П
Пепси_
Гостин

Горе-доле,од фотеља на кревет тисеплукнам у животот досаден.
замисли утре е понеделник

Убаво имеДрага Кајгано.
Утрово се роди малата Викторија.Пресрекна сум што имам внукичка![]()
Драга Кајгана... Еве и јас да пишам на темава, главно пошто местово ми стана второ најпосетувано на нетов после ФБ.
Сабајлево се вратив од екскурзијата во Прага, која требаше да биде нешто најнезаборавно, нешто што еднаш се доживува и ти е мило што такво нешто си искусил, барем јас така бев упатен да мислам пред тргнувањето. Не беше... цел провод ќе го раскажам тука...
Стигнавме до Прага по долгиот пат, па на кратко го разгледавме градот чисто додека да смениме пари и да земеме нешто за јадење. Делуваше интересно, поинаков стил од другите места во кои сум бил во животот (а искрено не сум шетал многу). Цените беа доста повисоки, но го очекувавме тоа. Дојдовме во хотелот наречен Топ, да Топ Хотел се викаше хотелот, и бевме целосно мотивирани за забава. Ни земаа 20 евра као депозит у случај да заебеме нешто. Собата беше топ, 3 пати поголема од мојава дома, вецето огромно со џакузи. Хотелот отмен, можеби преотмен за едноставни средношколци од Македонија како нас, но нема што да се буниме. Го биеше репутација дека за ништо земале пари од посетителите што се докажа точно кога дознавме дека на типци што беа исто така на екскурзија како нас, само од Бања Лука, им земале 500 евра пошто правеле галама. Затоа моравме малце понеопуштени да бидеме за разлика од обично. Вечерта не однесоа у дискотека заедно со Србиве. Дискотеката се наоѓаше под едно местенце што изгледаше како преку дење да е продавница за гуми на возила. Местото онака океј беше, најпросечна дискотека, а музиката што вртеше на почетокот беше од стилот на Елитни Одреди и Цвија што вака си ги слушам па интересно ми беше (не очекувавме српски диџеј). Али после тоа паметниот диџеј мислеше дека ќе биде ѕвер ако пушти траки у кои ги споил Danza Kuduro и Rain Over Me у едно... излишно е да кажам дека не беше ѕвер. Екстра пијачките што следеа беа срање, замислете дека беше нешто како црнец да земал и да стискал јагоди све дур не истече сета течност у мала чашичка. Повеќе алкохол има у Cherry бомбоњерине ебате. Почна тапа да станува, па за да исполнам време и се пуштав на една србинка и попив корпа. Да се потрудев малце поише сигурен сум дека ќе напраев нешто, али ја дебил сум и си викам третата вечер бољи ќе биде (барем така сите очекувавме), па бев рамнодушен и не се замарав многу. За жал не беше и сфатив дека треба коа ќе ти се пружи прилика убаво да ја искористиш, а не да мислиш дека другпат бољи прилика ќе имаш, пошто може следниот пат бетер да си поминеш, како што беше случајот сега (али затоа покасно). Затоа за казна си добив поука за другпат, сеа касно е за каење. И така заврши првата вечер, ништо посебно, сите сеуште со исчекување на третата вечер.
Вториот ден со водич не шетаа низ градот. Водичов еден Хрват при умирање кој никој не го прати што збори. Едино што запамтив од него е како кажа дека поранешниот стадион на Спарта Прага собирал 300.000 гледачиДа, на 2 пати кажа 300.000 наместо 30.000. На крајот од турата ѕверот не ни кажа ништо, само не остаи со класните и си отиде у некое подземно метро без ни чао, пријатно да каже. Чмаевме под некоја статуа кај што имаше некои протести кои вклучуваа цеде ставено на repeat во комбе кое кружеше цело време, се додека не дојде полиција и не ги бутна типците у апс. Оваа дебилнава агенција беше толку неогранизирана, што додека ние денгубевме низ центарот на градот, другите автобуси (пошто бевме 4, секој со посебен водич) биле у трговскиот центар и се изнакупувале. Затоа време ние го разгледувавме градот и почнавме да сфаќаме дека местово е многу заебано. Онака све се наплаќа и врие од преваранти, меѓу кои беа и самите менувачници. Низ паркот на сред бел ден наркомани се пукаат у вена, да те наежат комплетно. Згора на се го чекавме и нашиот автобус уште еден саат додека да дојде и немаше време да идеме и ние до трговскиот. Подебилна организација амин. Вечерта не однесоа на крстарење по Волтава за кое и онака не очекував да биде интересно. Имено имавме водич кој беше бугарска верзија на Кили, малце напиен, забраден и истрипан цел. Така помина и вториот ден, срање.
Али тука е третиод ден, денот што требаше да биде врв над врвовите и да си поминеме лудо и незаборавно. Ех камо да беше ко што си замислувавме. Дента добро почна, не однесоа до Дрезден, Германија, каде веќе имаше разумни цени. Градот исто така беше убав и сочуван, дури се чудевме кога видовме убаво сочувана автобуска станица каде за разлика од нашиве тука беа сочувани и клупите за седење од чиста логична разумност дека можеби некогаш во животот ќе дојдеш до ситуација да седнеш додека си чекаш автобус. Кај нас тоа го нема, крши све бе, шо ќе ни е ова. Делот кај што има зеленило комплетно сочуван, да сфатиш што е паркче убаво, никој не моча зад секое дрво таму. Ѓубре на земјата не видов цели 2 саати, освен една цигара што гарант беше фрлена од некој од нашиве. Луѓето дури и на најмалата уличка кога нема возила не поминуваат на црвено и сите не гледаа на косо кога на враќање брзавме и моравме ние тоа да го напраиме. Нивото на чудењето на оние кои не видоа беше еднакво на она што секој во македонија би го имал ако види како со нога кршиш клупа пред сите. Убав град стварно, само проблемот е што повеќе сфатив колку е дебилен нашиов град и срање нашава нација, отколку другото. Земавме и за пиење нешто, цените беа доста поефтини од Прага, зборам разумно и нормално ефтини за наши стандарди. И повторно ради дебилната организација на дебилната агенција, се вративме во 9 саат во хотелот, а доле ни кажаа да бидеме у 10, па немавме време за јадење, бањање и пиење, па моравме да го откажеме првото. Мавнавме голем дел од тоа што го имавме за пиење и спремни за дискотека. На пат сфаќаш дека Прага ноќе е уште попреварантска од дење. Црнци макроа ти нудат бесплатен влез за "еротски танц" од курви, наркомани уште повише ги има, а ако забегаш си наебал, не рачунај дека ќе се вратиш кај групата некад. За малце ќе ги изгубевме ја и другар ми дур бевме на мочање, што btw се плаќаше 10 круни (= околу 30 денари). Стигнавме до дискотеката наречена Temple. Внатре музиката топ, просторот огромен, танчарки полуголи на подиум играат, озвучување супер, голем избор за пиење на шанк, све супер. Си се опуштивме сите ко што треба и си викаме топ ќе биде сеа, незаборавна вечер. Али полека-полека доаѓаш до сознание дека единствениоте женски во дискотеката се оние кои се од наше школо дојдени, а дека бројот на мажите се повеќе и повеќе расте. И кога сфативме дека сме опкружени со мажи кои се гушкаат цело време, тогаш дојдовме до шокантно откритие: СЕ НАОЃАМЕ У ГЕЈ КЛУБ !!! ПЕДЕРИ НАСЕГДЕ !! Другар еден дури видел у веце црнец као му го пуши на друг црнец. Кој пад и демотивација го добиваш кога го сфаќаш тоа. А не сум хомофобичен човек, стварно не сум, ме заболе за педерине нека се ебат у гз само даље од мене. Али кое шубе те фаќа кога околу тебе има набилдани белци у рамбовки и црнци шо пробуваат да се у чекор со модата, страв ти е да играш да не те здрапа некој за гз, додека на женските им е гајле, лесно им е што знаат дека никој нема да ги замара цела вечер. Врвот беше кога видовме травестит со бела афро фризура као игра со црнци некои. Офф србинке кај си ми сеа да ми се појавиш магично, би те однел кај сакаш моме убаво... така се осеќав у моментот на реализацијата кај се наоѓам. Вечерта истрауматизирани си дојдовме до хотелот сите, допивме тоа што остана, згора на се и се разболев па болен се враќав накај дома. Па еве сеа ќе резимирам све:
Прага е преварантски град, исполнет од крадци кои на вешт начин те крадат у секоја смисла на зборот. Не идете у Прага, поготово не со агенција како Балкан Турс или како и да се викаше, ќе се заебете на велико. Чувајте си ги парите, или барем со тие пари што ќе ги дадете на тоа купете си нешто убаво, нема да пропуштите многу. Да знаев како ќе си поминам никад немаше да ги дадам париве на тоа.
Еби се Прага!
Еби се Балкан Турс!
Еби се Temple Club и педерите у него!
Нема да ја заборавам екскурзијава никад, но за жал поради тоа што се каам што уопште отидов. Кај и да живееш, колку и да си ги клетиш сограѓаните и начинот на живеење на луѓето тука, дома си е дома брате...