Постапката за виза е : подаваш барање за престој, амбасадата ги праќа документите во управната енота на градот во кој што студираш, во меѓувреме одиш во Словенија, и после 3-4 недели ќе прашаш во енота дали е испратена во МК дозволата, и си се враќаш назад во амбасадава за да си ја земеш!
За продолжување на дозволата пак, документите што си ги дал предходно во амбасадата во скопје (со исклучок на потврдата за неосудуваност), овој пат директно ги подаваш во енотата и си ја продолжуваш, значи амбасадава во ск не игра повеќе никаква улога! Те известуваат во рок од 10 дена, да ја земеш истата!