Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 август 2012
Мислења
239
Поени од реакции
170
Здраво,

Се надевам дека темата што ке јас започнам нема да навреде некој и нема да прерасне во навредување меѓу Скопјани и луѓе од провинција.

Јас лично потекнувам од провинција, но извесно време живеев и во Скопје (не повеќе) и лично мислам дека за мене подобро место за живеење е провинција некој град како Битола, Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Струмица и слично, секако и јас не би сакал да живеам во место со помалку од 30.000 жители но не би можел и да живеам во Скопје во некој стан на 8-ми спрат горе со птиците. Едноставно за мене Скопје е пренаселен град (дури ненормално пренаселен), и со тоа што ги прошируват улиците не е некое решение едноставно Партизанска е како низ градот да ти поминува автопат. Истота така 50,000 евра за стан од 40 м2, па дали се нормални и да имам толклу пари дали би било паметно да дадам 50,000 евра за стан стар 60 години :sick:, истотака што ми смета во Скопје е храната, едноставно хранта е тотално ужасна, 90 посто вештачка (сега со carrefour ке стане 100 посто вештачка), иако не сум стар но најверојатно сум старомоден но јас едноставно признавам Home Made Food. Едноставно може да идам за Скопје некој викент преку ден на ручек, да прошетам на 3-4 часа и назад во провинција или да идам на некој концерт во Скопје што во последно време и тоа го избегнувам и претежно со пријатели одеме на концерт во Софија или Солун бидејки таму почесто гостуваат пејачи.

Како што гледате јас сум повеќе за провинција Ве молам за Ваше мислеше и да гласаме на анкетата. :)
 
Се надевам дека темата што ке јас започнам нема да навреде некој и нема да прерасне во навредување меѓу Скопјани и луѓе од провинција
лично мислам дека за мене подобро место за живеење е провинција некој град како Битола, Велес, Штип, Кочани, Кавадарци, Струмица и слично,
Незнам дали си сериозен , фала богу дека е боље у Скопје него у некоја вукојебина у која нема основни услови за живот :cool:
 
Not_this_Shit_again_RE_Ending_the_Controversy-s300x391-95749-580.jpg
 
Тоа провинција јас би го ставил во наводници.Не знам што е толку јако Скопје па тоа да биде репер за тоа што е провинција.Скопје ти е вештачки исфорсиран град последниве 50-60 г.Најголема грешка направена во МК.Се мора да биде во Скопје.Ја запустија цела Мк на сметка на Скопје.
И многу млади што не можат да избегаат од државава,одат во Ск и напуштаат прекрасни градови и региони во Мк.Еве јас имам праено муабет со охриѓани што работат во Ск.Па сите би се вратиле во Охрид дури и за помала плата само да не се во Ск.
 
Незнам дали си сериозен , фала богу дека е боље у Скопје него у некоја вукојебина у која нема основни услови за живот :cool:
Друже со сета почит, незнам дали ова го кажуваш од иронија или не но изгледа и ти си од тие “пријатели“ што ги имам од Скопје што ме прашуваат дали има кај вас асфалт, вода, струја, интернет. Да ти кажам, ДА ИМА И ПАТ И СТРУЈА И ВОДА И ИНТЕРНЕТ. И македонија не е толку голема да може да излеземе на кафе од Велес во Штип или Скопје и слично
 
Ја би на море. Море је провод, море су коке.

Вие, од д кепитол, имате море? Ако имате, ке дојме сите ние, да ви ги земиме работните места и ке работиме за пола од вашата плата, пошо ние, провинцијалците, спрема вас од СкУпје сме ко хиспаниолци во Пасадена. За ун пезос ке ви рмбаме, коз ви ар провиншлс.

Јас би живеел секаде, само не во СКАПАНИЦАТА ваша, доколку би имал поинаков избор.

И се додека се употребува зборот провинција, искрено сакам да ви падне нуклеарна бомба кај „рекорд“.

Ебави Вардарска бановина.
 
Потполно се согласувам со тебе, скопје е еден пренаселен, презагаден, пренатрупан и премногу промовиран град, како да нема други места во Македонија.
И не си старомоден, Home Made Food, е баш она вистинското, во секој помал град касапите се бројат на прсти, квалитетно месо прсти да лижеш. Јас до 19 години имав во 12 часот ручек на масата, пред да одам на школо или од кога ќе се вратев од школо, домашно зготвено не може да се мери ниту со МекДоналдс, ниту со Турска Чаршија ниту со било која елитна кафана во Македонија.
За становите си потполно во право, со 50,000 Е можеш убава куќа на два спрата да купиш, а не една шупа во Скопје, што ионака не им е заработена со мака.
И една работа што не ја кажа а тоа е мир и тишина, во Скопје тоа е скоро невозможно посебно во центарот, а тоа што подалеку од центарот ти е како да си во провинција.
 
Друже со сета почит, незнам дали ова го кажуваш од иронија или не но изгледа и ти си од тие “пријатели“ што ги имам од Скопје што ме прашуваат дали има кај вас асфалт, вода, струја, интернет. Да ти кажам, ДА ИМА И ПАТ И СТРУЈА И ВОДА И ИНТЕРНЕТ.
Хаха не бе не те прашав дали имаш тоа него сеа и самиот си свесен дека Скопје е измислено за секој можен град/че у државава наша а ипак отвараш некоја си нова тема и ставаш анкета на нешто што ти е добро познато
фала богу дека луѓето од другите градови ке си пишат дека не им се свиѓа Скопје(секоја чест на исклучоци) дали тоа го пишуваат заради тоа што стварно им се допаѓа нивниот град и се научени во него или пак тоа го кажуваат заради тоа што неможат да живеат во Скопје не сум сигурен сеуште.
 
Скопје, многу јасно. Овде сум родена, овде живеам и ќе живеам! Не прифаќам никаква провинција, па макар и град со езеро како што се Охрид, Ресен и Дојран. Летото секако го поминувам на езеро, море и планина така да не ми недостасува тоа. Не би отишла да живеам во ниеден друг град на светот, само нашето Скопје! :)

393582_227768257303238_100002101968650_523848_186709997_n.jpg


skopje-plostad-14-sep-2011.jpg


И не зборете дека во другите градови немало пристојни услови за живот. Добро, во некои и нема, тоа е точно, ама повеќето градови се добро место за живеење. Е сега, Скопје си е Скопје. ;)
 
Скопје, многу јасно. Овде сум родена, овде живеам и ќе живеам! Не прифаќам никаква провинција, па макар и град со езеро како што се Охрид, Ресен и Дојран. Летото секако го поминувам на езеро, море и планина така да не ми недостасува тоа. Не би отишла да живеам во ниеден друг град на светот, само нашето Скопје! :)

393582_227768257303238_100002101968650_523848_186709997_n.jpg


skopje-plostad-14-sep-2011.jpg


И не зборете дека во другите градови немало пристојни услови за живот. Добро, во некои и нема, тоа е точно, ама повеќето градови се добро место за живеење. Е сега, Скопје си е Скопје. ;)

Не знам како успеваше да живееш и да си го сакаш твоето СкУпје пред да бидат нашлакани зданијата со кои го пофали твоето СкУпје (од фотографиите).

А викаш, Македонија е поделена на провинции, а?
Да не помешавте нешто со Римска Империја и Македонија во неа?
 
Хаха не бе не те прашав дали имаш тоа него сеа и самиот си свесен дека Скопје е измислено за секој можен град/че у државава наша а ипак отвараш некоја си нова тема и ставаш анкета на нешто што ти е добро познато
фала богу дека луѓето од другите градови ке си пишат дека не им се свиѓа Скопје(секоја чест на исклучоци) дали тоа го пишуваат заради тоа што стварно им се допаѓа нивниот град и се научени во него или пак тоа го кажуваат заради тоа што неможат да живеат во Скопје не сум сигурен сеуште.
Лелел аман како го напрај Скопје ко за Виена или Лондон да правиме муабет.Абе вие скопјаните може да се курчите со Скопје само за македонски услови и тоа одкако се запустија сите други градови во Мк.Кога ќе разгледаме пошироко,Скопје не е некој град дури ни за балкански услови.Фала богу сме прошетале па знајме.
Скопје е нешто последниве 50-60 г . со вештачко форсирање од централната власт.Градови како Охрид,Битола,Струмица,Штип и др. биле развиени векови наназад,време во кое Скопје било обично гратче,вукојебина де(да се изразам како фраеров погоре)...
 
Ви ги читам постовиве и неможам да се изначудам горе пишал еден сакал на рекорд атомска да ни фрли(и најтрагично е што и допаѓања има),а во потпис му стои Bosnia in my heart и сакам да му порачам да си се врати во Санџак и најубаво да си отворите една тема: "Сите што го мразиме Скопје и Скопјаните".
 
Незнам дали си сериозен , фала богу дека е боље у Скопје него у некоја вукојебина у која нема основни услови за живот :cool:
Поголемиот дел од внатрешноста на Македонија не е вукојебина. Скопје е катастрофа за живот, нечист воздух, скапо, лето 50 + степени, градски сообраќај татапкано се внатре.... Е сеа од друга страна има тука повеќе можности за работа и институции. Ништо повеќе. Зависи како гледаш на животот. Не ма навредувај внатрешноста на Македонија, секој град или село си има свои убавини, предности и недостатоци.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom