Максимална брзина со која сте возеле моторно возило?

Ајдеее нов рекорд: BMW K1300R на автопат према велес 349 км/х колку што е ограничено од електроника.

Моторот го има најмоќниот тјунинг чип со power commander V електроника (мануелно подесувана крива на снагата), во R+ мод, K&N филтри, HPE издув, 2 радилици (по 1 на секој 2 цилиндра) и 6 системи за против пролизгување и губење контрола на моторот. Испорачува 216 коња на задно тркало :eek: За жал убавецот не е мој туку на близок пријател кој беше љубезен да ми овозможи да го испукам колку што може.

И да загинев - не жалам :)
Си измешал брзините... најверојатно сакаше да кажиш 2 брегасти?

А дека има маж кај нас 350 да крени на автопат... Чајка со сите патарини отворени на Скопје-Тетово едвај 320 крена...
 
Ајдеее нов рекорд: BMW K1300R на автопат према велес 349 км/х колку што е ограничено од електроника.

Моторот го има најмоќниот тјунинг чип со power commander V електроника (мануелно подесувана крива на снагата), во R+ мод, K&N филтри, HPE издув, 2 радилици (по 1 на секој 2 цилиндра) и 6 системи за против пролизгување и губење контрола на моторот. Испорачува 216 коња на задно тркало :eek: За жал убавецот не е мој туку на близок пријател кој беше љубезен да ми овозможи да го испукам колку што може.

И да загинев - не жалам :)
Кој тоа ограничува на 350 км/ч???
Да речеше ограничена на 250 да разбере човек, вака понтамошнот муабет не е валиден.
Продолжуваш со 216 HP дека е постигната таа брзина. :tapp::pos:
Автопатот према Велес има добра делница од 3-4 км. (2 км се писта) пред патарината петровец. На таа делница 350 км/ч многу тешко дека ќе кренеш и со појака кола, можеби со формула :) , ни вејронот нема да крене толку. А ти тоа го успеа со некое си праено BMW со некои “смeшни“ 216 HP???

Кога лажете кај гледате бе?
 
А ти тоа го успеа со некое си праено BMW со некои “смeшни“ 216 HP???
Кога лажете кај гледате бе?
Се глеа и ти колку разбираш... Се работи за мотор, не за кола.
 
Си измешал брзините... најверојатно сакаше да кажиш 2 брегасти?

Упс да! измешав работа! 2 брегасти не две радилици . И 329 не 349. На жешково без клима дома не знам зашто пишав 2 радилици кога тоа е технички невозможно на мотор... Жалам...

Според газдата, моторот забрзува за неполни 2 секунди од 0-100, а само во прва брзина оди 150
 
Упс да! измешав работа! 2 брегасти не две радилици . И 329 не 349. На жешково без клима дома не знам зашто пишав 2 радилици кога тоа е технички невозможно на мотор... Жалам...
329 ми е верно, пошто стандард супербајк 1000 достига од 300 до 305/310 иако сите спидометри се ограничени на 299. браво сепак.
 
е во ова не верувам.... сеуште е сретнав веспа од 125 која може да крене повеќе од 80-90... а тоа ако тебе ти покажува 110 тоа е друг муабет...
Јас имам Hamachi 50 цц китирано достигнува 127 kmh што е тука чудно со веспа од 125 cc ?
 
Китирано е... само незнам дали клал Body 999 или некој поскап кит, како PPG или MaxMayer :D


Да, ај сеа ој и изгуглај Suzuki Hayabusha 1300... Изглеај и некој клип на ју туб и ќе прајме муабет.

Tие 270 км/ч ги достига било која 600-ка. Така да причаш прикаски за мали деца. Да не го спомнувам моментот дека оригинално нечачнато BMW-то има 170 кс (колку за илустрација Yamaha R1 има околу 150). Tака да многу е реално и изводливо да има 200+ кс под резервоарот, само кај ја кренал таа брзина (со оглед какви убави и големи дупки имаме на патиштата), и како видел дека возел толку (над 200 е страшно да се гледаш во километражникот наместо во патот) е мистерија.
Џиш и ти слабо некако стојш со моториве.. Yamaha R1 има 186 кс, толку одприлика имаат и другите 3 јапонци во класата 1000цц.
 
Ај сечи Перо, ај ај сечи Перо... Ојдоја мислењата.

Тјунинг на скутери, имаше некаде тема, па го молам членот M@ximu$ слободно да се искажи таму.
 
265 km/h рекорд со возило...

Принтскрин од една вожња на автопат ...

scaled.php
 
Во последно време возам пензионерски. Ептен пензионерски... 90-100 км/ч. максимално. Дури и на автопат. Си се тргнам десно и си возам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom