Станува збор за македонска територија која била во состав на Србија како српска бановина во кралството схс како што биле сите 9 бановини во тоа тогашно кралство.
Дискутирањето околу тоа дали била окупација или не, е предмет за анализи. Не сакам да се повторувам околу тоа за зборот ,, окупација,, оти е излишно да докажувам кога и после што доаѓа до окупација на одредена земја или дел на територија на некоја земја.
Заклучоците во тврдењето за релативизирање и наклонетост се докажува со писмен или виден доказ, сето друго е паушално кажување.
Правото на размисливање некој што го изнесува е негово право базирано на учење, слушнато од постари, пишувано во воени книги.
Тврдењето за перфидна пропаганда го побива и го фрла во контејнер ова:
Затворани и измачувани од власта во 1923 година заради соработка со комитите и псуење на Кралството:
( Следува список од 7 лица на возраст од 35 до 62 години)
во кој се наоѓа и мојот дедо.
(1.108)
233
Тука нема никаква украсна хартија туку доказ за патриотизам кој не може никој со ништо да го минимизира и пренасочи во друг правец.
Ч Е Н Т О,
17 јули 2012 Gevara,
Престани со узурпирање на темата заради твоето лично видување и неслагање со терминот "окупација".
Ти беше оставено доволно простор да се искажеш околу тоа.
Ова е во прилог на демократијата и слободното мислење.
Не е мое лично видување во врска со терминот ,,окупација,,
Напишав меѓународни стручни војни толкувања..во темата.
Еве како мислам, како сакаат други са мислам. Се надоврзувам на поставувачот на темата Трн во око:
Во 1915 година затоа што во Овчеполскиот бунт, одбиле да служат војска и за соработка со комитските чети, кај месноста ,,Млин,, биле убиени: Коте Иванчов, Иван Киселички, Иван Десподов, Никола Ангелов, Ване Чипев, Спасе Ѓоргиев, Атанас Цонев, Давитко Димитров, Демир Прчев, Беќир Кадиев, Мемед Очипалец, Алија Попишко, Ариф Дестанов.
Во 1915 година Николчо Чорбаџиски умрев во Албанија од студ и физички напор.
Во 1914-1915 година заради комитски и дезертерски дејства, во брегалничкиот регион биле осудени Јован Мухтијата, Серафим Царевоселски, Белогаски, Ајтарски, целото семејство Чорбаџиски. Мамут Стамерлиев, Стојан трговецот и уште 11 души.
По атентатот во кафеаната на Спиро Ѓоргиев во 1924 година од обвинетите за вмешаност во тој напад, најмногу затворски казни добиле Црн Велин 16 и Црн Ѓорѓи 20 години.
(2,кн.I.588,742; кн.II.194,198)