите тие студенти се удараат во гради и си го бранат својот роден град. да бидеме реални, зошто не сте студирале во својот град? зошто преку еден обичен работен ден Скопје е преполн со луѓе којшто си ги вршат своите дневни активности и потреби во Скопје, и со тоа овој град се пренатрупува и се создаваат гужви и хаос. Кај нас во Македонија таква ни е сојта. уште од мали нозе не учеле - бегај од тука и оди каде што ќе имаш просперитет и каде што ќе можеш да најдеш добра живеачка. Неможе сите да бидат шефови, министри, директори, доктори, економисти и правници. Мора да има и некој што ќе го обработува ова плодно земјиште во Македонија.

и за крај, уште едно мое мислење. зошто се гради толку интензивно во Скопје?
затоа што сите се селат тука. секако дека подобро би било да се инвестира во една населба во скопје каде што се гледа дека живеат многу луѓе и да се направи болница таму, него да се инвестира во некои градови кои за жал пропаѓаат и исчезнуваат бидејќи сите млади од таму се доселени во Скопје или во странство...

сите градови ни се убави во Македонија и мора да се научиме да ја сакаме нашава земја
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom