ТуЉумба
Полојна дузина шољи вода
черек дузина шољи масло или олио
J
полојна дузина шољи брашно тип 500
7-8 јајцови
Прашак за пециво – едно ќесе малечко
За шербет:
полкило вода
кило шеќер
едно до две кесичиња ванилин шеќер
Зготвуење:
Ќе зејш шољине вода и шољине зејтин и ќе ги клајш да фрли кључ и да фрла и даље кључои и полецка, онака, скришно, молчешкум, ќе му наклајш шољине брашно.
Шом ги клајш, мешај ко оља шо меша малтер, ама побрзо, најбзо, море уште побрзо од најбрзо или најпобрзо и тргај од кладата (ринглата)
Ко ќе оладиш тестоно, накрши му ги јајцата (не на мажот, ами оние кокошкинине) ипрашакон за пециво (нашки бакин прашак и не не е од српски прашакот на баба, ами лошо преведно baking powder, толку знаеле енглески) и го гњецаш со рака да се стести се јово наново. Со шрпиц за вакцинирање волој (оти е голем) без иглата, ги шприцаш на тава таканеречен плеџ, како оркестарот ама со п и ги клааш да се усрамата и заруменат на загреана рерна (и то е оган, ама не клада, оти не се наклава одозгоре, ами дека печи одсекаде) на некаде 180-200 степени по Нивес.
Ко ќе испечиш и се готови, ги тргаш и прајш шербет.
Е то вака се прај: вариш вода, клааш шеќер, ванилин шеќер и мешаш, мешаш да се згисни ама да не е со трупци како оној бугарон пијан на питралон, ами да не е зрнесто.
На крај, поливаш туљѕумбата.
Јадиш.
Искачаш на балкон од соблазение и се дериш: ДА Е ЖИВ ДИВЧООО!
Влегуваш внатре. Јадиш па. Се дебелееш малкуцка. Ме пцуеш. Ми е гајле.
--- надополнето: 8 октомври 2012 во 19:07 ---
Црнографска стестеникава чорбуљачка направија (со чили и лута пиперка во прав е топ, ѓо-мексички)
3 лајци олио сасо вирго интакта од маслинќи
Фино сецкан кромиТ – еден
Фино сецкан лук – три главчиња
Едно лајче пиперка зелена нелута дробена, во прав, сушена, де, по ќеиф и малку чили или алево пиперче
Канче сос од домати
Полојна протокал (прилески за портокал)
Сварен црн граф, околу полкило
Коцка супа, во шоља вода сварена – пилешка, од гајгур
Гарнисање: Павлака, по желба, канче до две, бел кромиТ, парченце од лимоње, семки од тиква (воа се се меша, пусти, штури, да изглеа на нешто, ако не ти фаќа око, блендај го да се смеша.
Загреј олиото в пајнца за готвење или тенџере, пропрши кромитот да зарумени, ко да си му кажал срамотен виц, едно 5 минути
Додај луко и залините и тоа околу една минута разбркај го по тенџерето и на крај ко ќе почни да мириса на убо клај му доматине од канчено и исцеденот протокал и намали огно та нек се вари на тивко, околу среднотивко.
Претходно сварениот граф, ако не најдеш у Веро или Керфур оти у Тинекс не чини, готово во кантиче сварен (онак требаат четири некаде кантичиња) клај го во тенџерето и шољата (оваја е двестеипејсеграмска за чај) со гајгуровата коцка стопена. Клај сол по фкус. Нека се врија на тивко уш петнајсе минути или черек сат.
Зеј блендер, блендај, пасирај, мамојебиму, да се напрај пастуљаво.
Ако стани многу густо, додај малкуцка војца, ама помалкуцка, да не е ни тегаво, ни лигаво, ами така осредње.
Згарнисај го сето.
Јади.
Пијај вранец.
Весели се.
Кој зготви и му се допадне, нека каже и нека викне. Јас носам вранец.