Гледано од јужна, објективно и реално за ситуацијата кога комити влегоа во терен, имаа доста поголема предност, не знам дали они и очекуваа беа спремни за крадење на бајракот па повеќето беа на трибини додека чкембарите беа многу помалце, повеќето беа низ ходници. Кога се стрчаа комити накај исток пред нив буквално немаше никаква полиција, додека кај чкембарите веќе стоеа желки и само неколку успеаа да се симнат доле, другите беа држени на трибини( за ова ете и слики има на мкд сајтот), истите тие желки од страна на чкембарите се пуштија према комити, 2-3 желки беа и сите комити се вратија назад.