Убиен Македонец во Солун?

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ете конечно:


Уредникот на информативната програма на МТВ, Горан Петрески, се извини за веста на јавниот сервис од саботата- „дека во Солун починал грчки државјанин со македонско потекло, по нападот од членовите на ултра- националистичката „Златна Зора“


Ај утре пак за нешто ќе се извини.....
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Алал да му е на овој Стилијан мислам заслужува од нашиот предцедател орден и доживотна пензија.

Шо држава ќе бевме. :facepalm:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Ти навистина ли мислиш дека навивачка песна, и мислење на обичен граѓанин се доволни и валидни аргументи за блокада на евроатлантска интеграција на Македонија (или било која друга држава). Приказна за мали деца. Дека не ебат, не ебат. Ама не Грција.
Некој друг. Појак.

Чекај сега.
Ти тврдиш дека такво лице не постои, у стилот "Исус не постоел".
Истовремено не постои, а бил примен во болница со тешки телесни повреди.
Најдобронамерно велам: чукнете си ја главата.:tapp:
Голем е бројот на Македонците кои имаат исчезнато "без трага и глас" во Грција, Бугарија, Србија..
Не го мислам тоа јас. На крај краева не е ни битно што мислам, битно е што се крена голема галама и што дефинитивно не ни беше од корист. Или песна стара преку 20 години случајно стана проблем баш во тие два термина?

За „починатиот„ - нема јас што да тврдам дали постои или не. Ама тврдам дека денес став на ОН е дека Македонија нема територијални претензии кон Грција, а за неколку месеци се ова ќе се заборави и ќе останат само три работи:
- дека престедателот на СМК повикува на војна со Грција - на кого му одговара тоа?
- сликите дека на територија на Грција има вооружени и екстремни Македонци - на кого му одговара тоа?
- фактот дека после бламажата на Фуле, на кол да наденат Македонец и да го шетаат низ цел Солун, ни тој ни неговата ЕУ гарда барем две недели уста нема да отворат! - на кого му одговара тоа?

А ако не си легнуваш рано еве ти неколку прашања за размислување:
- по избрзаните вести, сите медиуми гледаат да ја затворат темата која не ни одговара. Останаа само неколку (види случајност, инфо и компанија - истите од приказната со навивачката песна) кои лупаат глупости за ФБ профили и слики на дечконо кои покажуваат пак - дека во Грција има Македонци со калаши и територијални претензии - на кого му одговара тоа?

- новинари на лице место, луѓето од амбасадата, роднини, соселани, Виножито!(за мене најрелевантните), накратко сите НАШИ луѓе - тврдат дека нема ваков настан и пробуваат да го затворат случајот. Единствените кои шпекулираат дека може „има нешто„прават простор за завера се АЛФА? кои имаат телефонско интервју со ГРК? кој меѓу другото е АНОНИМЕН? Тоа е онаа твојата вест за „примен тешко повреден во болница„ која два пати ми ја лупаш во фаца. А мене па ми изгледа дека грчево (преку АЛФА) не дупи - на кого му одговара тоа?

- збориме за Грција каде нашите ги малтретираат за ситници, каде секој втор комшија е шпиун и каде се плашат да зборат на својот јазик. Во истата таа Грција човек со месеци ги дупи со поставување знамиња, позира со калаши и лупа профили - пак потврда за „вооружени Македонци во Грција„ - без разлика дали дечкото е платен, храбар или луд па оставен на мира - на кого му одговара тоа?

Од мене само еден хинт - на сите 6 болда одговорот е - на Македонија сигурно не.

Еве ти го сега твојот цитат назад и биди ми поздравен.
Истовремено не постои, а бил примен во болница со тешки телесни повреди.
Најдобронамерно велам: чукнете си ја главата.:tapp:
..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па според последниве информации детево веројатно треба да се смести во посебна установа со посебен надзор. Секако благодарение на неговата фантазија излетавме како најретардирана нација на свет. Се разбира голема благодарност и до Тодор.
Одлично сценарио за филмот „Како загина последниот Македонски херој во Грција“.
Темава може да се фрли во некоја прашина, така ни е најпаметно.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Гејците не признаваат дури и со мед да ги намачкаш и врзеш до некое дрво!

И што сега?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
-по избрзаните вести, сите медиуми гледаат да ја затворат темата која не ни одговара. Останаа само неколку (види случајност, инфо и компанија - истите од приказната со навивачката песна) кои лупаат глупости за ФБ профили и слики на дечконо кои покажуваат пак - дека во Грција има Македонци со калаши и територијални претензии
новинари на лице место, луѓето од амбасадата, роднини, соселани, Виножито!(за мене најрелевантните), накратко сите НАШИ луѓе - тврдат дека нема ваков настан и пробуваат да го затворат случајот. Единствените кои шпекулираат дека може „има нешто„прават простор за завера се АЛФА? кои имаат телефонско интервју со ГРК? кој меѓу другото е АНОНИМЕН? Тоа е онаа твојата вест за „примен тешко повреден во болница„ која два пати ми ја лупаш во фаца. А мене па ми изгледа дека грчево (преку АЛФА) не дупи
Boban Nonkovik:

Ako itno ne bide smenet i izbrkan od rabota glavniot urednik na MRTV i ne bide smenet celiot urednicki kolegium i ako vednas ne bide suspendiran Todor Petrov na rabotnoto mesto sovetnik na gradonacalnikot na Gazi Baba i protiv nego javniot obvinitel ne pocne postapka za povikuvanje na bunt i vojna - togas Vladata ke pokaze deka e vmesana vo seto ova!

.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Boban Nonkovik:

Ako itno ne bide smenet i izbrkan od rabota glavniot urednik na MRTV i ne bide smenet celiot urednicki kolegium i ako vednas ne bide suspendiran Todor Petrov na rabotnoto mesto sovetnik na gradonacalnikot na Gazi Baba i protiv nego javniot obvinitel ne pocne postapka za povikuvanje na bunt i vojna - togas Vladata ke pokaze deka e vmesana vo seto ova!

.
Има логика, но доколку не е вмешана владата тогаш можеби е вмешана некоја друга влада од друга земја... Сето тоа мора да се испита. Не е ова ништо случајно.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Boban Nonkovik:

Ako itno ne bide smenet i izbrkan od rabota glavniot urednik na MRTV i ne bide smenet celiot urednicki kolegium i ako vednas ne bide suspendiran Todor Petrov na rabotnoto mesto sovetnik na gradonacalnikot na Gazi Baba i protiv nego javniot obvinitel ne pocne postapka za povikuvanje na bunt i vojna - togas Vladata ke pokaze deka e vmesana vo seto ova!
Хмм...

Имаше еден муабет неодамна дека Миленко и Јанко се нешто скар со владата, а и Бранче нели најави интерпелација пред некој ден.
Прекрасен шлагворт...

Башка извештајот од ЕУ се чека...
 
Член од
8 септември 2012
Мислења
48
Поени од реакции
18
Лошо...стварно лошо ама немало потреба од провокации,и не требало да студира таму ако е толку анти-грк...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Не ни е во корист ова, не ни е во корист она, не ни е во корист тоа...а кога нешто ни е нас во корист?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
За „починатиот„ - нема јас што да тврдам дали постои или не. Ама тврдам дека денес став на ОН е дека Македонија нема територијални претензии кон Грција, а за неколку месеци се ова ќе се заборави и ќе останат само три работи:
- дека престедателот на СМК повикува на војна со Грција - на кого му одговара тоа?
- сликите дека на територија на Грција има вооружени и екстремни Македонци - на кого му одговара тоа?
- фактот дека после бламажата на Фуле, на кол да наденат Македонец и да го шетаат низ цел Солун, ни тој ни неговата ЕУ гарда барем две недели уста нема да отворат! - на кого му одговара тоа?
ОН немаат таков став.
Тоа е тврдење на нашата килава "дипломатија", за оправдување пред домашната публика на конвенција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ(на пример). Тој став дури го напишавме и во Уставот и пак никој не не сфаќа сериозно.
1. Кој вакво фактор е тој СМК? Некоја официјална институција???
2. Сликите на некој умоболен Македонец, Албанец, Бугарин, Грк, Турчин со оружје в рака немаат никакво значење во сериозните дипломатски кругови и меѓународни односи.
3. Не би рекол дека Филе се избламирал.
А ако не си легнуваш рано еве ти неколку прашања за размислување:
- по избрзаните вести, сите медиуми гледаат да ја затворат темата која не ни одговара. Останаа само неколку (види случајност, инфо и компанија - истите од приказната со навивачката песна) кои лупаат глупости за ФБ профили и слики на дечконо кои покажуваат пак - дека во Грција има Македонци со калаши и територијални претензии - на кого му одговара тоа?
Право на секого е да треска неограничено глупости.
Проблем на сите останати е доколку го сфаќаат сериозно.
- збориме за Грција каде нашите ги малтретираат за ситници, каде секој втор комшија е шпиун и каде се плашат да зборат на својот јазик. Во истата таа Грција човек со месеци ги дупи со поставување знамиња, позира со калаши и лупа профили - пак потврда за „вооружени Македонци во Грција„ - без разлика дали дечкото е платен, храбар или луд па оставен на мира - на кого му одговара тоа?
Токму заради тоа настанот доби толкав публицитет. Доколку се случеше во било која друга нормална држава немаше да дојдеме до тука. И тука нема ништо ненормално.

Единствените кои погрешија и кои треба да сносат одговорност во случајов се МТВ и никој друг. Не гледам ништо трагично за нас како држава. Ако некој сака да не подјебава може до бескрај на еден или друг начин.
Биди ми и ти поздравен и не гледајте виновници таму каде што ги нема. Вистинските противници се на друго место.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ураганот Самарџиев


Човек ќе помисли, зарем некој би лажел за смртта на свој роднина!? Тоа е надвор од умот! Исто како што е надвор од умот и ширењето на таа информација без никаков обид за проверка




Еден од најпознатите случаи на медиумска заблуда во историјата е радиодрамата „Војна на световите“ емитувана во 1938 година во САД. Била раскажана од Орсон Велс толку драматично, згора на сѐ во форма на репортерски извештаи за напад на вонземјани на Земјата, што слушателите што ги вклучиле радиоприемниците мислеле дека тоа се вистински вонредни вести и дека навистина суштества од друга планета запоседнале делови од Америка. Паниката се ширела многу побрзо отколку објаснувањето дека станува збор за фикција, за измислена приказна, за забавна емисија, а не за нешто сериозно и вистинито. Чиста среќа што тогаш немало Интернет, Фејсбук, сомнителни портали за вести и уште посомнителна практика на традиционалните медиуми да им веруваат ним. Поточно, среќа што ова не се случило во денешна Македонија и на нејзината медиумска сцена. Инаку, општествената драма што оваа радиодрама ќе ја предизвикаше ќе беше од уништувачки размери.

Добро, си имавме и ние случај на напад од вонземјани, со презентацијата на новото лого на ЈП „Македонски шуми“. Мораше самото претпријатие да соопшти дека стои зад „чудните форми во житото“, за кои и порталите, и весниците, и телевизиите си препишуваа едни од други дека можеби се направени од вонземјани. Ова барем беше полесен случај и нецелосна заблуда. Затоа по некое време дојде и веста дека македонските граѓани за половина година потрошиле 550 милиони евра на одмори во Грција. Малку брза математика - тоа значи дека секој наш жител таму во просек оставил 275 евра, или по 1.100 евра од четиричлено семејство.

Во земја со 30 отсто сиромаштија и невработеност, тешко дека и четвртина од луѓето одат на годишен одмор. Дури и да е така, произлегува дека сите што биле на одмор оделе само во Грција и потрошиле по 1.100 евра од човек. Колку за потсетување, аранжманите што ги нудат нашите агенции се движат од 60 до 200 евра, а повеќето патуваат со полни куфери храна од дома. Но зошто да се оптоваруваме со логиката кога си ја имаме сензационалноста. Веста ја пренесуваа по три нови медиуми во минута, и таа без никакво критичко размислување дали воопшто има смисла, служеше за да се разгори една од најчестите кавги во последниве години - зошто им оставаме пари на оние што не нѐ признаваат. Уште еднаш, мрзеливо, некритички, само се пренесуваше информацијата како од еден папагал до друг. Важно некој е потпишан дека го тврди тоа (во тој случај некакваси грчка туристичка федерација), и може да се примени правилото „јас само го кажувам тоа што го слушнав“.

И како во таков амбиент можеше да се избегне „ураганот Самарџиев“? Можеби сме мислеле дека сме послободни во пренесувањето вести од рангот „боранија“ (кругови од вонземјани, пари за на одмор итн.), иако и тоа е неоправдано и непрофесионално. Но не може да ни се повтори со важна работа, тука сме повнимателни. И ни се случи со најважната работа, човечки живот. И тоа во најчувствителни околности, кои вклучуваат претепување до смрт на млад Македонец од Грција од припадници на грчка неонацистичка парламентарна партија. Информација што тргна од Фејсбук и што беше „потврдена“ од извор што исто така ја добил од оној што ја напишал на Фејсбук, а кој седел на 1.500 километри од местото на настанот. Така, се нашол еден новинар што го гледал фејсбук-профилот на леринчанецот Стилјан Самарџиев (кој стана познат по тоа што наводно го закачил старото знаме на грчка полициска станица, па многумина почнаа да го следат) и одеднаш прочитал нешто неверојатно - Стилјан тврди дека неговиот братучед Александар бил убиен од припадници на Златна зора. Порталската практика во последно време покажа дека само брзината е важна, не и веродостојноста, па тоа веднаш стана вест. Без разлика што Стилјан не може да биде релевантен извор. Вториот портал прочитал од првиот, па не сакал да заостане во информирањето. Третиот помислил дека информација објавена на две места е сосема релевантна, без разлика дали едните препишале од другите. И ураганот веќе не можел да се спречи. Што е уште потрагично, и традиционалните медиуми, кои се трудат да покажат дека држат до некакви стандарди, безрезервно ја споделуваа веста на своите интернет-страници, а потоа и во самите вести. Заразена беше дури и реформираната државна телевизија, која како да се исплаши дека ќе остане помалку сензационална од другите, како тоа да ѝ е работа.

Но човек ќе помисли, зарем некој би лажел за смртта на свој роднина!? Тоа е надвор од умот! Исто како што е надвор од умот и ширењето на таа информација без никаков обид за проверка. Дури откако сите ја објавија, некои заедно со повикот за војна од Тодор Петров, дури откако таа стана тема што почна да ја зоврива крвта следуваше едно „упс“! Се разбира, следено со едно „ама нас други така ни кажаа“, како и понекое „сѐ уште може да е вистина, сепак ова е само зборот на братучедот против зборот на грчката држава“.

Интернетот е сегашноста и иднината, а информирањето преку него ќе ги надмине сите други форми на ширење вести, дури и во Македонија. Но што прават сега поголем дел македонски портали за вести? Кога го користат Фејсбук како извор, се обидуваат да фатат некој сеир, божем најважно во државава е со кого се сликал некој пратеник или што напишал некој опозиционер за свој сопартиец. Кога не ја користат мрежата, пак, се користат едни со други како извор. За жал, покрај сувото гори и суровото, па и оние што пробуваат да држат до некоја професионалност се стопуваат во впечатокот дека ниту еден не вреди да се следи. А уште пострашно е што изгоре и најсуровото, традиционалните медиуми, кои никако не смееја да се впуштат во порталската сензационалистичка трка. Зарем сакаа да докажат дека и тие не вредат да се следат? Често во земјава обележуваме некои денови како најлоши, како допирање на дното (во новинарството, во политиката, во економијата), но тие важат само додека не се случи нешто полошо. Овој пат можеме да бидеме сигурни дека ова не е најлошо, и само да го чекаме полошото.

Автор: Гоце Трпковски

Извор: http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10212919435&id=13&prilog=0&setIzdanie=22694
 

Kajgana Shop

На врв Bottom