А бе сеа ок тоа, ама шо прајме шо и мене телото ми сака една а душата вели немој.
Пошо душата не ми дава и нејќи, а телово очигледно ќе сака, шо е иљачот?
Иљачот е во лечењето на својата гордост, страсти и похоти, но не со хируршки зафат или со таблети и капсули, туку со нивно враќање во состојбата во која Бог го створи првиот човек, а тоа е бесстрасноста. Тоа е процес, кој се одвива преку покајание и преку добри дела, така што гордоста преоѓа во доброволна потчинетост, а страстите и похотите во нивната спротивна состојба, .т.е во добродетелност.
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 12:24 ---
И сеа, дали страшниот суд е страшен како конечен или страшен во смисла хорорен?
Страшниот суд ќе биде страшен само за недостојните луѓе, чиј живот поминал во Богоотпадништво и во злодела.
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 12:27 ---
Пошо знаеме дека Исус е милозлив, ама татко му има потп праќано, потомор на цели градој и цивилизации. И сина си го има потоморено. И терано луѓе ко Аврама да си колат деца.
Да, Христос Е многумостив и долготпрелив. Јас тоа не го знам, ама верувам дека е така.
Аврам, сепак, не го уби Исака, оти тоа беше само Божјо искушение кон Аврама, со кое Бог сакаше да провери до каде е Аврам расположен да оди во својата Богопослушност. На Бога, не Му требаат идолски жртви.
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 12:28 ---
Шо прајме ако татко му реши да суди, а не Исус?
Погледни го, на пример, Христово крштевање или Христовот преображение, кога Отецот се јавува со глас од Небесата и ќе видиш дека Отецот Небесен има потполна доверба во Својот Син.
--- надополнето: 4 октомври 2012 во 12:31 ---
Ќе има ли милос за страстите на телото, имајќи предвид дека душата била противна на чинот?
Христос ќе има милост, доколку секој од нас во својот овоземен живот, покажал милост кон другите.
Ако душата била навистина противна на телесните потреби, тоа значи дека истата таа душа, живеејќи покајнички, не му допуштала на телото да брлавее...Така, телото би и‘ се потчинило на таквата праведна душа а не обратно.